Креирањето на наставната програма на Академијата за Човечки Ресурси, се базира на постојана анализа и следење на последните ИТ и дигитални трендови во индустријата и пазарот на труд. Исто така, програмата константно ја подобруваме врз основа на постојаниот фидбек од искуството на студентите и евалуациите за нивната успешност.
Во оваа блог објава, ќе се запознаеш со модулот – Регрутација, селекција и онбординг на вработени, каде ќе ја дознаеш важноста на поврзување на целите за вработување со стратегијата на организацијата.
Лилјана Секуловска е нашиот инструктор на Академијата за Човечки Ресурси која го предава овој модул.
Во продолжение, одговори на најчесто поставуваните прашања за Регрутација, селекција и онбординг на вработени:
Што се изучува на модулот?
Како што ќе откриеш за време на овој модул, критична компонента на функцијата на човечки ресурси е да вработи талентирани луѓе кои ќе ѝ овозможат на организацијата да ги постигне своите стратешки цели. Ќе ја дознаеш важноста на поврзување на целите за вработување со стратегијата на организацијата. Исто така, ќе научиш за тековните предизвици во регрутирањето на таленти и начините на нивно надминување преку паметно искористување на социјалните медиуми и аналтика поврзана со процесот на регрутирање за да се обезбеди поквалитетно вработување.
Зошто е важно да се изучува овој модул?
Ако во иднина се гледаш како HR професионалец кој сака да работи во овој дел од менаџментот на човечки ресурси, овој модул е апсолутно еден од најважните за тебе. Но, и да одлучиш да чекориш по некоја друга патека во HR светот, сепак корените на управувањето со човечки ресурси се во: регрутација, интервјуирање и селекција на кандидати.
Која е практичната примена на модулот во секојдневниот живот?
Модулот има широка примена и огромно значење за нашите студенти – идни HR професионалци. Студентите кажуваат дека овој модул им помага во делот на учење на алатки како LinkedIn Recruiter Lite и изучување на целиот процес на интервјуирање, што во иднина ќе им помогне при процесот на барање работа, но и понатаму кога би биле од другата страна, како регрутер.
Кои се кариерните можности на еден професионалец во овој домен?
Може да се работи како: HR регрутер, HR менаџер, Talent Acquisition и ред други работни позиции.
Каков тип на предизвик или проект се изработува во склоп на модулот и што ќе научат студентите по завршување на истиот?
Вежбите со кои започнуваме се во делот на talent sourcing. Понатаму имаме процес на целосно градење на една позиција, со пишување на оглас, интервјуирање и селекција на кандидати. Откако ќе се заврши тоа, следува креирање на онбординг за кандидатот кој сме го одбрале, па сѐ до поставување на стратегија за одредени вработени.
Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!