Кампување околу крушевското езеро, велосипедска и планинарска тура низ недопрената крушевска природа, летање со параглајдер, јавање на коњи, кајак, јога, детски игри, трка, посета на крушевски знаменитости и концертни вечери на отворено… Фестивалот When in Krusevo, станува вистинска атракција која го оживува градот и во лето и во зима. Студентите на Brainster ja имаа честа да работат на изданието што имаше рекордна посетеност и да помогнат што повеќе луѓе да слушнат за овој прекрасен настан чија цел е да го промовира туризмот на еден од нашите најубави градови.

Последната Cross-Academy соработка ги сплоти знаењата и вештините на студентите од Академијата за графички дизајн и Академијата за дигитален маркетинг кои изработија social мedia & бrand стратегија за фестивалот.

Крушевчаните Димитар Ангелкоски и Антонио Кузмановски се дел од тимот што веќе пет години го организира овој уникатен фестивал. Со нив разговаравме за тоа од каде ја добиле идејата за фестивалот, која е нивната визија за иднина, но и колку се задоволни од нашите студенти.

 

When in Krusevo е outdoor фестивал кој нуди бројни outdoor активности, МТВ тури, планинарење, трчање, адреналински параглајдинг погледи, незаборавни јавања низ крушевската природа, проследено со многу забава и дружба… Како се роди идејата да направите ваков фестивал?

Outdoor фестивалот  When in Krusevo  е идеја на неколку другари. Едноставно решивме да ја промовираме алтернативната страна на нашиот град. Иако започнавме многу скромно, сепак во 2017 година успеавме да остваривме една успешна приказна со околу 200 пријавени учесници и повеќе од 1.000 посетители.

 

 

Кој беше главниот мотив да се решите за ваква авантура?

Првичната идеја за When in Krusevo започна по иницијатива на неколку другари кои првично сакавме да направиме промоција на платформата When in X, а паралелно да ја испромовираме аллтернативната страна на Крушево и да ги претставиме сите убавини кои нашиот град ги нуди. Иако почетокот беше многу тежок, сепак благодарение на огромен број на поддржувачи и вљубеници во Крушево и неговата природа, успеавме после само 5 години да го достигнеме ова ниво на кое денес се наоѓа нашиот фестивал.

 

Како еволуираше фестивалот низ годините, од своето прво издание, па досега?

Како изминуваше времето, фестивалот добиваше сè поголема поддршка и сè повеќе учесници и посетители. Денес броиме веќе 7 успешни изданија (5 летни и две зимски) исполнети со многу љубов, дружење и забава. Учесниците имаа прилика да уживаат во kрушевските убавини преку кампинг зона околу крушевското езеро, велосипедска и планинарска тура низ недопрената крушевска природа, летање со параглајдер, јавање на коњи, кајак, јога, детски игри, 5 километри трка, посета на крушевски знаменитости и концертни вечери на отворено. Само на последното летно издание нашиот град го посетија над 3000 посетители и над 600 учесници.

 


Која година ја сметате за најуспешна и зошто?

За нас секоја година е посебна и успешна, но кога веќе мораме да издвоиме ќе ги споменеме 2018 година кога за прв пат во Крушево ги донесовме греми наградуваните Inner Circle од Јамајка, како и оваа 2022 година на која имавме рекорден број на учесници и успеавме успешно да организираме и 5 киломтри трка низ крушевските улици со над 100 учесници.

 

Колкав тим всушност го организира фестивалот, кои се организациската култура и вредностите што ве спојуваат?

Како што напоменавме погоре, тимот на When in Krusevo го сочинуваат пет другари, но сепак за целокупната организација вклучени се и голем број на волонтери, ентузијасти и љубители на Крушево и крушевските убавини. Нашата љубов кон Крушево и желба за негова промоција и развој на туризмот се едни од нашите најголеми вредности кои многу години се трудиме заедно да ги негуваме.

 

Веројатно организирањето на еден ваков голем настан е голем предизвик од секој аспект. Како изгледа почетокот на планирањето на фестивалот, што всушност е најголем предизвик за вас како тим?

Самата организација на When in Krusevo започнува многу порано, трае повеќе месеци и е навистина исклучителен предзивик за да се задржи максималната професионалност за целокупниот финален проект. Еден од најголемите предизвици е да го претставиме фестивалот на што повеќе приватни фирми, државни институции и фондови, од кои очекуваме поддршка за побогат и поуспешен настан. Нашето долгогодишно искуство е голема предност за успешно имплементирање на сите останати организациски активности за самиот настан.

 

Оваа година во организацијата ви помогнаа и студентите на Brainster. Две Академии ги споија силите на 24 часовен хакатон и направија маркетинг on the spot, ви даваа поддршка за social media, а дизјанерите креираа комплетно ребрендирање на фестивалот. Како сте задоволни од оваа соработка?

Oва е наша втора соработка со Brainster и секогаш имаме суперлативни коментари. Помошта која оваа година ја добивме од вас и вашите студенти беше исклучителна. За тоа говори и финалниот резултат кој сите заедно го постигнавме, а тоа беше рекордна посетеност на When in Krusevo и многу позитивно коментари од нашите учесници.

 

 

Што е она што ви остави најголем впечаток од работата на нашите студенти?

Она што е посебно кај вашите студенти е желбата за успех и огромната креативност. Кога овие две работи ќе се спојат, секогаш се добива посакуваниот резултат. Посебно сме горди на студентите што за толку краток период, а паралелно и со голем број на останати обврски успеаа да постигнат многу повеќе отколку што и самите ние очекувавме. Ја користиме оваа прилика искрено да им се заблагодариме за се’ што направија за When in Krusevo.

 

Како сте задоволни од соработката со Brainster и дали ваков тип на соработка би препорачале на други компании?

Со Brainster имаме одлична соработка и се надевмае дека истата ќе продолжи и во иднина. Со оглед на тоа што секоја година располагаме со минимален и ограничен буџет, овој тип на соработка навистина помага настанот да се подигне на многу повисоко ниво од предвиденото. Без двоумење Brainster веќе го препорачуваме на сите наши соработници и познаници.

 


Каков е планот за фестивалот за следната година?

Нашата идеја за промоција на богатата традиција, култура и природните убавини на Крушево планираме да ја продолжиме и со дополнителни активности на наредниот When in Krusevo 2023. Имаме големи амбиции овој фестивал секоја година да биде едно ниво повисоко од претходниот и секако со тоа да добиеме многу поголема поддршка и поголем број на посетители и учесници во Крушево. Од година во година добиваме навистина сè поголема поддршка најнапред од нашата Општина Крушево, од локалните угостители, локалното населние, но и огромна поддршка од разни институции, фондации и проекти. 

Туристичката понуда на Крушево освен со нашиот фестивал веруваме дека дополнително може да се збогати со заедничко вложување не само на Општина Крушево туку и на целото локално население кое со негова искрена дополнителна заложба и идеи може навистина многу да придонесе успешно да се подобри и збогати културната програма, спортските и останати активности во текот на целата година.


Ако сѐ уште се прашувате зошто да станете hiring партнер на Brainster, посетете ја co-innovation & hiring платформата и уверете се сами.

Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.

Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа