Запознај го Владимир Младеновски – алумни студент на Академијата за дигитален маркетинг, кој покажа одлични перформанси за време на предавањата и не ја пропушти можноста да учествува на реалните проекти.

Неговата посветеност и дисциплина, резултираа со ново работно место како дигитален маркетинг координатор во компанијата Вивакс.

 

Во продолжение, си поразговаравме со Владимир за неговото искуство

 

Здраво, здраво! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за дигитален маркетинг те познаваме, но што би споделил за останатите?

Здраво дечки, јас сум Владимир, алумни студент на Академијата за дигитален маркетинг на Бреинстер. За мене можам да кажам дека, пред сѐ, сум храбар, упорен и креативен маркетер. Чест ми е што имам прилика да ви укажам на бенефитите од маркетингот во денешницата, како и да ја раскажам мојата успешна приказна заедно со Бреинстер заедницата.

 

Зошто баш дигитален маркетинг?

Дигиталниот маркетинг даде голем придонес во сферата на дигитализацијата на голем број компании. Самиот поим означува сегмент без кој ниедна компанија не може да функционира, област која секој ден се менува и постојано нѐ учи нови работи и непрекинато развива идеи и алатки. Маркетингот нѐ поврзува и нѐ држи во константна врска со сите сектори. Сите овие работи се само дел од добрата причина зошто баш дигитален маркетинг.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за дигитален маркетинг. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Чекорот за почетокот на Академијата за дигитален маркетинг се покажа како одличен и паметен потег. Самата Академија низ целиот процес ме научи на доста нови работи и работи кои потекнуваат од маркетингот, а дотогаш не сум ги ни знаел. Со тоа се надминаа и моите очекувања како студент. Голема огранизациска способност од страна на Бреинстер, како и огромната професионалност и големото искуство кај нашите предавачи и ментори, што дополнително пријатно ме изненадија, а воедно тоа ме поттикна да учам и да се надградувам како маркетер. Се надевам дека и јас еден ден ќе бидам дел од инструкторите на Бреинстер бидејќи би сакал да го споделам моето знаење и искуство со учениците и со тоа да ги мотивирам да се борат и учат.

 

Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Искуството како студент беше одлично, благодарение на модулите и работите кои ги изучувавме, но, и да не заборавам на вистинските искуства и проекти на кои добивме прилика да работиме и да се докажеме во областа на дигиталниот маркетинг. Како најголем предизвик дефинитивно беше проектот за маркетинг стратегија која беше наменет за винарија која планираше да влезе на македонскиот пазар. Проектот се покажа како одлично решение за компанијата каде мојата група беше одбрана за победничка.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Сите модули се интересни на свој начин, но како најинтересен и на некој начин омилен ми беше Social Media Ads и Мarketing Strategy. Меѓутоа, ќе напоменам секоја сфера од маркетингот е важна и на свој начин корисна.

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за дигитален маркетинг започна да ја градиш својата кариера како дигитален маркетинг координатор во компанијата Вивакс. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

По завршувањето на Академијата за дигитален маркетинг, започнав да ја развивам и градам мојата карирера како дигитален маркетинг координатор во компанијата Вивакс. Процесот беше долг и поделен на неколку сегменти за интервју и квалификација, каде што благодарение на моите амбиции, креативност и знаење успеав да надминам сѐ и успешно да ја започнам мојата приказна во маркетинг кариерата како најмлад член во компанијата.

 

Што се очекува од тебе на работното место како еден млад дигитален маркетер? Кои би биле твоите задачи и обврски?

Очекувањата се големи, бидејќи тоа доаѓа и со долгогодишниот успех и сериозноста на самата компанија. Голема благодарност на дадената прилика да се покажам и докажам дека сум голем потенцијал и дека можам до придонесам за доброто и растот на копанијата. Како млад дигитален маркетер, инволвиран сум во голем дел од работите во компанијата, почнувајќи од: лансирање нов производ, маркетинг стратегија, кампањи, комуникациски планови, брендирање, прзентирање на брендот, како и многу други работи кои се дел од маркетингот. Сето ова е голем предизвик, но јас верувам во мене и во моите способности.

 

И за крај, што би им препорачал на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на дигитален маркетинг?

Дечки, инвестирајте во себе, развивајте се и работете на она што го сакате бидејќи нема ништо поубаво од тоа да си исполнет со работата за која сонуваш и искуството кое го стекнуваш на работа. Само едно нешто ќе ви кажам за крај, верувајте во себе и секогаш одете чекор напред, бидејќи сами си ја кроиме кариерата на долг план.

 

Доколку сакаш да си дел од Digital Marketing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2023 година, дознај повеќе за Академијата тука.

На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!