Во претходната блог објава, имаше можност да ја запознаеш Тамара Блажевска од Академијата за Човечки Ресурси и да прочиташ повеќе за нејзиното искуство и како таа си поминува на предавањата.
Нејзината желба за постојано да ги надградува своите вештини и да учи нови работи, резултираа со кариерна трансформација и работна позиција како Recruitment Marketing Manager во компанијата Ten Eks Global.
Прочитај повеќе што ни раскажа Тамара за нејзиното искуство на Академијата за човечки ресурси и новата работна позиција
Здраво Тамара, ние од Академијата за човечки ресурси те познаваме, но што би споделила за останатите? Која е Tамара?
Здраво! Пред сѐ, ви благодарам на честитките. Јас сум Тамара, студент на Академијата за човечки ресурси. Често сакам да учам нешто ново и сакам да ги надградувам своите вештини, па така се најдов на оваа Академија каде правам комплетна кариерна трансформација.
Пред сѐ, честитки за истрајноста и новото работно место. Дел си од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е self-paced, постојано се работи во тимови и треба да изработите многу задачи и студии на случај. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?
Самата Академија и материјалите кои ги изучувавме ми помогнаа да го проширам моето знаење и да ги надградам своите вештини, за да можам да започнам да работам во областа на човечки ресурси. Совладувањето на сите модули ми помогна да можам да го искористам своето знаење и надвор од Академијата. Модулот за регрутација ми помогна најмногу за почетокот на мојата кариера бидејќи работам баш на таа позиција, но знам дека сите останати модули си имаат посебна улога и помош во тоа како ги завршувам обврските коишто ги имам во текот на денот.
Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијата Ten Eks Global. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.
Ten Eks Global е приватна компанија, која е основана во Скопје – Македонија и која работи на проекти како outsourcing за клиенти со седиште во USA. Проектите вклучуваат: техничка поддршка на транспортните и осигурителните индустрии, вкучувајќи ги insurance, accounting, billing итн.
Која е твојата работна позиција и како изгледа еден твој работен ден?
Мојата работна позиција е Recruitment Marketing Manager. Одговорностите на мојата позиција, во текот на еден работен ден се: координирање на активности за брендирање на работодавачот, збогатување на нашата web страница и социјалните медиуми со објави, споделувам огласи за работа на различни онлајн платформи и работам на изработка на насочени описи за новите работни места. Поставуваме цели во тимот, ги следиме перформансите и ги пријавуваме резлутатите, а исто така, обезбедуваме обука за новите членови на тимот. Мојата цел е привлекување и вработување кандидати за работа на отворените позиции.
Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?
Работиме на идентификација на потребите за вработување и креирање опис на работната позиција, планирање на регрутациска стратегија преку оглас, селекција и подготовка на понуда за работа и слично.
И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувала сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат човечки ресурси?
Би ги советувала воопшто да не размислуваат, туку да се запишат на Академијата за човечки ресурси. Програмата е креирана на начин што има флексибилно време за секој што може да учи, сака да напредува во својата кариера или за промена на својата работна позивија. Можам да ви потврдам дека е една од најдобрите академии.
Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!