Креирањето на наставната програма на Академијата за Човечки Ресурси, се базира на постојана анализа и следење на последните ИТ и дигитални трендови во индустријата и пазарот на труд. Исто така, програмата константно ја подобруваме врз основа на постојаниот фидбек од искуството на студентите и евалуациите за нивната успешност.
Во оваа блог објава, ќе се запознаеш со модулот – Управување со перформансите на вработените, каде ќе дознаеш за компетенциите и клучните процеси што ќе ти требаат да им помогнеш на своите вработени да ги усогласите целите на лично и организациско ниво.
Викторија Дамчевска е нашиот инструктор на Академијата за Човечки Ресурси која го предава овој модул.
Во продолжение, одговори на најчесто поставуваните прашања за Управување со перформансите на вработените:
Што се изучува на модулот?
Управувањето со перформансите на вработените е процес што им помага на менаџерите да го извлечат најдоброто од своите вработени. Во овој модул ќе дознаеш за компетенциите и клучните процеси што ќе ти требаат да им помогнеш на своите вработени да ги усогласите целите на лично и организациско ниво. Овие вештини вклучуваат поставување јасни очекувања и KPIs, обезбедување позитивен и корективен фидбек, како и доставување ефективна проценка на успешноста за секој од вработените.
Зошто е важно да се изучува овој модул?
Перформанс менаџментот влече корени уште од почетокот на минатиот век и се развива во различни аспекти, дел од нив ги задржува до ден денес, а во некои контексти се променува до степен на деформализирање на перформанс менаџментот и давање на постојан фидбек. Има различни придобивки од користењето на перформанс менаџментот, групирани во: придобивки за менаџерите, за вработените, за организацијата и за HR професионалците.
Која е практичната примена на модулот во секојдневниот живот?
Секој оддел за човечки ресурси мора да се грижи за овој дел од работењето на компанијата, со цел да се имаат секогаш задоволни вработени и загарантиран успех на целата компанија.
Каков тип на предизвик или проект се изработува во склоп на модулот и што ќе научат студентите по завршување на истиот?
Самиот модул покрај делот со квизови, изобилува со практични вежби и примери. На крајот од самиот модул, студентите се делат во групи и работат на една од најинтересните вежби на Академијата. Фидбекот од нашите студенти е дека ова им е еден од најинтересните предизвици на Академијата и една од вежбите на која учат многу и практично ја применуваат и во другите модули.
Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!