Дигиталниот маркетинг и бренд стратегијата се столб на модерниот деловен успех. Уметноста на создавање привлечна слика и глас на брендот, заедно со стратешките дигитални кампањи, освен што ќе ја засилат видливоста на брендот, поттикнуваат и лојалност кај клиентите.

Со таа цел, студентите на Академијата за дигитален маркетинг постојано работат на реални проекти за реални клиенти, каде што ги користат сите новостекнати знаења и вештини од областа на дигиталниот маркетинг.

Последниот проект на кој тие работеа беше креирање на бренд стратегија за клиентот Impala Research, односно имаа задача да ги претстават можностите на невромаркетингот и да ја зголемат свесноста за постоењето на ваква алатка.

Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на тимот составен од членовите: Голуба Ристоска, Крсте Манев, Глигорие Ќатоски и Елена Колега.

 

Во продолжение си поразговаравме со победничкиот тим

 

 

Здраво тим! Вие сте едни од најактивните студенти на Академијата за дигитален маркетинг, кои покажаа голема заинтересираност кон дигиталниот маркетинг и не ја пропуштија можноста да учествуваат на проектите. Што би ни кажале за себе? 

Голуба Ристоскa: Љубопитна и креативна, со силна желба за постојано учење. Сакам секој предизвик да го искористам како можност за лично и професионално надградување.

Крсте Манев: Упорен, детален, посветен и тимски ориентиран. На Академијата моите досегашни знаења и искуства од маркетингот сакам да ги надградам и подигнам на едно ново повисоко ниво. 

Глигорие Ќатоски: Работам како адвокат, па тоа со себе носи обврска да внимавам на детали, да бидам одговорен, упорен и дисциплиниран. Се запишав на Академијата бидејќи сакам да работам на развивање на креативноста, комуникативен сум, сакам да запознавам нови луѓе и да учам нови работи. Лесно можам да се вклопам во тимска работа и всушност преферирам да работам во тим, но доколку е потребно умеам да преземам и лидерски одговорности.

Елена Колега: Дека сум амбициозна и креативна личност, но и многу опуштена и друштвена. Секогаш и викам добредојде на можноста да запознавам и работам со нови луѓе. Работата во тим е секогаш позабавна. Обожавам СÈ што ме предизвикува и вади од комфорна зона.

 

Како дел од Академијата за дигитален маркетинг, имавте задача да изработите проект за Impala. Како работата на реален проект за реален клиент ви помогна да ги развиете своите вештини? 

Проектот беше доста предизвикувачки и ја поттикна мотивацијата кај секој еден од нас, а со тимската работа ја постигнавме посакуваната цел, да сработиме најдобро што можеме. Постојаната комуникација ни беше поддршка во надминувањето на потешкотиите при целиот процес. Во овој проект се сретнавме со нешто сосем ново за сите нас.

 

Раскажете ни повеќе за овој проект и идејата зад него? 

Идејата беше да се претстават можностите на невромаркетнигот и да се зголеми свесноста за постоењето на ваква алатка. После брифингот имавме јасна слика за пораката која требаше да биде пренесена, но за да успееме да ја реализираме задачата целосно, потребно беше прво детално да се запознаеме со сè поврзано со оваа сфера, да ја разбереме потребата, бенефитите и исходот од користење на ваква алатка.

 

Како се одвиваше целиот процес? Која беше целта што требаше да ја постигнете? 

Гледајќи од овој момент, целиот процес беше уживање за тимот, независно од тоа што беше доста динамичен и исцрпувачки. Со секојдневна комуникација и координација успеавме да ги надминеме сите предивици кои ни се појавија на патот кон финалното решение. Impala имаа јасна визија, а нашата задача беше да ја претвориме во реалност преку развивање на успешна дигитална маркетинг стратегија за брендот.

 

 

Кои беа вашите задачи при креирање на оваа маркетинг стратегија? 

Нашата задача беше да дефинираме конкретна мисија и визија, детално да го анализираме пазарот и конкуренцијата, да ги утврдиме предностите и слабостите на брендот во однос на конкуренцијата и да одредиме насока во која ќе се развива брендот, со поставување на конкретни цели. Дополнително изработивме сегментација на целна публика, проследена со креирање на специфични buyer персони за секоја целна група. Направивме детална анализа на бренд идентитет со конкретни предлози за подобрување. Ги дефиниравме комуникациските канали и предложивме активности според АИДА моделот (инка), вкучувајќи специфични предлози за кампањи, како и месечен распоред со објави за социјални медиуми со copy и дизајн.

