Запознај го Христијан Митров – креативна и посветена личност, а воедно и наш студент на Академијата за дигитален маркетинг.

Непосредно, пред комплетирање на програмата, тој започна да работи како Sales Development Representative во компанијата Growth Era и да ги практикува сите стекнати знаења и вештини од Академијата.

 

Си поразговаравме повеќе со Христијан за неговото кариерно патување

 

Здраво Христијан! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за дигитален маркетинг те познаваме, но што би споделил за останатите?

Здраво на сите! Јас сум Христијан, имам 25 години и сум студент на Академијата за дигитален маркетинг. Во моментов работам како SDR (Sales Development Representative), а во слободно време уживам во добра музика, читање книги на теми како психологија и филозофија. 

 

Зошто баш дигитален маркетинг?

Откога знам за себе ме интересираат кариери коишто го поттикнуваат креативното размислување и изразување, а дигиталниот маркетинг за мене го претставува токму тоа, а дополнително бара од нас да бидеме оригинални и да размислуваме надвор од кутијата со цел да најдеме решенија за секој предизвик. 

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за дигитален маркетинг. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Академијата за дигитален маркетинг, дефинитивно ги надмина сите мои очекувања и се стекнав со огромно знаење благодарение на посветениот наставен кадар составен од експерти во својата област. Постојано, ние студентите, имавме кому да се обратиме за секој предизвик, и имавме активно следење на нашиот напредок од страна на инструкторите. Би се вратил на самиот почеток за повторно да уживам во целиот интерактивен процес на учење и дружење. 

 

Какво е твоето искуство како студент? Кој е најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Сум немал и немам некои специфични предизвици. Единствено можам да кажам дека излегов од зоната на комфорот и научив како длабоко да навлезам во процесот на учење детали кои претходно не сум ни знаел дека постојат во самиот маркетинг. 

 

Кој модул ти е најинтересен и зошто?

Social Media Marketing со инструкторот Марко Ивановски. Имав прилика на лице место да ја воочам моќта и брзината на социјалните мрежи кога станува збор за outreach & lead generation. 

 

Уште пред да ја завршиш Академијата за дигитален маркетинг започна да ја градиш својата кариера како Sales Development Representative (SDR) во компанијата GrowthEra. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

Моето одлично познавање на англиски јазик заедно со знаењето коешто го стекнав на Академијата, ми помогнаа да се вклопам во брзо-растечка индустрија поврзана со самиот маркетинг. Научив подобро да управувам со социјалните мрежи, да го разберам нивниот целосен потенцијален придонес за секој бизнис. 

 

Што се очекува од тебе на работното место? Кои би биле твоите задачи и обврски?

Мојата задача е работење на проекти кои се одвиваат во вистинско време, анализа на резултати, создавање маркетинг стратегии, кампањи, како и SEO оптимизација на веб-страници.

 

И за крај, што би им препорачал на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на дигитален маркетинг?

Топло ви препорачувам да излезете од комфорната зона. Никогаш не е доцна да научите нова вештина којашто ќе ве донесе поблиску до вашата цел. Склопете ја вашата желба за успех со напорна работа и успешните резултати ќе станат неизбежни.

 

 

Со новата Brainster + Академија за дигитален маркетинг за 0 денари ти обезбедуваме дополнителни 20 курса кои ќе те издвојат од конкуренцијата во дигиталниот маркетинг.

 

Учи академија додека
студираш на факултет

Доделуваме стипендии до 1000€, за зголемување на вработливоста на студентите!