Денес, полето на дигитален маркетинг се развива многу брзо, а практичното искуство е клучот за совладување на уметноста за online промоција на брендот.
На Академијата за дигитален маркетинг теоријата се среќава со праксата, а студентите тргнуваат на трансформативно патување за учење.
Под менторство на нашите инструктори Давид Шојиќ и Вилијам Додевски, со непоколеблива посветеност и голем ентузијазам, студентите работеа на реален проект за реален клиент.
Нивната задача беше да направат Landing Page за клиентот Извор и да ја истакнат уникатноста на оваа организација.
Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на Елена Колега.
Во продолжение, си поразговаравме со Елена за нејзиното искуство на овој реален проект

Здраво Елена! Што ќе ни раскажеш за себе?
Здраво, здраво. Јас сум Елена и имам 34 години. По професија сум дипломиран графички дизајнер и сертифициран Adobe експерт кој реши да го зголеми своето знаење и искуство, па така се одлучив за Академијата за дигитален маркетинг. Обожавам да патувам, додека во слободно време преферирам да поминувам квалитетно време со моето семејство и да цртам мандали.
Ти си една од нашите студентки кои покажаа одлични перформанси на Академијата и имаа можност да работат на креативни и интересни проекти. Најпрво, како си поминуваш на Академијата?
Забавно. Иако некогаш поради секојдневните обврски може да биде малку напорно, знањето кое го добивам, дружбата и поддршката од останатите колеги, семејството и одличните инструктори прават со задоволство да ја следам Академијата и постојано да се надградувам.
Раскажи ни нешто повеќе за овој проект? Што беше целта?
Целта на овој проект беше да се креира лендинг страница за Здружението за заштита и развој на руралните средини „Извор“ – Кичево, односно да се покрене интеракцијата на нивниот проект Reality Check. Лендинг страницата претставува едно безбедно катче каде младите во Кичево, околината и пошироко, ќе можат слободно да ги искажуваат своите ставови, мислења и фрустрации без страв од осуда и последици. Крајната цел е да се охрабри слободата на говор, да поттикнеме општествени промени, а со тоа младите да бидат мотивирани да се борат и останат во државата.

Од каде ја црпеше инспирацијата?
Главна инспирација ми е желбата за промена на политичката и економската состојба во нашата држава, а најмногу, љубовта кон нашата иднина, односно младите. Може да се каже дека инспирација црпев и од мојот бунтовнички карактер, кој едвај чекаше можност да се изрази на ова ниво.
Што би ни раскажала за чувството да се работи на еден ваков проект?
Пред сè, чувството е радост и надеж бидејќи, сепак, се прави чекор кон подобра иднина. Како уметник, визуелната експресија ми е омилен јазик, а ова беше задача која емотивно го извади најдоброто од мене, па оттаму произлезе и custom дизајнот.
И за крај, колку си задоволна од целиот овој процес на работа, како и работата на реални проекти со кои оставате импакт на целото општество?
Искрено, честа е голема секогаш кога се има можност да се работи на проекти кои суштински се важни за каков било напредок на државата и нè предизвикуваат подлабоко да размислуваме. За процесот, можам само да кажам дека е превозбудлив и лесен кога работиш нешто што вистински го сакаш.
На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.
Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
