10 работи кои ги научивме од предавањето за графички дизајн со Ана

Сакаш да започнеш кариера во светот на графичкиот дизајн, но не знаеш од каде да започнеш?

Или пак веќе имаш познавањe од алатките за графички дизајн, но потребна ти е помош околу реализацијата на твојата идеја?

Дознај повеќе од Ана Тодоровска – инструктор на нашата Академија за графички дизајн, а воедно и графички дизајнер со повеќе од 16 години работно искуство. Таа е дел од креативниот тим на маркетинг агенцијата Идеа Плус и во своето портфолио има проекти како фриленсер и соработки со голем дел од домашни и интернационални брендови.

 

Во продолжение, најважните работи кои ги научивме на предавањето:

 

  • Дали сум доволно креативен за да бидам графички дизајнер?

Одговорот е ДА. Бидејќи креативноста е нешто кое се поттикнува, вежба, негува и се развива постојано. 

 

  • Како се развива креативноста?

Секако со посетување на изложби, со барање на инспирација, со следење на туѓи примери, постојано читање и истражување, константна едукација, следење на трендовите и гледање на подкасти.

 

  • Дали треба да знам да цртам за да бидам графички дизајнер?

Одговорот е НЕ! Бидејќи постојат многу одлични и успешни графички дизајнери кои не знаат да цртаат, но знаат да направат совршено графичко дело. 

 

  • Дали треба да имам предзнаења?

Исто така, одговорот е НЕ! Сѐ она што е потребно да го знаете за да стартувате кариера во областа на графичкиот дизајн, можете да го научите на Академија за графички дизајн. Единствено што треба да се има е љубов кон дизајнот!

 

  • Зошто графичкиот дизајн е најважната споредна работа во светот?

Графичкиот дизајн е насекаде околу нас. Од производите во маркет, до знаците и билбордите кои ги гледаме секојдневно. Тој е спојување на елементи во естетски добра и функционална целина со која сакаме да пренесеме некоја порака.

 

  • Што можам да работам ако сум графички дизајнер?

Прва асоцијација за графички дизајнери е дека работат во маркетинг агенции, графички студиа, печатници, меѓутоа како поминува времето и се сфаќа значењето на графичкиот дизајн, повеќето компании ангажираат свои дизајн тимови. Исто така, може да се работи фриленс на различни проекти или пак на сток платформи.

 

  • Кој е текот на креативност процес?

Процесот се состои од: брифирање, истражување на пазарот, истражување на конкуренцијата, барање на инспирацијата, идеја, проверка на идејата, скицирање и на крајот – реализација.

 

  • Повеќе за процесот што те носи до успехот!

За успех е потребно: трудољубивост, посветеност, автентичност, исполнителност и вложени емоции.

 

  • Зошто ја одбрав оваа професија?

Бидејќи ми ја дава потребната слобода, постојано учам нови работи, имам можност да запознавам нови луѓе и да остварувам многу нови соработки. Но, секоја професија има свои „маани“, па затоа треба да се внимава и на: притисокот при работа, егото секогаш да е под контрола, соочување со непријатни клиенти и продолжено работно време.

 

  • Зошто Академија за графички дизајн?

Бидејќи вложувањето во образование е вложување во себе. Постои конкретна програма составена од предмети редоследно за изучување. Посебен тим кој те води низ целиот процес. Учиш од искуството и примерите на инструкторите. Ќе го научиш целиот процес, преку работа на реални проекти за реални клиенти и ќе имаш можност за конекции со луѓето од оваа бранша.

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во текИнтересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн, студентите учат преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и врвни инструктори!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.