Програмирањето е предизвикувачка, но возбудлива професија

Запознај го Божин Миовски – алумни студент на Академијата за Full-Stack програмирање кој направи комплетна кариерна трансформација.

Неговата желба за постојано учење и надградување на своето знаење, резултираше со ново работно место како Junior Back-End девелопер во компанијата AgileDrop.

 

Си поразговаравме со Божин за неговото кариерно патување

 
Здраво Божин! Пред сѐ, честитки за новото работно место! Ние на Академијата те познаваме, но што би споделил за останатите? Кој е Божин?

Здраво! За себе би кажал дека се гледам како истражувач во животот и доживотен студент, бидејќи учењето нови работи и редовното излегување од конфорната зона е клучно за одржување на агилноста на нашиот мозок. Така, од градежен факултет отидов да работам во проектантска фирма, па потоа во бетонара, во своја фирма за завршни работи во градежништво, за сега да работам како full-stack девелопер.

 

Зошто баш Full-Stack програмирање? На што се должеше твојата одлука да ја одбереш оваа професија?

Се одлучив за Full-Stack програмирање поради неодлучноста дали сум повеќе за front-end или back-end. Изборот на професијата се должеше на моето „не толку добро“ искуство во градежната индустрија. Сакав да побегнам од професија каде што за да завршиш некоја работа зависиш од локацијата, а воедно и кога ќе згрешиш, да не треба да рушиш и пак да правиш од почеток. Едноставно, го бришеш кодот и пишуваш одново. И исто така, поради можноста еден човек да креира многу поголема финансиска вредност на пазарот во споредба со другите индустрии.

 

Сподели ни нешто повеќе за твоето искуство како студент на Академијата за Full-Stack програмирање. Дали ги исполни твоите очекувања и ти помогна да ја направиш посакуваната кариерна трансформација?

Целата Академија е супер составена. Фокусот е на back-end, а сите други делови кои ги поминавме беа поставени така што можевме да добиеме некоја слика како се одвива целата работа и дури сами да знаеме во целост да поставиме своја апликација.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто? Исто така, кој беше најголемиот предизвик со којшто се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Најинтересен модул ми беше PHP бидејќи првпат се сретнав со програмирање и решавање на back-end проблеми. Сето тоа ми беше ново и доста возбудливо, иако на почетокот пишувавме: “$a = 5; $b = 6;  $x = $a + $b; echo $x;” и во browser гледаш 11. Најголемиот предизвик беше (до одреден степен сѐ уште е) разбирањето на објектно ориентираното програмирање. Кога еднаш ќе светне сијалицата и ти се разјаснат работите, ја разбираш моќта на ООП. Тој предизвик го надминав кога почнав да работам. Многу прашував и се обидував да си правам аналогии со реалниот свет што го познавам. 

 

Твојата кариера како Junior Back-end Developer ја започна во компанијата AgileDrop. Каков беше процесот за да стигнеш до овде?

Процесот траеше околу 4 недели, од спремањето на CV и еден документ со наслов: „Што можам да ѝ понудам на вашата фирма?“ до понудата за работа. Првата недела направив истражување. Направив список на фирми кои бараат програмери, кои се најчестите прашања на интервјуата и еден Excel документ со фирмите каде што се пријавувам. Испратив 30+ пријави, од кои на повеќе од пола не ми одговорија. 

Во AgileDrop добив одговор многу брзо (во рок од 2-3 дена). Прво имав воведно интервју кое траеше околу 30 минути со Development Manager-от во канцеларијата каде што би работел. После тоа, имав интервју со HR кое траеше околу 1 час. После интервјуто со HR, имав техничко интервју кое траеше околу час и половина. Истиот ден кога имав техничко интервју со Development Manager-от, добив и задача за која имав 3 дена да ја решам. Кога ја решив задачата, имав уште околу 30 минути Code review. Кога заврши целата постапка во рок од 2 работни дена добив понуда за работа.

 

Раскажи ни повеќе за твоето ново работно место, која е областа на работа на оваа компанија? 

Моментално работам како Back-end developer во Drupal, којшто е изграден на Symfony framework-от. AgileDrop се бави со изработка на интернет страници и апликации (изработени во Drupal, целосен front-end и back-end, како и decoupled front-end во javascript), каде што клиентите се од целиот свет, претежно Европа и Америка.

 

Како изгледа еден твој работен ден? Можеш ли да ни откриеш на што работиш и кои технологии ги користиш?

Почнувам со работа помеѓу 8 и 10 часот наутро, зависи колку ми се спие и најпрво кога ќе пристигнам во канцеларија, уклучувам Docker и го стартувам DDEV, проверувам мејлови и Slack, па започнувам со работа на задачите. Моментално сум сѐ уште на Onboarding проект каде што се запознавам со Drupal. Планот е овој месец да почнам со работа на првиот проект со клиент за којшто и моментално се спремам. 

 

Кој е твојот совет за сите оние коишто сакаат да ја направат својата кариерна трансформација во оваа професија?

Заради специфичноста на професијата, мојот совет е да се запишаат на Академија и максимално да прашуваат околу нејаснотиите. Работата е таква што секогаш ќе налетаат на некоја препрека во учењето и многу лесно може да се заглави 3 дена на некоја мала „глупост“, што некој ќе ти ја реши во 2 минути. Поради таквите ситуации некогаш е многу лесно да изгубиш мотивација и да се откажеш доколку учиш сам. Тоа беше и една од причите зошто се запишав на Академијата за Full-Stack програмирање. Друга од причините беше самодисциплината за конзистентно самостојно учење. 

 

И за крај, кои се твоите планови за во иднина?

Моментално не размислувам многу за што точно ќе правам во иднина ама во секој случај е константо учење и напредување на ова поле. Покасно, дали ќе се одлучам да се искачувам по добро познатиот Corporate ladder или да основам своја фирма, во овој момент мислам дека не е важно. Најважно во првата година-две мислам дека е акумулирање на знаење и запознавање на функционирањето на индустријата. Кога ќе го освојам PHP и објектно ориентираното програмирање, планот ми е да почнам со JavaScript и некој од познатите frameworks како што се React или Angular. 

 

Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!



Trending Stories That Might Interest You