Запознај ги модулите – Основи на управување со проекти

Креирањето на наставната програма на Академијата за Project & Product Management, се базира на постојана анализа и следење на последните ИТ и дигитални трендови во индустријата и пазарот на труд. Исто така, програмата константно ја подобруваме врз основа на постојаниот фидбек од искуството на студентите и евалуациите за нивната успешност.  

Во оваа блог објава, ќе се запознаеш со модулот – Основи на управување со проекти, каде ќе дознаеш повеќе за основите на менаџирање со проекти и ќе добиеш подлабоко разбирање за улогата и одговорностите на проект менаџерот при учеството и водењето на еден проект.

Огнен Трипуноски е нашиот инструктор на Академијата за Project & Product Management кој го предава овој модул.

 

Во продолжение, одговори на најчесто поставуваните прашања за Основи на управување со проекти:

 

Што се изучува на модулот? 

Основи на управување со проекти е првиот модул кој се изучува на Академијата и претставува еден вид на вовед кон проектното менаџирање. Се изучуваат терминиологиите кои се користат во оваа област, како и основите на проектното менаџирање. Се изучува и улогата на проектните менаџери, процесите, процесните групи итн.

 

Зошто е важно да се изучува овој модул?

Како и секој воведен модул, ова е првата точка на запознавање со средината, исклучително важно тука е на студентите да им се долови сликата и да им се даде основата за понатамошното изучување на Академијата. 

 

Која е практичната примена на модулот во секојдневниот живот?

Овој модул има најмногу поврзаност со секојдневниот живот, затоа што проектното менаџирање е всушност многу застапено и во секојдневните обврски. Многу од студентите тука разбираат дека некогаш во животот работеле на проекти, но сега всушност сфаќаат дека тоа било проектно менаџирање. 

 

Кои се кариерните можности на еден професионалец во овој домен?

Со изучување на останатите модули, сите студенти имаат шанса на промена на кариера, унапредување на својата или пак започнување кариера како проектни менаџери, проектни асистенти, координатори во најразлични компании.

 

Каков тип на предизвик или проект се изработува во склоп на модулот и што ќе научат студентите по завршување на истиот?

Предизвиците се поврзани со тоа што претставуваат проектите и што е проектното менаџирање. Осврт на животот или кариерата и разработка и кратка анализа на три проекти во кои студентите учествувале. Проектите кои ги одбираат студентите се од нивната работа, а некогаш дури може да биде и организирање на свадба или градење на куќа, со цел да разбереме најпрво што претставува проект, па понатаму ќе преминеме на подлабинско учење на целиот проектен менаџмент.

 

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Related Stories For You

Trending Stories That Might Interest You