Шест месеци исполнети со максимална посветеност, многу задачи, предавања, реални проекти и вежби поминаа многу брзо за студентите од Академијата за дигитален маркетинг. 

Со цел да ја комплетираат програмата, студентите од Академијата за дигитален маркетинг имаа задача да ги изработат своите завршни проекти и да изградат дигитални маркетинг стратегии.

Под менторство на нашите инструктори Ива Дујак, Марко Ивановски и Златко Матески, тие со максимална посветеност и многу труд работеа на реален проект за клиентот Дента ЕС.

Во оваа блог објава, ќе ја запознаете Катерина Павлова – студент на Академијата за дигитален маркетинг чија маркетинг стратегија го зема победничкото место по презентацијата пред клиентот.

 

 

За задоволството од соработката, управителот и сопственик на ПЗУ Дента ЕС, спец. м-р д-р Слободан Ѓеоргиев ни сподели:

Да бидам искрен, проектите од студентите и соработката со Бреинстер беше одлична. Студентите многу сериозно ја сфатија својата задача и сите одлично си ја завршија својата финална презентација. Тежок беше изборот на победничко решение бидејќи сите имаа одлични и креативни идеи, имаа конструкција на работа којашто се гледа дека е добро пренесена од менторите. Голема пофалба до оваа Академија бидејќи ги учи студентите на повеќе вештини кои ќе им се потребни во работата. На крајот, победничкото решение за Дента ЕС беше презентацијата на Катерина Павлова. Во нејзините документи се читаше и чувствуваше систематичност, професионалност, посветеност и длабока анализа за клиентот (Дента ЕС). Со Катерина имавме неколку состаноци и на крај одлучивме да соработуваме.

 

 

Си поразговаравме со Катерина за нејзината маркетинг стратегија и искуството на Академијата за дигитален маркетинг

 

Здраво Катерина! Ние на Академијата за дигитален маркетинг те познаваме, но што би раскажала за останатите?

Здраво! Јас сум Катерина и имам 25 години. Имам дипломирано на Економски факултет – департман маркетинг. За себе можам да кажам дека сум дружељубива, позитивна и секогаш спремна за нови предизвици. 

 

Раскажи ни повеќе за твојот завршен проект, како и целиот процес на креирање дигитална маркетинг стратегија?

Завршниот проект беше голем предизвик. Имавме рок од две недели, а од нас се бараше да направиме маркетинг стратегија за поликлиниката Дента ЕС,  имплементирајќи ги сите модули што ги изучивме на Академијата. Дополнително, имавме 3 менторски сесии на кои менторите постојано ни даваа насоки за разработка на завршниот проект. И на крајот, финалната презентација на која го браневме проектот пред клиентот. 

 

Што беше потребно да се истражи и да се дознае, пред да започнеш да работиш на овој проект?

Голем број на информации имавме во брифот, но имаше и други што требаше да се истражат дополнително. За каква компанија станува збор, со што се занимава, кои услуги ги нуди, целната публика, конкуренцијата, да направиме една слика и подобро да се запознаеме со самиот бренд.

 

Кои беа твоите задачи и раскажи ни повеќе за нив?

Моите задачи беа да смислам креативно решение за Дента ЕС, односно дигитална маркетинг стратегија за компанијата. Од поставување на SMART цели, креирање на годишен Content Outline, изработка на мокап постови за Facebook и Instagram, мокапи на display и search ads, разработка на E-mail стратегијата, SEO Audit, како и Social media marketing и предлог за буџетирање.

 

 

Како се одвиваше целата соработка со клиентот и дали успеа да ги исполниш барањата во одредените рокови?

Соработката се одвиваше многу добро. Имавме брифинг сесија со клиентот, кој детално ни раскажа која е нивната цел и што очекува од нас. Додека соработката со менторите беше одлична, постојано бевме во комуникација и нивниот фидбек ми беше од голема помош за успешно завршувње на проектот.  

 

Од каде ја црпеше инспирацијата за твоето решение да биде победничко?

Инспирација ми беше самата Академија и сите работи што ги научив од менторите и нивната посветеност.

 

И за крај, честитки за успешно сработениот проект и новостекнатите вештини. Кој е твојот совет до сите оние кои сакаат да започнат кариера како дигитални маркетери?

Ви благодарам! Би ги охрабрила да го направат тој чекор и да се впуштат во предизвикот бидејќи дигиталниот маркетинг е навистина креативна професија, нуди флексибилност, постојано се развива и е во тек со трендовите. Одлична можност за оние кои сакаат да се надградуваат и да учат нови работи. 

 

Доколку сакаш да си дел од Digital Marketing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2023 година, дознај повеќе за Академијата тука.

На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!