Главната мисија на Brainster е да ги подготви индивидуалците за кариера од 21 век преку совладување на дигитални и други вештини на иднината, со цел тие да останат релевантни во новиот технолошки свет.
Секој вработен во Brainster e целосно посветен на оваа мисија и прави сѐ за на студентите да им помогне да дојдат до просперитетна кариера преку едукација.
Во оваа блог објава од серијалот We are Brainster, ќе ја запознаете Јана Тодоровска, Team Lead на Co-innovation & Hiring.
Таа е креативна и енергична личност, а воедно и човекот кој се грижи за обезбедување на реални проекти за студентите и за склучување на партнерства со компании кои вработуваат студенти од Brainster.
Дополнително, Јана е алумни студент од Академијата за дигитален маркетинг, која веднаш по комплетирањето на програмата, започна да работи во Brainster.
Дознајте што таа имаше да ни сподели околу тоа како ѝ поминува работниот ден, што ја прави исполнета и што ја мотивира, но и како Brainster ѝ помага да се оствари на сите полиња.
Здраво Јана, можеш ли да ни споделиш повеќе детали за твојата работна позиција, по што е истата специфична?
Јас сум дел од тимот за ко-иновации и вработување – а тоа значи дека сум дел од (dream) тимот кој се грижи за обезбедување на реални проекти за студентите во текот на нивното студирање и за склучување на партнерства со компании кои вработуваат студенти од Brainster.
Позицијата е специфична, почнувајќи од името, па сè до предизвикот што го носи самата позиција. Меѓутоа, самата специфичност ѝ дава голема тежина бидејќи нашиот тим е тимот кој работи на зголемување на вработливоста на сите наши студенти или индикаторот кој влијае на нивната кариера по завршување на академиите.
Никогаш нема да го заборавам првиот ден кога започнав да работам во овој тим и кога сè ми беше ново и нејасно. Тогаш една колешка ми кажа „Еј, свесна ли си дека со ова менуваме човечки животи?”. Не ѝ верував, сè додека не го репортирав првото вработување.
Возбудата беше иста за секое наредно, како за мене, така и за целата наша организација.
Како изгледа еден типичен ден во животот на Team Lead на Co-innovation & Hiring?
Многу динамично, многу интересно и многу состаноци. Еден типичен ден почнува доста рано со прегледување на моменталната ситуација на вработените студенти, испратените препораки, тековните и потребата од нови реални проекти. Доста мирен почеток. 🙂
Некаде во втората половина од денот почнуваат сите телефонски повици, редовни состаноци со компании партнери, остварување на контакти со нови потенцијални партнери итн.
Секако, помеѓу сите овие обврски секогаш одвојуваме време за тимски sync состаноци, меѓутоа и редовни deep work сесии.
Дефинитивно, она што е најисполнително од работата во овој тим е кога секоја среда репортираме колку вработувања имало во текот на неделата и месецот, или кога низ град гледаме продукти кои ги креирале нашите студенти. Гордо си се фалам со сите од нив.
Што правиш во слободно време, дали имаш некое хоби и кои се твоите интереси?
Во случај да не ме видите во Brainster, најверојатно ќе ме начекате на точак низ Дебар Маало или на Водно. Убедливо најголемо хоби и љубов ми се точаците, секаде и секогаш со мене!
На страна од секојдневното хоби, обожавам музика и едно поново хоби ми е грамофонот и опсесивното копање на нови плочи. Музиката од секогаш ми била пасија, па веројатно собирањето на плочи ми е надомест за тоа што никогаш не научив да свирам на инструмент, ама верувајте знам да направам невидено добра плејлиста. 🙂
Од твоја перспектива, колку придобивките кои ги нуди Brainster ти помагаат во балансирање на приватниот и професионалниот живот?
Сум човек кој си го почитува слободното време и успешноста на професионален план во голема мера ми зависи од тоа колку време посветувам на себе и на луѓето околу мене.
Би рекла дека флексибилноста и можноста за самоорганизирање на времето се огромен бенефит за мене, ми овозможуваат контрола во остварување на мојот „перфектен” баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот.
Во првиот блог што го пишував за Brainster, ме опишаа со многу, многу работа и многу, многу забава, уште не е ништо сменето.
За крај, што би ни кажала за Brainster како компанија и начинот на кој ти дава поддршка?
Поддршката ја имаме преку низата од бенефитите кои си ги носи организацијата – хибриден модел на работа, неограничени денови одмор, work from anywhere, супер канцеларии и ред други поволности.
Меѓутоа, едно нешто што е уникатно е тимот – тимот којшто секогаш опсесивно и мотивирано работи кон остварување на визијата на организацијата. Тим кој инвестира во учење, растење и градење на секој човек поединечно според неговите квалитети и неговите јаки страни.
Можеби звучи клише, ама цврсто верувам дека ваков тим нема никаде во светот, кој сака да ме премисли слободно може да се проба. Challenge accepted. 😎
Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.
Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.