Запознај го Бојан Гажоски – алумни студент од Академијата за Software Testing, кој се одлучи да направи комплетна кариерна трансформација.

Тој ја започна својата кариера на практикантска позиција во компанијата Deltatre, како Test Analyst.

 

Во продолжение, си поразговаравме со Бојан за неговото искуство

 
Здраво Бојан, ние од Академијата за Software Testing те познаваме, но што би споделил за останатите? 

Здраво! Јас сум Бојан Гажоски од Крушево и имам 31 година. Дипломирав на Факултетот за музичка уметност (ФМУ-Скопје) и 8 години работев како професор по класична гитара во „Државно музичко училиште“ – Битола. Љубител на природа и адреналински спортови како freeride скијање и летање со параглајдер.

 

Пред сѐ, честитки за новото работно место. Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Со оглед на тоа дека претходно немав никакво искуство и познавања од ИТ областа, а во период од помалку од една година, направив промена на кариерата, би рекол дека не само што ги исполни – туку и ги надмина моите очекувања. Доста интензивна програма со прекрасни луѓе пред сѐ, одлични предавања, вежби, домашни задачи, хакатони. Одлична основа со која секој може да се надградува и да навлезе во ИТ светот.

 

Беше дел од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е преку работа на реални проекти. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?

Како и со секоја друга работа така и тука, посветеноста игра голема улога во крајниот или подобро речено, посакуваниот резултат. Доколку сте сериозни и посветени од самиот почеток и тековно ги извршувате зададените задачи, моментот на работа на реални проекти ќе ви биде инспирација и мотивација плус за понатамошен развој и успех.

 

Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијата Deltatre. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.

Deltatre е лидер во создавањето ултимативно стриминг-искуство на спортски обожаватели во секое време, од секое место и на секој уред. Со своите водечки продукти на пазарот и портфолиото на услуги, Deltatre го менува начинот на кој луѓето ги доживуваат и консумираат спортот, платформите за забава и воопшто стримингот. Компанија со канцеларии во 19 градови во светот, 1000+ вработени и клиенти како ATP, BBC Sport, UEFA, Discovery/Eurosport, NFL, Premier League и многу други.

 

Која е твојата работна позиција и како изгледа еден твој работен ден?

Test Analyst Intern е мојата сегашна позиција, а текот на работниот ден се менува во зависност од потребите на проектот. Обично започнува со кафе и Daily stand up meetings, па продолжува со тестирање на различни уреди и платформи, мобилни телефони, телевизори, таблети, game конзоли.

 

Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?

Извршување на regression packs, smoke testing и sanity testing, наоѓање и пријавување на багови, update на тест кејсови, се задолженијата кои ги опфаќа мојата позиција. На дневно ниво најмногу се користат Jira, TestRail, Postman и алатки и платформи на самата компанија, а во однос на техники, буквално секоја техника што е опфатена со Академијата се применува секојдневно.

 

И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувал сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат софтверско тестирање?

Ви благодарам. Мојот совет е, ако веќе сте размислувале за промена на кариера, престанете да размислувате и почнете да делувате со конкретни чекори во таа насока. Академијата за Software Testing на Brainster е одлична основа за секој еден, без разлика на вашето претходно знаење и вештини. Верувајте во себе и со континуирана работа и посветеност за многу краток период, успехот е неизбежен.

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!