Довербата којашто ја дава Brainster на своите вработени, придонесува за подобри перформанси

Главната мисија на Brainster е да ги подготви индивидуалците за кариера од 21 век преку совладување на дигитални и други вештини на иднината, со цел тие да останат релевантни во новиот технолошки свет.

Секој вработен во Brainster e целосно посветен на оваа мисија и прави сѐ за на студентите да им помогне да дојдат до просперитетна кариера преку едукација.

Во оваа блог објава од серијалот We are Brainster, ќе ја запознаете Анета Димоска, Front-End Developer во tech тимот на Brainster.

За себе ни кажа дека е одговорна, трпелива и трудољубива личност, која има огромна желба за знаење и напредок. Ужива кога чита книги и сака да поминува повеќе време во природа.

Дополнително, Анета е алумни студент од Академијата за Front-End програмирање, која веднаш по комплетирањето на програмата започна да работи во Brainster.

 

Дознајте што таа имаше да ни сподели околу тоа како ѝ поминува работниот ден, што ја прави исполнета и што ја мотивира, но и како Brainster ѝ помага да се оствари на сите полиња.

 

 

Здравo Анета, можеш ли да ни споделиш повеќе детали за твојата работна позиција, по што е истата специфична?

Front-end програмирањето за мене значи креативност, слобода, истражување, трпеливост, анализа на детали и простор за голем напредок. Front-Еnd програмирањето ја спојува реализацијата на идејата на дизајнерите од една страна, но од друга страна и грижата за подобри перформанси и работа на апликацијата. Како Front-Еnd Developer мојата задача е да го „оживеам” дизајнот на апликацијата, да се погрижам истата да функционира непречено и да биде полесна за користење од страна на студентите.

 

Како изгледа еден типичен ден во животот на Front End Developer?

Денот обично ми почнува со преглед на mail-от, разгледување на задачите што треба да се направат во текот на денот и со читање на некои постови и статии, преку кои се информирам за новостите поврзани со програмирањето и технологиите со кои работам. Потоа го имаме редовниот дневен состанок со тимот, каде што презентираме до каде сме со задачите на кои работиме, што ќе работиме следно и дискутираме за некој проблем доколку го има за да се реши. Потоа следува оној дел од денот којшто секогаш е различен, а тоа е решавањето на моменталните таскови, пишувањето код, рефакторирање и поправка на кодот.

 

 

Што правиш во слободно време, дали имаш некое хоби и кои се твоите интереси? 

Слободното време најчесто го користам за спортување, дружба со пријателите и семејството. Времето поминато надвор, во природа, ми е особено важно, ми помага да се релаксирам, опуштам и да си ги средам мислите после работниот ден. Особено уживам во активности како танцување, читање на некој добар трилер или историски роман, пишување, а во последно време и готвење. 🙂 

 

Од твоја перспектива, колку придобивките кои ги нуди Brainster ти помагаат во балансирање на приватниот и професионалниот живот?

Сметам дека слободата и довербата којашто ни ја дава компанијата сами да одлучиме од кое место ќе работиме, како да го организираме денот и работното време, многу помага за да се одржи тој баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот. Мојата работа е таква што ми дозволува во било кој период од денот да можам да ги завршам обврските без притоа да трпат некои други приватни обврски доколку морам да ги направам. 

Исто така, можноста за користење на слободни денови онолку колку што ни се потребни, флексибилноста во работењето, отворената комуникација со тим лидерите за било кој проблем, ми овозможува да се чувствувам многу поопуштено на работното место. Сето тоа резултира со зголемена мотивираност, продуктивност и позитивна атмосфера во тимот и компанијата како целина.

 

 

За крај, што би ни кажала за Brainster како компанија и начинот на кој ти дава поддршка?

Работата во Brainster ми помага да го искористам својот потенцијал во повеќе области, не само програмирањето, без разлика дали е работата со студенти или пишувањето на некоја блог објава. Сметам дека тука можностите за напредок во било која област се неограничени. На редовно ниво се организираат настани каде може да се дискутира за тековни и идни активности, да се разменат идеи и да се слушне мислењето на секој вработен.

Од огромно значење ми е поддршката од тимот со којшто работам, луѓе од кои секојдневно учам и се мотивирам. Меѓутоа мотивација ми се сите колеги во компанијата, тоа се навистина млади, креативни и успешни луѓе со кои заедно ја реализираме визијата за подобро образование и создавање на што повеќе успешни студентски приказни.

 

Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.

Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.

 

Trending Stories That Might Interest You