На Академијата за дигитален маркетинг студентите постојано работат на реални проекти за реални клиенти, и на тој начин се стекнуваат со најбараните техники и вештини на 21-от век.
Под менторство на нашите инструктори Давид Шојиќ и Вилијам Додевски, студентите со максимална посветеност и многу труд, работеа на реален проект за клиентот Игралиште.
Нивната задача беше да креираат Landing Page и на креативен начин да ја истакнат уникатноста на овој бренд.
Во оваа блог објава, ќе ја запознаете Елена Симеонова – студент на Академијата за дигитален маркетинг чие решение го зема победничкото место по презентацијата пред клиентот.
Во продолжение, си поразговаравме со Елена за нејзиното искуство на овој реален проект
Здраво Елена! Што ќе ни раскажеш за себе?
Здраво, јас сум Елена. Имам 25 години и сум дипломиран економист – департман маркетинг. За себе можам да кажам дека сум позитивна и љубопитна личност која е постојано во потрага по нови искуства и знаења. Во слободното време, се занимавам со физичка активност, како вежбање и фитнес.
Ти си еден од нашите студенти кои покажаа одлични перформанси на Академијата и имаа можност да работат на креативни и интересни проекти. Најпрво, како си поминуваш на Академијата?
На Aкадемијата си поминувам супер. Многу ми е мило што се одлучив да се запишам. Програмата е одлично организирана и досега се исполнети сите мои очекувања, а можам да кажам дека се и надминати. Најмногу ми се допаѓа тоа што за секој модул имаме можност да работиме на реален проект и тоа што го учиме да го примениме и во пракса.
Што беше вашата задача односно идејата зад проектот? Од каде ја црпевте инспирацијата и како се одвиваше целата соработка?
Задача за проектот ни беше да изработиме landing страна за Игралиште – винтиџ продавница. И претходно имав слушнато за оваа продавница и бев многу возбудена што ќе работам на овој проект затоа што се навистина уникатни. Инспирацијата ја црпев од самиот клиент, односно Игралиште, нивниот инстаграм профил и самата продавница. Целта ми беше на некој начин да го пренесам нивниот vibe во оваа landing страница. За време на изработката на проектот имав целосна поддршка од инструкторите, а нивните совети и идеи ми помогнаа да ја подобрам самата landing страница.
Што би ни раскажала за атмосферата и чувството да се работи на еден ваков проект?
Искрено кога ја добивме задачата да ја изработиме оваа landing страница не знаев од каде да почнам. Но, кога почнав да работам на самиот проект идеите си доаѓаа сами по себе. Иако имав чувство дека сум работела само половина час, всушност поминало многу повеќе време, а не сум ни забележала. Низ креативниот процес постојано правев промени во елементите на landing страницата, за на крај да дојдам до краен резултат што сметав дека ќе биде привлечен за клиентот и нивната целна група.
И за крај, колку си задоволна од целиот овој процес на работа, како и работата на реални проекти со кои оставаш импакт на целото општество?
Преку работата на реални проекти се сретнав со различни предизвици и научив како да ги надминам со креативни решенија. Одлично се забавував работејќи на овие проекти и уживав во текот на целата Академија. Ова искуство придонесе многу за мојот личен развој.
Доколку сакаш да си дел од Digital Marketing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата тука.
На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.
Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!