Во оваа блог објава, ќе можеш да се запознаеш со Мила Павловска, алумни студент на Академијата за дигитален маркетинг, како и дигитален маркетер во маркетинг тимот на Brainster & Brainster Next College.
„Мојот совет за секој иден маркетер е да биде љубопитен, да има желба за учење и постојано да се стреми кон постигнување на нешто повеќе. И, секако, да ја одбере околината многу внимателно. Опкружи се со луѓе со кои имаш исти цели и искусни луѓе на коишто нема да им претставува проблем да го споделат целото свое знаење и да растете заедно“, вели таа.
Мила е личност на која креативноста и окото за детали и се едни од појаките страни и е задолжена за креирање и управување со контентот за Brainster Next College, првиот практичен ИТ-факултет во Македонија.
Во продолжение, си поразговаравме со Мила Павловска како изгледа еден ден во животот на дигитален маркетер
Зошто се одлучи да бидеш дигитален маркетер? Што те привлече кај оваа професија?
Уште како мала сите мои хобиња беа поврзани со креативност. Изработував накит од монистри, пишував текстови на најразлични теми, цртав, боев, украсував. Се сеќавам дека тогаш сите ми велеа дека сум креативна и дека кога ќе пораснам би требало да работам некоја креативна професија, но тогаш не ни бев свесна за креативноста во мене. Отсекогаш сум го добивала тој коментар, но само од моите родители или блиски пријатели. Сето тоа се смени кога при крајот на студиите се запишав на Академијата за дигитален маркетинг во Brainster. Почнав да добивам пофалби и добри критики од страна на професионалци во областа и тогаш ми стана јасно дека ја имам пронајдено вистинската креативната професија за мене.
Кои алатки и софтвери ги користиш во секојдневното работење?
Воглавно најмногу го користам WordPress за пишување на блог постовите на блогот на Brainster Next College – Медија. Понатаму се служам и со Google Analytics со што добивам разни податоци за претходните блог постови кои ги користам со цел да смислам и креирам нов контент којшто исто така добро ќе перформира и ќе биде читан од публиката. Секако, тука морам да го споменам и ChatGPT за кој сметам дека секој човек треба да почне да го користи и на професионално и на лично поле. Но, секако, кога станува збор барем за креативниот дел, мора да се направат и сопствени модификации за да се креира целокупна магија.
Колку е важна соработката на дигиталниот маркетер со другите тимови?
Како што рекол Richard Branson: “The most impactful marketing campaigns are not solo performances, but symphonies orchestrated through seamless collaboration between marketing and other teams”. Тимската соработка е компасот што нè води од различни индивидуални идеи до обединет успех. Еден маркетер, па дури и цел маркетинг тим е еден дел од компанијата. Секој од тимовите помага во одржување на компанијата како целина.
Раскажи ни како изгледа еден ден во животот на дигитален маркетер?
Верувам дека во секоја дигитална професија, не може еден ден да биде ист. Па така е и во маркетингот. Секој нареден ден е исполнет со нови предизвици, нови лекции научени и нови успеси. Она што се повторува одреден ден од неделата се тимските и индивидуалните состаноци кои се клучни за организирање, решавање на проблеми и креирање на пат за остатокот од времето секој да го вложи својот максимумот. Потоа, истражувам, пишувам блог постови, мејлови, ги водам социјалните медиуми на првиот практичен ИТ-факултет во Македонија, Brainster Next College и смислувам нови идеи за контент.
Што те инспирира?
Инспирацијата е секаде околу нас, само треба да и обрнеме малку внимание. Се инспирирам буквално од сè. Некогаш тоа е за време на работата преку комуникација со колеги, истражување што прават светските гиганти и читање на статии од добро познатите магазини како Harvard Business Review, а секако и по некој разговор и собирање идеи од ChatGPT. А, некогаш инспирацијата ми доаѓа буквално од моменти и кога не мислам на работа. При читање на книга, прошетка, боење, редење слагалици, вежбање, па дури и при раскажување приказни на моите внуци.
Дигиталниот маркетинг е креативна професија со простор за слободно изразување. Но, понекогаш е нормално да се има креативна блокада. Како се справуваш со тоа?
Е сега, во спротивната ситуација од претходниот одговор, има ситуации кога не ме инспирира ама баш ништо. И тоа е моментот кога знам дека ми треба одмор од работата. Во вакви професии е сосема нормално да се случи креативна блокада, а најдобриот совет што можам да го дадам при вакви ситуации е да се тргнеш од екранот. Некогаш се случувало да се форсирам и да работам сè додека не ми дојде добра идеја, но практиката покажала дека тоа само ја влошува ситуацијата. Прошетка, кафе, музика е мојот лек за креативниот блок.
И за крај, твојот совет за сите идни дигитални маркетери?
Ова е сфера во која можеш многу да напредуваш. Се сеќавам на моите почетоци и правам споредба на моите знаења и вештини сè до ден денес, после речиси 2 години. Самодовербата што ја осеќам и знаењето што го имам ги постигнав на еден начин и токму тоа е мојот совет за секој иден маркетер. Љубопитство, желба за учење и постојано стремење кон постигнување на нешто повеќе. И, секако, одбери си ја околината многу внимателно. Опкружи се со луѓе со кои имаш исти цели и искусни луѓе на коишто нема да им претставува проблем да го споделат целото свое знаење и да растете заедно.
Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!
На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!
