Студентите на Академијата за дигитален маркетинг постојано работат на реални проекти за реални клиенти, а со тоа имаат можност да ги искористат сите новостекнати знаења и вештини од областа на дигиталниот маркетинг во пракса.
Последниот проект на кој тие работеа беше креирање на бренд стратегија за клиентот Eco Food Concept.
Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на тимот составен од членовите: Ивана Сарамандов, Благица Ристова, Елена Зетова, Сара Симоновска, Теодора Додевска и Александра Пренџова.
Во продолжение си поразговаравме со победничкиот тим

Здраво тим! Вие сте едни од најактивните студенти на Академијата за дигитален маркетинг, кои покажаа голема заинтересираност кон дигиталниот маркетинг и не ја пропуштија можноста да учествуваат на проектите. Што би ни кажале за себе?
Ивана: За себе би кажала дека сум спој на љубопитен истражувач и дигитален ткајач на соништа.
Елена: Најчесто сум иницијатор и двигател за промени, организирана, доследна и одговорна личност, како на лично, така и на професионално поле.
Теодора: Позитивна, енергична, креативна и одговорна личност, секогаш желна за нови предизвици и знаења.
Благица: Немам граници за нови предизвици. Секогаш позитивна, креативна, одговорна и искрена личност.
Сара: Влегувајќи во дигиталниот свет, со помош на Академијата, излегувам од мојата комфорна зона, но сакам промена и тоа ми се допаѓа. Дигиталниот маркетинг бара креативност и иновација од мене секојдневно.
Александра: Hard-working, trust-worthy person, со око за убаво. 🙂
Како дел од Академијата за дигитален маркетинг, имавте задача да изработите проект за клиентот Eco Food Concept. Како работата на реален проект за реален клиент ви помогна да ги развиете своите вештини?
Ивана: Ова беше навистина предизвик за сите нас. Искрено на почетокот бевме малку исплашени, но инструкторот Виктор е генијалец во својата струка и кога имаш ментор покрај себе кој знае како да те насочи, тогаш сѐ е возможно.
Александра: Работата на реални проекти е “must“ на Академијата. Дава предизвик, максимална активност и учење, а и малку натпреварување.
Раскажете ни повеќе за овој проект и идејата зад него?
Ивана: Имавме за задача да изработиме маркетинг стратегија за Еко Фуд Концепт, нешто ново и непознато за нашиот пазар. Нивната цел е да доведат до финален продукт – храна за миленици која ќе доаѓа од остатоците на месната индустрија. Иновативен метод за кој кај нас малку се знае. Оттаму дојде и идејата за еколошки бренд кој се грижи за животната средина, како за животните така и за луѓето.

Како се одвиваше целиот процес? Која беше целта што требаше да ја постигнете?
Ивана: Искрено, склопувањето на целата маркетинг стратегија беше долг процес во кој максимално се вложивме сите. Како тим одлично функционираме и продолжуваме со исто темпо до крај на Академијата за дигитален маркетинг. Кога имаш тим што е силно мотивиран, тогаш целта не ја замислуваш, таа едноставно ти е блиску, на дофат.
Александра: За мене беше предизвик да се создаде маркетинг кампањата за брендот, односно на кој начин ние ќе ѝ пријдеме на таргет публиката, за нив интересен и привлечен. Секој од тимот имаше свој дел, а истотака беше интересен и делот да се создаде идеалниот купувач-или баер персоната и на база неа да се продолжи кон стратегијата за социјалните медиуми.
Кои беа вашите задачи при креирање на оваа маркетинг стратегија?
Ивана: Ќе пробам на кратко да ви објаснам. За да го стартуваме проектот, најпрво направивме обемно истражување за конкуренцијата во државата, верувајте тоа е и најважната работа пред да се започне било каква стратегија. Визијата и мисијата, како и логото и мотото на брендот си дојдоа сами по себе. По Smart методологијата и SWOT анализата си дојде и целосната маркетинг кампања, вклучувајќи ги овде и Buyer персоните. Проектот го завршивме со идеи за пакувања и постови на социјални мрежи како и АИДА моделот.
