Димче Картинов е алумни студент од Академијата за Full-Stack програмирање, а воедно и Dream Team студент за месец јануари 2022.

По завршувањето на Академијата, Димче започна да работи на практикантска позиција во tech тимот на Brainster, каде ќе продолжи да ги надградува своите знаења и вештини.

 

Си поразговаравме со Димче за неговото искуство и неговата улога во нашиот tech тим

 
Здраво Димче! Пред сѐ, честитки за новото работно место! Ние на Академијата те познаваме, но што би споделил за останатите? 

Благодарам за честитките. Јас сум Димче – алумни студент од Академијата за Full-Stack програмирање. За себе можам да кажам дека сум посветена личност, не се откажувам од нешто додека не го завршам истото, па тоа ми помага подобро да учам од предизвиците во текот на денот. Во слободно време обожавам читање, трчање на подолги дестинации и секако, ако имам повеќе слободно време – планинарење или патување со најблиските.

 

Зошто баш Full-Stack програмирање? На што се должеше твојата одлука да ја одбереш оваа професија?

Full-Stack програмер е one-stop-solution за развој на еден софтвер. Full-stack програмирањето не е само учење на различни Front-end и Back-end технологии, туку и разбирање од двете области и правење на комуникацијата помеѓу нив да биде “easy and smoth”, исто така можноста да работиш со различни технологии ти овозможува да имаш поголема контрола врз производот што го развиваш. Мојата одлука највеќе се должеше на шансата да се стекнам со различен сет на вештини.

 

Сподели ни нешто повеќе за твоето искуство како студент на Академијата за Full-Stack програмирање. Дали ги исполни твоите очекувања и ти помогна да ја направиш посакуваната кариерна трансформација? 

Пред да се запишам на Академијата започнав со програмирање сам и после неколку месеци лутање низ различни технологии воочив дека тоа ќе ми одземе многу време ако продолжам со моето темпо, па така одлучив да се запишам на Академијата за Full-stack програмирање во Brainster. Низ текот на Академијата имавме различни предизвици, реални проекти и организиран беше хакатон за нас студентите. За разлика од пред Академијата, каде што учев индивидуално, учењето во Brainster ми беше доста поефективно и ефикасно.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто? Исто така, кој беше најголемиот предизвик со којшто се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Како најинтересен модул можам да го издвојам Laravel затоа што ни го поедностави процесот на поефективно и безбедно градење на апликации, исто така има чиста синтакса и ни овозможува да пишуваме код којшто се реискористува. Во текот на Академијата предизвиците ги надминував со многу трпение и студирање на самиот предизвик.

 

Опиши ни ја атмосферата во tech тимот на Brainster.

Tech тимот на Brainster е тим од од позитивни луѓе, секогаш спремни несебично да го пренесат своето знаење, тимот е координиран и доста ефективен.

 

Како изгледа еден твој работен ден? Можеш ли да ни откриеш на што работиш и кои технологии ги користиш?

Мојата прва работна недела во tech тимот во Brainster започна со нов проект каде уште одма ми беа доделени задачи. Работиме со Back-end и Front-end технологии, но највозбудливо ми е што започнавме како тим да се движиме во насока да воведеме Machine Learning. 

Еден работен ден ми започнува со состанокот со тимот, каде што секој од нас споделува што има сработено, дискутираме што треба да се сработи дополнително или како да решиме одредени проблеми. По состанокот си правам план за таскот и работам на него.

 

И за крај, кој е твојот совет за сите оние коишто сакаат да ја направат својата кариерна трансформација во оваа професија?

Сметам дека една од главните работи за да се успее во оваа професија е да се биде љубопитен и да не му се дозволи на егото да ги знае одговорите, а исто така, да се има храброст и да се дадат тие одговори со учење на нешто ново или со знаењето што веќе се поседува.

 

Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

НОВО | Академија за DATA ANALYTICS и Академија за SALES 👉 👉