Brainster билтен: Новости од заедницата / Септември 2022

Годинава Brainster го слави 7-миот роденден. Од организација со само неколку вработени во 2015, Brainster денес е компанија со 50+ full time вработени и 150+ соработници, обединети од интелектуална љубопитност и пасија за креирање на квалитетни образовни продукти.

Уште од почeтоците, една од најважните цели на нашата организација е да обезбеди висококвалитетно образование за професиите од 21-от век! Денес, после 7 години постоење, низ нашите академии и курсеви имаат поминато над 11.000 студенти од 4 држави. Покрај нашите добро познати академии, отсега го имаме и Brainster Next College, првиот акредитиран практичен ИТ факултет.

Новостите од месец септември се однесуваат на: 7 години Brainster, запознавањето со новите студенти кои се решија да почнат да учат оваа есен, подобрување на искуството, новите успеси на нашите алумни и вработувањата со кои беше награден нивниот труд.

 

Дознај повеќе за последните новости од Brainster заедницата

 

 

  • Се запознавме со новите студенти кои ќе започнат да учат оваа есен!

Им посакавме добредојде на нашите нови студенти кои го направија првиот чекор кон нова кариера и дигитална трансформација! Во нашите простории се одржаа Opening Networking настани, каде што се запознавме со студентите од:

  1. Академијата за Front-End програмирање – групи 9 и 10;
  2. Академијата за графички дизајн – групите 19 и 20;
  3. Академијата за дигитален маркетинг – групите 34 и 35;
  4. Академијата за Software Testing – групите 15 & 16.

 

 

  • Brainster тимот – професионалци обединети од долгорочна мисија

Главната мисија поради која пред 7 години e основан Brainster, најуспешната EdTech организација во земјава и денеска е заедничка цел на сите вработени. Со сето наше знаење и многу труд, ние на поединците им овозможуваме подготовка на кариерен развој, преку совладување на дигитални и други вештини релевантни во новиот работен свет. Наша визија е да ја поддржиме дигиталната трансформација на глобално ниво, преку создавање на подобра иднина за многу луѓе во текот на целиот процес. Дознај повеќе!

 

 

  • 7 години Brainster – писмо од Петар Ниновски

Од стартап компанија со ограничени ресурси и 3 вработени во 2015 година, до лидери во образованието во Македонија денес. Основачот Петар Ниновски напиша отворено писмо по повод 7-миот роденден на Brainster, во кое се осврнува и на идните планови на организацијата. Дознај повеќе!

 

 

  • Како Brainster инструкторите ја обликуваат новата генерација лидери

Инструкторите на Brainster се професионалци цврсто решени несебично да го споделат своето знаење и практичното искуство од индустријата. Тие помагаат да ја обликуваме новата генерација лидери во повеќе области, но и да ги обучиме професионалците како да „фатат“ чекор со вештините на 21 век. Дознај повеќе!

 

 

  • Гордоста на Brainster – програмата за Co-innovation & Hiring

Студентите на Brainster академиите, добиваат огромна поддршка од компаниите од индустријата во текот на нивното учење, но и откако ќе ги завршат академиите. Ова е овозможено преку нашата програма за Co-innovation & Hiring. „Секоја година многубројни домашни и интернационални компании и организации соработуваат со нас и нашите студенти на реалните проекти. На крајот на соработката компаниите добиваат практично и иновативно решение кое им помага во развојот на бизнисот“, вели Јана Тодоровска Team Lead на Co-innovation & Hiring во Brainster. Дознај повеќе!

 

 

  • 7 години Brainster! 7 успешни приказни од Brainster заедницата!

Секоја наша успешна приказна што сме ја објавиле за нашите сегашни студенти или за некој од алумни заедницата содржи неколку клучни зборови: желба, учење, труд, инвестиција, храброст, промени, посветеност… Ова не е случајност, бидејќи да се биде студент на Brainster академиите, потребно е да се има многу волја за учење, за промени, желба за развој и да се биде максимално посветен кон кариерниот напредок. Ова се Карла, Александра, Валериа, Илинка, Владимир, Борче и Симона, 7 наши студенти и алумни со кои се гордееме! Дознај повеќе!

