Запознај ја Марија Николовска – алумни студент на Академијата за Full-Stack програмирање која реши да ги надгради своите знаења и вештини.

Таа е посветена личност која постојано се труди да ги оствари своите планови, а нејзината амбиција резултираше со работно место како Full-Stack Developer во компанијата IWConnect.

 

Си поразговаравме со Марија за нејзиното кариерно патување

 
Здраво! Пред сѐ, честитки за новото работно место! Ние на Академијата те познаваме, но што би споделил/а за останатите? 

Здраво! Пред сѐ, ви благодарам на честитките. Јас сум Марија Николовска,имам 24 години. Дипломиран инженер по информатички науки и комуникациско инженерство, а воедно и студент на Академијата за Full-Stack програмирање. Јас сум личност која е посветена, упорна и секогаш со план. Личност која се труди за да го оствари тоа што го замислила.

 

Зошто баш Full-Stack програмирање? На што се должеше твојата одлука да ја одбереш оваа професија?

Никогаш не можев да се одлучам дали повеќе сакам front-end или back-end, и двете ми беа интересни. Затоа се одлучив full-stack програмирање. Сметам дека еден full-stack програмер е спремен да работи и на серверска и на клиентска страна, што според мене тоа е предизвикувачки и интересно. 

 

Сподели ни нешто повеќе за твоето искуство како студент на Академијата за Full-Stack програмирање. Дали ги исполни твоите очекувања и ти помогна да ја направиш посакуваната кариерна трансформација?

Академијата ги исполни моите очекувања. Не се чувствував спремна за работа после завршувањето на факултетот, а Академијата имаше сè што ми беше потребно за да се почувствувам спремна за работа и да ја започнам својата кариера. Сите ментори на Академијата беа посветени максимално да ни го пренесат своето знаење. Работата на реални проекти беше многу предизвикувачка, но воедно одличен дел од програмата. Исто така, тимските работилници беа многу добар дел од Академијата бидејќи учевме и се развивавме во тим, а покрај тоа и се дружевме.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто? Исто така, кој беше најголемиот предизвик со којшто се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Тешко е да се издвои, сите модули ми беа интересни. Ако треба да се одлучам, поинтересно ми беше JavaScript и PHP – OOP. Најголем предизвик ми беше Laravel. Успеав да го совладам со многу труд, читање, истражување и трпение!

 

Твојата кариера како Full-Stack Developer (technical consultant) ја започна во компанијата IWConnect. Каков беше процесот за да стигнеш до овде?

Процесот започна со интервју. Првото интервју беше вовед/интро во коешто ми беше презентиран начинот на работа на компанијата. Потоа се договоривме за уште едно интервју кое беше техничко интервју, траеше околу час и половина на коешто ми беа поставувани прашања во врска со технологиите кои ги познавам, и исто така ги разгледувавме моите проекти. После второто интервју добив понуда за работа. 

 

Раскажи ни повеќе за твоето ново работно место, која е областа на работа на оваа компанија?

IWConnect е глобална, мултидисциплинарна, консултантска компанија за интеграција фокусирана на стратегија, управување со податоци, web development, аналитика, инфраструктура и овозможување на раст.

 

Како изгледа еден твој работен ден? Можеш ли да ни откриеш на што работиш и кои технологии ги користиш?

Во фирмата каде што работам, имам хибридни работни денови. Вообичаено, 2 дена работам од дома, 3 дена во канцеларија или обратно. Работното време ми е флексибилно од 8 до 10 часот, најчесто одам во 9 часот и си заминувам во 17 часот. При пристигнување на работа, ги проверуваме мејловите и тасковите, како и што треба да се изработи. Атмосферата во компанијата е супер, колегите се добри и секогаш тука за да ми помогнат околу се́. Технологиите кои ги користам се: JavaScript, React, Laravel и SQL.

 

Кој е твојот совет за сите оние коишто сакаат да ја направат својата кариерна трансформација во оваа професија?

Мој совет е ако ги влече оваа професија, го сакаат тоа искрено, да се трудат многу, да имаат трпение и да не се откажуваат на својот прв пад или неуспех. Многу труд, напорна работа, храброст и верување во себе, на крај секогаш ќе се успее. 

 

И за крај, кои се твоите планови за во иднина?

Моите планови се да изучувам нови технологии и да се развивам се́ повеќе и повеќе во тие технологии кои веќе ги познавам. Со цел да имам добро работно искуство и да станам еден ден Senior Developer.

 

Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!