Хакатоните нѐ подготвуваат за тоа што се очекува од нас како идни софтвер тестери

Запознај го Ѓорѓи Ќајев – алумни студент од Академијата за Software Testing, а воедно и дел од победничкиот тим на Хакатонот за проектот BRAINSTERPRENEURS.

Неговата максимална посветеност резултираше со практикантска позиција во литванската компанија Reiz Tech како Quality Assurance Intern.

 

Во продолжение, си поразговаравме со Ѓорѓи за неговото искуство

 
Здраво Ѓорѓи, ние од Академијата за Software Testing те познаваме, но што би споделил за останатите? 

Здраво на сите кои го читате овој блог. Како и многу други студенти од Академиите на Brainster, без некое големо познавање на ИТ светот, решив да се запишам на Академијата за Software Testing пред точно една година. 

 

Пред сѐ, честитки за новото работно место. Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Се разбира. За време на Академијата, во тие шест месеци, учевме и вежбавме на реални проекти, стекнавме знаење за да започнеме да работиме како софтвер тестери.

 

Беше дел од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е преку работа на реални проекти. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?

Најмногу ми помогна Хакатонот кој беше организиран од Академијата. Со учеството, го применив моето знаење кое го имав стекнато дотогаш. Тимска работа, споделување на информации и помош од колегите, се дел од работите кои ги среќавам и денес.

 

Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијата Reiz Tech. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.

Reiz Tech е компанија од Литванија, помага на компаниите од Централна, Северна и Источна Европа преку креирање сопствени решенија за развој на софтвер и обезбедување софтверски консултантски услуги. Гради долгорочни односи со клиентите, од анализа до имплементација и поддршка на нивните стратешки активности.

 

Која е твојата работна позиција и како изгледа еден твој работен ден?

Моментално сум вработен како Quality Assurance Intern. Денот започнува со состанок со тимот каде се разговара за сработеното од претходниот ден, што ќе се работи во тековниот и доколку имаме некаков проблем да го споделиме пред сите и заедно сите да најдеме решение. Се работи тимски, секој од колегите е достапен и отворен за помош во секое време.

 

Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?

Тестирање на софтверот, документирање и пријавување на секој пронајден баг, ретестирање на веќе поправените дефекти и багови. Се користат сите техники кои ги научив на Академијата. Користиме Azure DevOps, многу лесно се учи и е доста практична за работа.

 

И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувал сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат софтверско тестирање?

Ви благодарам. Секој оној кој сака да направи кариерна промена или можеби да се надгради во своето знаење, Академијата за Software Testing и Brainster се вистинското место.

 

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

Trending Stories That Might Interest You