Запознај го Ристо Христов – алумни студент на Академијата за Software Testing, кој ја започна својата кариера преку платформата uTest, како Freelance Software Tester.
Тој ни сподели дека работата на реалните проекти, како дел од Академијата, е од огромно значење за успешно совладување на пречките кои ги очекуваат студентите кога ќе влезат во некоја компанија.
Си поразговаравме со Ристо за тоа како си помина на Академијата и за неговото работно место
Здраво Ристо, ние од Академијата за Software Testing те познаваме, но што би споделил за останатите?
Здраво, јас сум Ристо, алумни студент на Академијата за Software Testing инаку магистер по земјоделски науки и веќе 17 години вработен во семејната компанија за производство на пластични фолии и вреќи. Пасијата кон истражувањето и совладувањето на нови нешта ми беше предизвик за да се запишам на Академијата. Од почетоците на моето професионално искуство како генерален менаџер, а истовремено и одговорен за производство и одржување на машинскиот дел, предизвик ми беа софтверските проблеми на машините кои можам да кажам дека беа во прилично голем број, но беа успешно решавани од моја страна и ми го покажаа следниот логичен чекор, а тоа беше таа љубов да се претвори во идна професија.
Пред сѐ, честитки за новото работно место. Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?
Секако! Дури и ги надмина моите очекувања, посебно со автоматското тестирање. Како личност што доаѓа од факултет за природни науки, можам да кажам дека за мене претставува еден вид на преквалификација, иако е во тенка корелација со дел од мојата работа. Бев скептик, не за Академијата, туку дали лично самиот ќе можам да се носам со предизвиците кои ги носи истата. Благодарение на инструкторите за кои сите беа на врв на задачата, ми го покажаа спротивното. Поделената програма по модули дава можност со леснотија да се совлада материјата.
Беше дел од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е преку работа на реални проекти. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?
Работата на реалните проекти е од огромно значење за успешно совладување на пречките кои нѐ чекаат откако ќе влеземе во некоја компанија. Академијата успешно ја симулира тимската работа, успешното решавање на проблеми во зададен рок за кои можам да кажам се вистинските состојки за успех кога ќе се најдеме на работното место. Најдобар пример е Хакатонот којшто беше организиран од Brainster, а исто така и финалниот проект (задача) кој е вистински проект изработен од наши колеги од другите академии.
Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е платформата uTest. Сподели ни повеќе информации за оваа платформа.
uTest е дел од компанијата Applause од Framingham, Massachusetts основана во 2007 година. Практично го измислиле терминот crowdtesting, инаку ги опфаќаат сите видови на тестирања. Нивното мото е real world feedback on your digital quality. uTest е делот каде што моментално припаѓам и тие претставуваат најголемата freelance заедница со над 1 милион тестери низ целиот свет и со над 5 милиона багови откриено.
Која е твојата работна позиција и како изгледа еден твој работен ден?
Мојата работна позиција е Software Tester, Bronze level. Секој тестер започнува како Unrated, па како поминува времето и според покажаните резултати се движи низ повеќе нивоа, за на крај да биде Gold level, ниво посакувано за секој тестер. Да бидеш freelancer значи да си креатор на своето работно време и место. Значи можеш да работиш part time/full time од планина, море, езеро, буквално од секое ќоше на земјата, а потребно е само да имаш интернет врска, лаптоп и мобилен.
Сите тестери сме поврзани преку мобилна апликација на која ни пристигнуваат понуди за одредено тестирање 24/7, се разбира според Eastern Standard Time временската зона поради која за некој може да предизвика потешкотии. Се разбира, мене ми е добредојдено затоа што ми овозможува да ги извршувам паралелно сите професионални задачи што ги имам во семејната компанија.
Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?
Главниот опсег на мојата работа е тестирањето на дадениот софтвер по претходно подготвена документација, нешто за кое бев целосно подготвен од Академијата, пријавување на багови, ретестирање на претходно откриени и пријавени багови, Smoke/Sanity тестинг, API тестирање со помош на алатката Postman кое е едно од моето омилено тестирање. Опфатен од Академијата со посебен модул каде што нашата инструкторка посвети огромен труд да ни го разјасни до најситен детаљ. Секако, има и други алатки кои се користат како што е Charles Log и кои беа нови за мене, но се разбира се совладаа без некоја потешкотија.
И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувал сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат софтверско тестирање?
На сите што се колебаат дали да се обидат да излезат од комфорната зона би им ја кажал кинеската поговорка: „Најдоброто време за да се посади дрво беше пред 20 години, но второто најдобро време е СЕГА“. Што значи, ако сакаме да успееме и да растеме во иднина, најдоброто време за дејствување е СЕГА. Направете го првиот чекор, после секој чекор ви е полесен. Академијата на Brainster ви ги овозможува сите услови за успешна кариера. Вие навистина ќе си бидете благодарни самите себе што сте го направиле првиот чекор.
Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!