 

Какво беше чувството да работите на еден ваков проект? 

Чувството беше возбудливо. Откривавме и учевме нови работи со секоја задача, а покрај тоа ни даде шанса подобро да се запознаеме едни со други и да го дадеме најдоброто од себе. Благодарни сме што ја имавме можноста да работиме во тим во кој сите взаемно се надолопнувавме со своите знаења и вештини. Секој од секој научи по нешто што резултираше со одличен исход.

 

Дали се појавија одредени предизвици во текот на вашата работа? Како успеавте да ги надминете? 

Најголемиот предизвик беше тоа што тимот првпат се сретна со алатка од областа на невромаркетинг и задачата бараше детална анализа и запознавање со оваа сфера. Како што веќе кажавме, секојдневните состаноци, поддршката и мотивацијата која си ја дававме меѓусебно беше клучот за надминување на сите пропратни предизвици.

 

Што ве мотивираше да започнете да градите кариера во светот на дигиталниот маркетинг? 

Во оваа дигитална ера, дигиталниот маркетинг е клучен елемент за успешноста на секој бизнис и е област која нуди можности за креативна работа, постојано учење и надградување во различни насоки, што на крајот од денот не привлече сите нас.

 

И за крај, најважната лекција што ја научивте до сега од предавањата?

Голуба Ристоскa: Истражувај, посвети се максимално, никогаш не попуштај пред предизвиците и извади го најдоброто од себе.

Крсте Манев: Не постојат невозможни работи, можеби само треба да ги изодиме по потешкиот пат, но затоа на крајот успехот е посладок.

Глигорие Ќатоски: Нема глупави прашања, има глупави одговори.

Елена Колега: Не дозволувај стравот од непознатото да те блокира на твојот пат кон успехот.

 

 

Што ни раскажаа останатите студенти од Академијата за дигитален маркетинг за искуството на овој реален проект

 

Бојана Петковска: Здраво, Јас сум Бојана дипломиран инженер по воздушен сообраќај, За себе би кажала дека сум креативна личност, сакам да истражувам и секогаш да научам нешто ново. Процесот беше динамичен и колаборативен, вклучувајќи тесна координација со тимот на Impala. Започнавме со спроведување на темелна анализа на целниот пазар на Impala, конкурентите и трендовите во индустријата.

Нашата цел беше да ги идентификуваме клучните можности и да развиеме стратешки маркетинг пристап за да го максимизираме досегот и влијанието на Impala. Преку сеопфатно истражување на пазарот, сесии за бура на идеи и стратешко планирање, имавме за цел да создадеме патоказ кој ќе ја позиционира Impala како партнер за бизниси кои бараат услуги за истражување на невромаркетинг.

Снежана Андреева: Јас се викам Снежана и сум 24 годишна студентка на Филолошкиот факултет. Иако моето академско потекло можеби не е директно поврзано со дигиталниот маркетинг, отсекогаш сум бил фасцинирана од моќта на комуникацијата и влијанието што го има врз бизнисите.

Верувам во континуирано учење и личен раст, што ме наведе да се приклучам на Академијата за дигитален маркетинг во Brainster. Досега беше неверојатно патување, кое ми овозможи длабоко да нурнам во различни аспекти на дигиталниот маркетинг и да ја откријам мојата страст за тоа. Активно учествував во проекти, вклучувајќи го и проектот Impala, и со нетрпение ги прифатив предизвиците што тие ги нудеа.

Наталина Синдилиева: Здраво! Јас сум Наталина и имам 30 години. Завршив „-бизнис на економски факултет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и немав желба да продолжам мастер студии на истиот тој факултет. Лично се сметам дека сум креативна, комуникативна и позитивна личност, како и секогаш спремна за нови предизвици.

Најважната лекција што ја научив од предавањата е тоа дека никогаш не е доцна за отварање нови видици и насоки. Како што секој ден има новитет во сверата на дигиталниот маркетинг и секогаш мора да си во тек и тренди, тоа истото си го асоцирав и со начинот на живот. Односно дека сè се менува константно и сè се движи напред со „брзината на светлината“, а со сите тие промени мораме и ние да бидеме во константен прогрес и раст како на лично така и на кариерно ниво.



Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!

На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.