Запознај ја Моника К. Јакимовски – студент на нашата Академија за Software Testing која се реши да направи комплетна кариерна трансформација.
Неколку месеци од стартот на предавањата, по совладување на модулот Scrum, Моника се вработи како Scrum Master во белгиската компанија Vox.
Си поразговаравме со Моника за нејзиното кариерно патување
Здраво Моника, ние од Академијата за Software Testing те познаваме, но што би споделила за останатите?
Здраво, јас сум Моника, студент на Академијата за Software Testing на Brainster, како и дипломиран менаџер по менаџмент на човечки ресурси, а моментално вработена на позицијата Scrum Master во Vox (Vox Teneo).
Пред сѐ, честитки за новото работно место. Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?
Благодарам! Подолго време размислував за промена на професија и влегување во IT светот, па така со малку истражување, како и во консултација со вработените од Brainster, оваа Академија делуваше најсоодветна. Brainster го одбрав бидејќи имав блиски луѓе кои веќе имаа позитивно искуство на академиите кои ги нуди – и воопшто не погрешив.
Дел си од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е преку работа на реални проекти. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?
Scrum беше првиот модул од Академијата кој го совладав, и некаде кон средина на Академијата ми се отвори можноста за промена на професијата во IT светот, а поврзана со тој модул. Со секој нареден час, модул и проект на Академијата сте чекор поблиску до нова кариера.
Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијата Vox. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.
Станува збор за белгиска IT компанија, која развива дигитални решенија користејќи иновативни технологии со цел да се задоволат потребите на клиентите и корисниците на најоптимален начин.
Која е твојата работна позиција и како изгледа еден твој работен ден?
Мојата работна позиција е Project Manager/Scrum Master, и работниот ден генерално се состои од состаноци, координирање и организација со цел олеснување на работниот процес. Како вработена во IT компанија имам прилика да следам одблизу како сето тоа функционира, вклучувајќи го и софтверското тестирање.
Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?
Позицијата опфаќа следење и координирање на работните задачи на development тимот и на процесите преку Target Process, следење на квалитетот, целите и резултатите и останати задолженија преку кои се имплементира Scrum како проектен пристап во кој со тимска работа се овозможува побрзо лансирање на производот и негово понатамошно континуирано подобрување.
И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувала сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат софтверско тестирање?
Благодарам уште еднаш! Секој кој размислува во тој правец – би го посоветувала да не се двоуми да направи кариерна промена. Академијата ги овозможува сите услови и е одлична основа за вашата нова кариера, и со вашата дополнителна посветеност и упорност – успехот е неминовен.
Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!