Запознај ги модулите – Буџетирање на проекти и закажување на активности

Креирањето на наставната програма на Академијата за Project & Product Management, се базира на постојана анализа и следење на последните ИТ и дигитални трендови во индустријата и пазарот на труд. Исто така, програмата константно ја подобруваме врз основа на постојаниот фидбек од искуството на студентите и евалуациите за нивната успешност.  

Во оваа блог објава, ќе се запознаеш со модулот – Буџетирање на проекти и закажување на активности, каде ќе дознаеш како да планираш и да се држиш до предвидените временски ограничувања и ограничување на трошоците, со цел успешно реализирање на проектот.

Марјан Ѓорѓиев е нашиот инструктор на Академијата за Project & Product Management кој го предава овој модул.

 

Во продолжение, одговори на најчесто поставуваните прашања за Буџетирање на проекти и закажување на активности:

 

Што се изучува на модулот?

Добриот распоред и закажување на активностите во текот на проектот им помага на сите членови на проектниот тим да работат на синхронизиран начин со цел исполнување на целите на проектот. Реалистичното буџетирање на проектот со точна проценка на планираните трошоци е исто основен предуслов за успешен проект. 

 

Зошто е важно да се изучува овој модул?

Тука ќе научиш да планираш активности и како да се држиш до временските ограничувања што ги дава проектот и ограничувањата на трошоците што ги налага проектот, со цел успешна реализација и имплементирање на истиот.

 

Која е практичната примена на модулот во секојдневниот живот?

Ова е еден од најпредизвикувачките модули, без сомнение. Некои проектни менаџери велат дека ако го совладаш ова си сериозно навлезен во оваа професија, бидејќи е доста предизвикувачки од теоретски аспект, но и од практичен. Програмата е направена на начин што ќе се запознаеш со буџетирањето од самиот корен, па сѐ до буџетирањето на огромните проекти. 

 

Каков тип на предизвик или проект се изработува во склоп на модулот и што ќе научат студентите по завршување на истиот?

Се работи на планирањето на активности и буџетирање на проектите кои студентите сами ги имаат осмислено. Тука веќе подетално навлегуваме со цел да се активира логиката, како и да се поттикнат организациските вештини и креативноста во групите.

 

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Related Stories For You

Trending Stories That Might Interest You