Академиите на Brainster кои на поединците им овозможуваат совладување на најбараните дигитални вештини 21-век, а воедно и кариерна трансформација, отсега добиваат уште една голема вредност – сертификација од првиот акредитиран практичен ИТ-факултет, Brainster Next College.

Уште од почeтоците, една од најважните цели на нашата организација е да обезбеди висококвалитетно образование за професиите од 21-от век. Вложуваме напори за постојано да го подобруваме искуството на нашите студенти и се грижиме за нивниот кариерен раст и развој.

 

 

Токму со оваа цел, нашите aкадемии се сертифицирани од првиот акредитиран практичен ИТ- факултет, Brainster Next College, а воедно и единствени во Македонија со ваков тип на сертификација од високообразовна институција.

Студентите кои се запишани овој есенски уписен рок и ќе почнат со настава на Brainster академија после 01.09.2022, ќе добијат два сертификати, еден од Brainster и еден од Brainster Next College

Вакви програми за стручно и професионално усовршување се нудат од сите познати универзитети, како Харвард, Стенфорд, МИТ и се попознати како continuing education. Главната разлика од додипломските и последипломските студии е што се пократки и поспецијализирани. Се фокусираат на повозрасни студенти кои најчесто веќе почнале со професионална кариера без разлика на нивната образовна заднина.

 

 

Вредноста на двата сертификати што ќе ги добијат студентите на Brainster е огромна – од една страна, тие се признаени од индустријата, и тоа не само кај нас, туку и меѓународно со оглед на фактот дека 52% од нашите 100+ индустриски партнери кои вработуваат наши студенти се странски компании. Од друга страна, со оглед на фактот дека се издава и сертификат од акредитирана високообразовна установа, односно факултет, истото претставува доказ дека курикулумот на академиите е во согласност со највисоките образовни стандарди. Наставните програми и курикулумите на сите 9 академии го поминаа строгиот и детален процес на академска ревизија од страна на професорите на Brainster Next College“ – вели Александар Клашниновски – генерален менаџер на Brainster Next College и директор за човечки ресурси во Brainster.

 

Оваа година, Brainster го слави 7-от роденден, како заедница со над 11.000 алумни од 4 различни држави, со мрежа од 150 инструктори кои се врвни експерти во индустријата и со над 100 домашни и интернационални компании кои нудат вработување, пракса или реални проекти за студентите.

 

Доколку размислуваш да го направиш првиот чекор кон лансирање на нова кариера или сакаш да ги надградиш своите дигитални вештини, нема подобро време од сега!

Затоа, искористи ја можноста да учиш под менторство на врвни професионалци, на интензивна програма и со работа на реални проекти што ќе влезат во твоето портфолио!

Уписите на Академиите се во тек! Интересот е преголем, а бројот на слободни места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме.

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.