Главната мисија на Brainster е да ги подготви индивидуалците за кариера од 21 век преку совладување на дигитални и други вештини на иднината, со цел тие да останат релевантни во новиот технолошки свет.
Секој вработен во Brainster e целосно посветен на оваа мисија и прави сѐ за на студентите да им помогне да дојдат до просперитетна кариера преку едукација.
Во оваа блог објава од серијалот We are Brainster, ќе ја запознаете Ивана Андоновска – Team Lead на Student Admission и дел од маркетинг тимот на Brainster.
За себе ни кажа дека е екстровертна личност, која ужива во дружбата и комуникацијата со луѓе. Во слободно време сака да спортува, а дополнително, Ивана е и тековен студент на Академијата за Project & Product Management во Brainster.
Дознајте што таа имаше да ни сподели околу тоа како ѝ поминува работниот ден, што ја прави исполнета и што ја мотивира, но и како Brainster ѝ помага да се оствари на сите полиња.
Здраво Ивана, можеш ли да ни споделиш повеќе детали за твојата работна позиција, по што е истата специфична?
Јас сум дел од маркетинг тимот и Team Leader на Student Admission. Заедно со мојот тим сме фокусирани на следењето и анализирањето на сите пријави за академиите, како и обработката на новите апликации. Исто така, овој тим е задолжен за онлајн средби со кандидатите за академиите, каде дискутираме со нив за сите аспекти на академијата, почнувајќи од програмата, условите, до начинот на кој се изведува наставата. Денот е исполнет со многу телефонски повици и состаноци, но јас уживам во комуникацијата со луѓе.
Како изгледа еден типичен ден во животот на Student Admission Team Lead?
Денот најчесто го почнувам прилично рано. Утрата ми нудат мирен период без дистракции бидејќи можам да се фокусирам и да направам план за тековниот ден. Го правам првото кафе и започнувам со мејлови и креирање на листата на приоритетни задачи. После 10 часот веќе почнуваат сите активности во Student Admission тимот и комуникацијата со сите оние кои аплицирале за академиите.
Што правиш во слободно време, дали имаш некое хоби и кои се твоите интереси?
Во последнава година, најголемиот дел од моето слободно време го поминувам учејќи на Академијата за Project & Product Management. Останатиот дел го посветувам на читање книги, дружби со најблиските и полека, но сигурно се враќам на мојата љубов – трчањето.
Од твоја перспектива, колку придобивките кои ги нуди Brainster ти помагаат во балансирање на приватниот и професионалниот живот?
Среќна сум што сум дел од компанија на која ѝ е важен балансот меѓу приватниот и професионалниот живот. Можноста за работа од дома (т.е. од било каде) или во канцеларија е дефинитивно нешто што посебно ми се допаѓа. Изборот е оставен на нас, така што зависно од тоа како се чувствувам така и можам да одберам од каде ќе ги завршувам моите обврски. Морам да ја споменам и флексибилноста на работното време. Убаво е кога нема стрес доколку некоја приватна обврска мора да се заврши во текот на денот без притоа да трпи работата, бидејќи ќе можам и покасно да го сработам мојот дел.
За крај, што би ни кажала за Brainster како компанија и начинот на кој ти дава поддршка?
Brainster е една од ретките компании каде дефинитивно сериозно се сфаќа можноста за константно надградување и учење. Континуираниот напредок и учење за секој од нас е дел од нашето секојдневие. Се поттикнуваме меѓусебно во стекнувањето на нови вештини, ги зајакнуваме своите јаки страни и секогаш има некој кој може да ти помогне во одредена ситуација кога ќе заглавиш. Но, можеби она што е најважно е тоа дека сите ние сме целосно посветени во мисијата – We improve learning so you can improve the world!
Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.
Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.