Happy November, everyone! 🎃

Уште од почeтоците, па така и денес, една од најважните цели на нашата организација е да обезбеди висококвалитетно образование за професиите од 21-от век. Вложуваме напори за постојано да го подобруваме искуството на нашите студенти и се грижиме за нивниот кариерен раст и развој.

Па така, новостите од месец октомври се однесуваат на: двојната сертификација, запознавањето со новите студенти, претставувањето на инструкторите, модулите на академиите, новите успеси на нашите студенти и вработувањата со кои беше награден нивниот труд.

 

 

  • Доделувавме сертификати

На 27 октомври 2022, во нашите простории се одржа доделување на сертификати и networking настан за студентите од првите групи на Академијата за Човечки Ресурси и Академијата за Project & Product Management. Ви посакуваме многу успеси во иднина!

 

 

  • Го прославивме роденденот со нашите инструктори и партнери за Ко-иновации и вработување

Само во изминатата година, благодарение на инструкторите кои го пренесоа своето знаење и искуство, како и соработката со нашите партнерски компании, успеавме да вработиме 374 студенти и успешно да реализираме повеќе од 100 реални проекти. Ова е успех вреден за славење! 

 

 

  • Се запознавме со новите студенти кои ќе започнат да учат оваа есен!

Им посакавме добредојде на нашите нови студенти кои го направија првиот чекор кон нова кариера и дигитална трансформација! Во нашите простории се одржаа Opening Networking настани, каде што се запознавме со студентите од група 4 на Академијата за Project & Product менаџмент.

 

 

  • Академиите на Brainster се сертифицирани од страна на Brainster Next College – првиот акредитиран практичен ИТ-факултет

Студентите што почнаа со настава од септември 2022 година, по успешно завршената Brainster академија ќе добијат 2 сертификати, еден од Brainster и еден од Brainster Next College. Тие се признаени од индустријата, и тоа не само кај нас, туку и меѓународно со оглед на фактот дека 52% од нашите 100+ индустриски партнери кои вработуваат наши студенти се странски компании. Студентите добиваат сертификат од акредитирана високообразовна установа, што е доказ дека наставната програма на академиите е во согласност со највисоките образовни стандарди. Дознај повеќе!

 

 

  • Запознај го тимот на Brainster!

Го создадовме блог серијалот „We are Brainster“ за да ви ги претставиме членовите на нашиот тим кои постојано се грижат за поквалитетна едукација и подобро искуството на студентите. Дознај повеќе што ни раскажаа:

  1. Кирил Николовски – Product Designer;
  2. Јана Тодоровска – Team Lead на Co-innovation & Hiring;
  3. Анета Димоска – Front-End Developer;
  4. Ивана Андоновска – Team Lead на Student Admission;

 

meet-our-partners-when-in-krusevo

 

  • Студентите на Brainster работеа на рекордно посетеното издание на When in Krusevo

Фестивалот When in Krusevo, станува вистинска атракција која го оживува градот и во лето и во зима. Студентите на Brainster ja имаа честа да работат на изданието што имаше рекордна посетеност и да помогнат што повеќе луѓе да слушнат за овој прекрасен настан чија цел е да го промовира туризмот на еден од нашите најубави градови. Со Димитар Ангелкоски и Антонио Кузмановски разговаравме за тоа од каде ја добиле идејата за фестивалот, која е нивната визија за иднината, но и колку се задоволни од нашите студенти. Дознај повеќе!

 

 

  • 10 работи кои ги научивме од предавањето со Ана за графички дизајн

Дали треба да знам да цртам за да бидам графички дизајнер? Што сѐ можам да работам ако сум графички дизајнер? Доколку не успеа да го следиш предавањето со Ана Тодоровска – инструктор на Академијата за графички дизајн, како и да ги дознаеш одговорите на овие прашања, ти ги пренесуваме 10-те најважни работи кои ги научивме на предавањето. Дознај повеќе!

 

 

  • 10 работи кои ги научивме од предавањето со Ивона за Data Science

Што се невистинити информации? Како можеме да ги детектираме? Доколку не успеа да го следиш предавањето со Ивона Кочева – инструктор на нашата Академија за Data Science, како и да ги дознаеш одговорите на овие прашања, ти ги пренесуваме 10-те најважни работи кои ги научивме на предавањето. Дознај повеќе! 

 

 

  • Запознај ги инструкторите

Прочитај повеќе за експертите, а воедно дел од инструкторскиот тим на Академијата за Project & Product Management кои ќе те водат низ процесот на твојата кариерна трансформација како Project & Product менаџер.

  1. Олга Пујаз Петрушевска;
  2. Марјан Ѓорѓиев;

 

 

  • Brainster инструкторите советуваат

Го создадовме блог серијалот „Brainster инструкторите советуваат“ за да ви ги претставиме инструкторите на нашите Академии и нивните совети за полесно совладување на програмата. Во првиот блог од овој серијал си поразговаравме со Олгица Стрезоска – инструктор на нашата Академија за Project & Product менаџмент. Таа е Senior Product Owner, а воедно ги предава модулите „Постигнување на Product-Market Fit“ и „Agile & Design Thinking методологии“. Дознај повеќе!

 

 

  • Запознај ги модулите
  1. Буџетирање на проекти и закажување на активности;
  2. Основи на управување со проекти;
  3. Регрутација, селекција и онбординг на вработени;
  4. Управување со перформансите на вработените;

 

 

  • Нови успешни приказни

Ги раскажавме приказните на: Бојан, Ѓорѓи, Моника, Димче, Ана, Тамара, Талија, Валентин, Марија, Петар, Божин, Петар и Ристо кои по завршувањето на нашите програми ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!

 

 

  • Го прогласивме Dream Team-от за претходниот месец

Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите.

 

До следниот месец!

Тимот на Brainster ❤️