Бидете искрени за работите кои не ги разбирате или не сте можеле да ги совладате

Олгица Стрезоска е инструктор на нашата Академија за Project & Product менаџмент која ги предава модулите „Постигнување на Product-Market Fit“ и „Agile & Design Thinking методологии“.

Таа ни раскажа дека нејзината цел, покрај онаа главната да го пренесе своето знаење и искуство, е да ги охрабри сите дека се способни да станат успешни Проект или Продукт менаџери, доколку навистина имаат пасија за оваа работа.

 

Во продолжение, Олгица ни откри што се учи на модулите кои таа ги предава, како и совети за успешно совладување на истите 

 

1. Здраво Олгица, ние на Академијата за Project & Product менаџмент те познаваме, но што би споделила за идните студенти?

Би се претставила себеси како вљубеник во својата професија. Мојата моментална позиција е Senior Product Owner во британската компанија Damilah, каде сум одговорна за успехот на Ed-tech платформа наменета за училиштата во Англија. Инаку сум дел од Brainster речиси 4 години каде редовно го споделувам своето знаење и искуство за Agile & Scrum методологиите, како и за сите проект и продукт менаџмент процеси.

 

2. Што ќе имаат можност да научат студентите на модулите кои ги предаваш?

Со мене студентите се запознаваат во Модул 8 и 9 од Академијата, кои според мене се едни од најважните модули во делот за продукт менаџмент. Во Модул 8 темелно навлегуваме во Продукт-маркет фит концептот и студентите ги учат основите за градење на еден продукт. Додека во Модул 9, веќе преминуваме на најприменуваните методологии и пристапи кои денес се употребуваат за градење на продукти, а тоа се Design Thinking пристапот и Agile методологиите. После овие 2 модули, студентите се подготвени да разработат било каква идеја и да стигнат до потенцијално продукт решение кое понатаму девелопмент тимот би го развивал.

 

3. Ти си главниот виновник за искуството и успехот на студентите на Академијата, па кој е твојот совет до сите сегашни и идни студенти за полесно совладување на материјалот?

Бидете искрени за работите кои не ги разбирате или не сте можеле да ги совладате. Не постои нешто што не можете да го научите, само за некои работи е потребно помалку труд и време, а за некои повеќе. Доколку сте искрени и отворени во целиот процес, ниту еден од инструкторите нема да дозволи да остане нешто нејасно или неразбрано.

 

 4. И за крај, неколку Tips & Tricks до студентите?
  • Не се плашете да прашувате – искористете ја секоја прилика;
  • Останeте љубопитни;
  • Не се обесхрабрувајте, секој направен чекор значи прогрес;
  • Охрабрувајте се себеси често, со цел да ја одржите мотивацијата.

 

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Trending Stories That Might Interest You