Запознај ја Мила Мишовска – студент на Академијата за дигитален маркетинг, креативна и дружељубива личност која е секогаш спремна за нови предизвици.
Иако е сè уште наш студент, Мила започна на практикантска позиција како дигитален маркетер во адвокатската канцеларија – Law Office Aleksov & Memishi.
Си поразговаравме повеќе со Мила за нејзиното кариерно патување
Здраво, здраво! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за дигитален маркетинг те познаваме, но што би споделилa за останатите?
Здраво! Јас сум Мила, студент од Академијата за дигитален маркетинг на Brainster. Себеси би се опишала како креативна, иновативна и дружељубива личност. Секогаш сум отворена за нови предизвици, нови идеи, како и учење на нови работи. Креативноста што ја носам во себе успевам многу лесно да ја пренесам преку дигиталниот маркетинг и можноста да бидам комплетно своја.
Зошто баш дигитален маркетинг?
Отсекогаш сакав да бидам content creator. Ќе го паметам моментот кога се одлучив да го напуштам мојот факултет и да го следам своето срце, а тоа е да започнам со учење на нешто што навистина го сакам. Дигиталниот маркетинг ми овозможи да ја изразам својата креативност, но и својата желба за иновација.
Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за дигитален маркетинг. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?
Уште од првиот meeting во просториите на Brainster, а воедно и првиот час со Ива Дујак, јас бев повеќе од фасцинирана од пријателскиот односот и професионалноста со која се запознав. Топло ги охрабрувам сите коишто очекуваат некој знак за промена на кариера конечно да започнат да го прават тоа што навистина го сакаат, this is it!
Какво е твоето искуство како студент? Кој е најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?
Јас навистина имам преубаво искуство и со нашите пофесори, но и со можноста да се дружам и соработувам со моите колеги. Најголемиот предизвик ми беше да започнам јавно да ги искажувам моите ставови и идеи, да започнам да ја изразувам мојата креативност без страв од тоа дека ќе бидам осудена. Сѐ уште паметам дека на првиот час ни беше кажано „Не постои погрешен одговор, бидете свои и слободно изразувајте се!“
Кој модул ти беше најинтересен и зошто?
Најинтересен модул ми беше креирањето на маркетинг стратегија за реален клиент, бидејќи ни беше овозможено да имаме brief со клиент, да соработуваме како група, да ги развиеме нашите идеи, и да увидиме дека крајниот продукт беше одличен.
Сè уште си студент на Академијата за дигитален маркетинг, а веќе започна да ја градиш својата кариера како дигитален маркетер во компанијата Law Office Aleksov & Memishi. Каков беше процесот за да стигнеш дотука?
Најпрво ги следев сите предавања, ги извршував домашните задачи и можам да кажам дека посветував време понекогаш и надвор од оние три часа што ги имавме неделно. Дигиталниот маркетинг сам по себе бара да бидеме отворени за учење и за нови идеи, светот секојдневно оди напред, а со тоа и дигитализацијата, затоа секој ден е можност да се научи нешто плус. Нека не ве плаши учењето бидејќи на крајот на денот тоа е нешто што го носиме со себе и никој не може да ни го одземе. Доколку сте посветени и одговорни позитивниот исход е неминовен.
Што се очекува од тебе на работното место како еден млад дигитален маркетер? Кои би биле твоите задачи и обврски?
Од мене како еден млад дигитален маркетер пред сѐ, се очекува да бидам секогаш отворена за учење на нови нешта, да бидам одговорна и во целост посветена на она што го правам. Бидејќи јас си ја сакам професијата можам да потврдам дека во целост ќе бидам посветена на истата и дека во секое време ќе го давам максимумот за да добиеме што е можно подобар исход.
И за крај, што би им препорачала на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на дигитален маркетинг?
Сѐ што би им препорачала на идните студенти е да бидат свои, да ги следат активно предавањата и дека за сѐ што ќе им треба тука се сите професори коишто се отворени за помош. Навистина се сретнав со многу пријатна околина и учев нови работи без да се чувствувам дека „учам”. Дигиталниот маркетинг е одличен за сите оние коишто сакаат иновативност, креативност и оние коишто се отворени за различни мислења, бидејќи различностите нѐ прават посебни, а кога ќе направиме комбинација од креативност и различност се создаваат чуда.
Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек!
На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.
Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!