Меѓусебната доверба и работната култура резултираат со зголемена мотивација на работното место

Главната мисија на Brainster е да ги подготви индивидуалците за кариера од 21 век преку совладување на дигитални и други вештини на иднината, со цел тие да останат релевантни во новиот технолошки свет.

Секој вработен во Brainster e целосно посветен на оваа мисија и прави сѐ за на студентите да им помогне да дојдат до просперитетна кариера преку едукација.

Во оваа блог објава од серијалот We are Brainster, ќе го запознаете Кирил Николовски – Product Designer во дизајн тимот на Brainster.

Ни раскажа дека, од голема важност и значење му е фактот што Brainster како компанија се грижи за своите вработени и им овозможува услови за одржување на перфектен баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот.

Дополнително, Кирил е алумни студент од Академијата за графички дизајн, кој веднаш по комплетирањето на програмата, започна да работи во Brainster.

 

Дознајте што тој имаше да ни сподели околу тоа како му поминува работниот ден, што го прави исполнет и што го мотивира, но и како Brainster му помага да се оствари на сите полиња.

 

 

Здраво Кирил, можеш ли да ни споделиш повеќе детали за твојата работна позиција, по што е истата специфична?

Јас сум дел од дизајн тимот на Brainster или тимот кој се грижи за визуелната комуникација на компанијата. Нашата задача е визуелно претставување на брендот, вредностите и пораката која сака да ја пренесе организацијата, во најдобро можно светло.

Мојата обврска како Продукт Дизајнер е грижа и работа на корисничкото искуство на нашите продукти, како и креирање на визуелниот дел на истите. Она што е специфично и интересно во исто време за оваа позиција е фактот што за успешно оптимизирање на корисничкото искуство, потребна е постојана комуникација и работа со останатите тимови со кои заедно ги спроведуваме истражувањата и анализите, кои понатка ни се водилка во процесот на дизајнирање и оптимизирање на нашите продукти.

 

 

Како изгледа еден типичен ден во животот на Product Designer?

Типичниот ден на еден дизајнер е доста променлив. Најчесто, во првиот дел од денот гледам да воспоставам рутина. Туширање, кафе и доручек – се првите три работи што ги правам кога ќе се разбудам, по што следува утринскиот состанок, распределување на тасковите, email проверка и сл. 

Остатокот од денот е секогаш различен и динамичен. Текот на денот зависи од тоа во која фаза се проектите на кои работиме, па така деновите варираат од постојано состанување и истражување во раните фази, до Deep Work сесии и постојана работа на таскови во подоцнежните фази на проектите.

Нешто што како тим гледаме постојано да го правиме е секојдневно надградување, споделување на корисни новитети, информации и секојдневен live feedback на тасковите кои ги работиме.

 

 

Што правиш во слободно време, дали имаш некое хоби и кои се твоите интереси? 

Со оглед на тоа што сум голем љубител на спортот, пробувам барем 5 пати во неделата да спортувам. Најголемо хоби и спорт што го негувам повеќе од 15 години е тенисот. Се трудам барем еднаш неделно, најчесто за викенд, да потрошам час-два во Југ или Евросет. Покрај спортот, како второ хоби би го издвоил готвењето. Омилена кујна ми е италијанската, а во последно време сакам да експериментирам и со азиска. Исто така, сум и голем љубител на музика, постојано во текот на денот додека работам, готвам, спортувам и сл. гледам да си тече музика во позадина.

 

 

Од твоја перспектива, колку придобивките кои ги нуди Brainster ти помагаат во балансирање на приватниот и професионалниот живот?

Дефинитивно многу! Од голема важност и значење ми е фактот дека Brainster како компанија се грижи за тоа на своите вработени да им овозможи услови за одржување на перфектен баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот.

Флексибилноста, работната култура и меѓусебната доверба се главни атрибути и придобивки кои на вработените им овозможуваат слобода и одвојување на квалитетно време за себе. Што резултира со ефективност и зголемена мотивација на работното место.

 

За крај, што би ни кажал за Brainster како компанија и начинот на кој ти дава поддршка?

Нескромно ќе кажам дека поддршката која Brainster ја дава на своите вработени е one of a kind. Постојаната грижа за раст и напредок на секоја индивидуа, како и довербата на компанијата спрема своите вработени, се од големо значење и служат како „ветер во грб“ на секој член од тимот на Brainster. Одликите на целокупниот тим преку желбата за постојано учење, следење на новитетите, кршење на границите, самокритичноста, емпатијата, соработката и РЕЗУЛТАТИТЕ, сами по себе говорат за тоа како Brainster се грижи за своите вработени.

 

Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.

Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.

Trending Stories That Might Interest You