Какво беше чувството да работите на еден ваков проект?
Ивана: Сите ќе се сложиме дека беше вистинско задоволство да се држи диригентската палка во прекрасна симфонија. Секој момент додека работевме беше ново движење, исполнето со хармоничен спој на предизвици и достигнувања. На крај, остана само да се гордееме на нашето дело и да ни даде поттик за нови победи.
Александра: Беше „страшно“ да се презентира пред клиентот и пред инструкторот, но тоа беше само првите 2 минути. Потоа одеше сѐ супер. И секако, најголема благодарност до Виктор, чест е да го слушаме, извонреден инструктор!
Дали се појавија одредени предизвици во текот на вашата работа? Како успеавте да ги надминете?
Ивана: Предизвиците мора да ги има. Тие и го прават работењето во тим позабавно. Мотивираниот тим секогаш има решение во својот ракав за било каква потешкотија.
Што ве мотивираше да започнете да градите кариера во светот на дигиталниот маркетинг?
Ивана: Секој од нас е стручен во тоа што го работи, но видовме дека никогаш не е доцна да се пронајдеш во нешто друго, нешто ново што нема лимит на имагинација и нешто каде што ќе имаш слобода да ја искажиш својата мисла. Се пронајдовме баш на Академијата за дигитален маркетинг на Бреинстер, според нас вистинското место за создавање основа за умови какви што сме ние.
И за крај, најважната лекција што ја научивте до сега од предавањата?
Ивана: Од досегашните предавања сфатив дека знаењето за дигиталниот маркетинг е огромна и сложена таписерија, а ние само што почнавме да ги разоткриваме неговите нишки. Овие предавања поттикнаа нови прашања и ја разгорија мојата љубопитност, оставајќи ме желена да ги истражам непознатите територии од следните теми.
Елена: Академијата за дигитален маркетинг на почетокот ја гледав како поле на кое во денешно време е задолжително континуирано да се надградуваш и сметав дека донекаде имам познавања од истата, но во текот на предавањата испадна дека е амбициозен предизвик со многу атрактивни модули кои континуирано пробудуваат нови интереси, нови истражувања и нормално нови прашања во оваа нова област за мене.
Теодора: Јас постојано сакам да учам нови работи, да се надополнувам и да бидам во тек со најактуелното. Иако имам завршено Економски факултет и имам познавање од струката, од секое предавање на Академијата за дигитален маркетинг учам нови и актуелни работи. Најмногу од сѐ ми се допаѓа изработувањето на реалните проекти, а нешто што ме прави доста среќна и исполнета е тимската работа.
Благица: На почетокот мислев дека за да бидеш дигитален маркетер ти треба само креативност. Од Aкадемијата научив дека тоа е под реден број еден, а понатаму следуваат уште многу потточки. Сфатив дека без дигиталнот маркетинг една компанија не би била таму каде што може да биде денес. Среќна сум што можам да бидам дел од оваа Академија, ваков тим, позитивни колеги и извонредни резултати.
Сара: Првите месеци на Академијата беа доста интензивни, како учењето на нови работи така и домашните задачи, но воедно и многу интересни. Дигиталниот маркетинг е професија со многу гранки, која овозможува да ја изразуваш својата креативност на различни начини. Еден од позитивните моменти е тимската работа и учењето со луѓе кои имаат исти цели
Александра: Слушај, преслушувај и прашувај. Ако сакаш да успееш во она што си го замислил секогаш ќе го најдеш начинот.
Направи чекор кон високоплатена кариера и придружи се на Brainster заедницата од 11.500 студенти. Аплицирај сега и искористи поволни услови за плаќање од 90€ рата без камата!
На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!
