На Академијата за дигитален маркетинг студентите постојано работат на реални проекти за реални клиенти, и на тој начин се стекнуваат со најбараните техники и вештини на 21-от век.

Под менторство на нашиот инструктор Ива Дујак, студентите со максимална посветеност и многу труд, работеа на реален проект за клиентот REDI.

Нивната задача беше да креираат Content Marketing стратегија и на креативен начин да се испромовира REDI – Shutka Mall, а воедно да се подигне свеста за поддршка на Ромските претприемачи.

Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на Мартина Мајсторовиќ.

 

Во продолжение, си поразговаравме со Мартина за нејзиното искуство на овој реален проект

 

 

Здраво Мартина! Што ќе ни раскажеш за себе?

Здраво дечки! Во кратки црти – дипломиран преведувач по англиски и германски јазик кој отсекогаш го занимале навидум неповрзани интереси: пишување, психологија и tech. 

Кога разбрав дека дигиталниот маркетинг е она што го поврзува сето тоа ‒ завршив курс на една друга академија, се вработив како Digital Communications Specialist ‒ и денес го работам она во што навистина уживам.

Тоа ми дава уште поголем boost да се усовршам што повеќе, и така се запишав на Академијата за Дигитален Маркетинг на Бреинстер.

 

Ти си една од нашите студенти кои покажаа одлични перформанси на Академијата и имаа можност да работат на креативни и интересни проекти. Најпрво, како си поминуваш на Академијата?

Искуството е одлично. Супер е што се работи на реални проекти – што не е случај на сите академии. Имаме контакт со клиенти, успешни ментори и маркетинг професионалци, што е голем бонус за networking можности.  

 

Раскажи ни нешто повеќе за овој проект? Што беше целта?

Целта беше да се испромовира REDI Mall – молот во Шутка, а воедно да се подигне свеста за поддршка на Ромските претприемачи.

Нашата задача беше да се направи Content Marketing стратегија заедно со анализа на брендот, анализа на конкуренцијата, buyer персоните, комуникациските цели и медиумите на кои ќе се спроведува комуникацијата.

Базирано на оваа анализа, потоа требаше да изработиме месечен план на содржини со конкретни визуелни и пишани решенија.

 

 

Од каде ја црпеше инспирацијата и како се одвиваше целата соработка со клиентот?

Инспирацијата дојде од книгата „Градот на болката” од српско-ромскиот писател Мети Камбери, кој ја има напишано на свои 19 години. Преку книгава, Мети ни дозволи да ѕирнеме во светот на Ромската Заедница и нивните аспирации. Ете и препорака за книга за летово. 🙂

Клиентот нè информираше за целта на оваа кампања, и даде одговор на сите наши прашања. На нас остана да најдеме начин како да ја оствариме неговата цел.

 

Што би ни раскажала за атмосферата и чувството да се работи на еден ваков проект? 

Секој проект е приказна за себе, но што е заедничко за сите е напливот на идеи кои почнуваат да навираат по брифингот со клиентот – за кои не ни знаеш дека ги имаш.

 

И за крај, колку си задоволна од целиот овој процес на работа, како и работата на реални проекти со кои оставате импакт на целото општество?

Максимално! Целокупното искуство што го стекнувам е навистина големо, а тоа го кажувам како некој кој и претходно поминал академија за дигитален маркетинг и веќе работи во областа.

Дури откако почнуваш со работа на реални проекти од различни индустрии, сфаќаш дека маркетингот не е one-size-fits-all. Одлично е чувството кога после доста труд и работа, клиентот ќе ја разбере твојата визија, а ти имаш можност да оставиш поширок импакт врз општеството.

 

Доколку сакаш да си дел од Digital Marketing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата тука.

На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

 

AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI!