Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите.
Секој месец избираме по еден студент од секоја Академија – студент што се истакнува како најпосветен и најупорен, и како таков ќе биде дел од Dream Team-от.
Напорната работа секогаш дава добри резултати. Запознајте ги нашите Dream Team студенти за месец септември:
1. Марјан Горчески – Академија за Data Science
Марјан Горчески – Dream Team студент на Академијата за Data Science
2. Ива Јаскоска – Академија за Project & Product менаџмент
Ива Јаскоска – Dream Team студент на Академијата за Project & Product Management
3. Антонијо Стојановски – Академија за Човечки Ресурси
Антонијо Стојановски – Dream Team студент на Академијата за Човечки Ресурси
4. Ева Ристова – Академија за UX/UI дизајн
Ева Ристова – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн
5. Игор Талевски – Академија за Full-Stack програмирање
Игор Талевски – Dream Team студент на Академијата за Full-Stack програмирање
6. Ивона Момчиловска – Академија за Front-End програмирање
Ивона Момчиловска – Dream Team студент на Академијата за Front-End програмирање
7. Симона Симоновска – Академија за графички дизајн
Симона Симоновска – Dream Team студент на Академијата за графички дизајн
8. Људмила Коруновска – Академија за дигитален маркетинг
Људмила Коруновска – Dream Team студент на Академијата за дигитален маркетинг
9. Магдалена Димитриевска – Академија за Software Testing
Магдалена Димитриевска – Dream Team студент на Академијата за Software Testing
Ова се студентите кои покажаа ентузијазам, иницијатива и пронајдоа нови начини да бидат инволвирани за време на заедничките активности. Со видна креативност и самодисциплина, ги користеа своите инстинкти за совладување на проблемите независно, но и покажаа конзистентна соработка со инструкторите и останатите студенти. Останаа фокусирани на сè што им беше зададено, при што покажаа и транзиција без проблем помеѓу активностите во Академијата и надвор од неа, а исто така, останаа и посветени за достигнување на нивниот потенцијал. Нивните проекти и задачи ги извршија комплетно, уредно и со неверојатна организација со што ги надминаа и нашите очекувања.
На крај, сакаме да им кажеме фала на студентите од Dream Team-от кои ни овозможија да го извршиме нашиот дел како ментори, бидејќи иако нашата работа е да создадеме средина погодна за учење, вие создадовте средина погодна за предавање.
Уписите за Академиите се во тек, резервирај си место тука!