 

 

  • Успешни бизнис приказни од Brainster алумни-заедницата

Нови работни места и кариерни предизвици, вработувања во домашни и странски компании, но и отворање на свои бизниси… Дел од студентите се охрабрија и отворија сопствени компании или вештините со кои се здобија, ги употребуваат за уште поголем развој на своите фирми и организации. Дознај повеќе!

 

 

  • Нови достигнувања на нашите студенти!

Изминатиов месец, 38 од нашите студенти ја лансираа својата кариера во повеќе од 20 домашни и интернационални компании. Исто така, беа реализирани 6 реални проекти за нашите партнери за ко-иновации, а исто така беше склучено и 1 ново партнерство!

 

 

  • Успешни Brainster приказни – Август 2022

Програмата што ти овозможува вработување е програмата што функционира. Во повеќето домашни и интернационални компании, 20 од нашите студенти направија значаен кариерен раст и развој. Главната цел на тимот за ко-иновации и вработување на Brainster е овозможување на кариерна трансформација и професионален развој на нашите студенти. Прочитај ги инспиративните приказни на нашите студенти!

 

 

  • Запознај го тимот на Brainster!

Го создадовме блог серијалот „We are Brainster“ за да ви ги претставиме членовите на нашиот тим кои постојано се грижат за поквалитетна едукација и подобро искуството на студентите. Дознај повеќе што ни раскажаа:

  1. Влатко Тучев – Data Analyst во тимот на Brainster;
  2. Стефан Цеков – Full-Stack Developer во tech тимот на Brainster;
  3. Татјана Јанева – Менаџер на секторот за човечки ресурси во Brainster;
  4. Стефан Палитов – Video Production менаџер во тимот на Brainster.

 

 

  • Интервју со Ива Дујак: Најголема гордост е нашиот тим!

Ива Дујак е технички директор во маркетинг агенцијата Brand Union, една од многуте Co-innovation & Hiring компании со кои Brainster соработува. „Најголема гордост е нашиот тим. Без толку супер и стабилна екипа која со години е заедно, не би бил ист ниеден од проектите со кои сега гордо можеме да се пофалиме“ – вели таа. Дознај повеќе!

 

 

  • Посета на печатница

Со цел да го подобриме искуството на студентите кои ја слушаат програмата на Академијата за графички дизајн, организиравме посета на печатница. Заедно со инструкторот Небојша Гелевски – Бане, студентите имаа можност да ја посетат печатницата ПроПоинт и да се запознаат со нејзиниот начин на работа, како и да го видат одблизу процесот што го изучуваат. Дознај повеќе!

 

 

  • Академијата за човечки ресурси одблизу!

Го создадовме блог серијалот „Одблизу“ со цел да ви ги претставиме: моделот на флексибилно учење, проектите кои ги работат студентите, модулите кои се изучуваат, како и инструкторите кои предаваат на нашите Академии. Во вториот блог од овој серијал ќе се запознаете со прогамата на Академијата за Човечки Ресурси. Дознај повеќе! 

 

 

  • Академијата за проектен и продукт менаџмент одблизу!

Го создадовме блог серијалот „Одблизу“ со цел да ви ги претставиме: моделот на флексибилно учење, проектите кои ги работат студентите, модулите кои се изучуваат, како и инструкторите кои предаваат на нашите Академии. Дознај повеќе за:

 

 

  • Нови успешни приказни

Ги раскажавме приказните на: Влатко, Доротеа, Саша, Валериа, Даниел, Роберт, Кирил, Ана, Никола кои по завршувањето на нашите програми ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!

 

 

  • Го прогласивме Dream Team-от за претходниот месец

Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите.

 

До следниот месец!

Тимот на Brainster ❤️

Related Stories For You