Академијата за Full-Stack програмирање ги надмина моите очекувања

Запознајте го Даниел Веселинов, студент на нашата Академија за Full-Stack програмирање, а воедно и дел од Dream Team-от за месец март.

Неговата дисциплина и истрајност, како и посветеноста за време на предавањата, резултираа со вработување како Backend PHP/Laravel Developer во ATIS Software Factory.

 

Си поразговаравме со Даниел за неговото кариерно патување

 

Здраво! Пред сѐ, честитки за новото работно место! Ние на Академијата те познаваме, но што би споделил за останатите? 

Ви благодарам многу! За мене, би додал дека сум многу посветен, мотивиран и дисциплиниран кога станува збор за изучување на нешто ново, односно нешто што ме интерсира. 

 

Зошто баш Full-Stack програмирање? На што се должеше твојата одлука да ја одбереш оваа професија? 

Отсекогаш имав желба да знам како работи еден софтвер, позадински како сите тие процеси се опфатени. По долго размислување и истражување за технологиите, се одлучив за Full Stack програмирање бидејќи покрај позадинскиот дел, јас би можел да го работам или барем разбирам и front-end делот.

 

Сподели ни нешто повеќе за твоето искуство како студент на Академијата за Full-Stack програмирање. Дали ги исполни твоите очекувања и ти помогна да ја направиш посакуваната кариерна трансформација?

Академијата ги исполни, дури и надмина моите очекувања. Овде би додал дека сѐ беше супер и во ред. Менторите се трудеа максимум да придонесат сѐ што е можно повеќе за наше напредување. Тимските работилници, исто така беа одлични, и имавме можност да работиме на проекти кои подоцна можеме да ги искористиме во нашето CV.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто? Исто така, кој беше најголемиот предизвик со којшто се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Пред започнување со Академијата имав делумно предзнаење на PHP, но подоцна при изучување на модулите, најинтересниот модул за мене беше Laravel. Исто така, интересен ми беше и PHP OOP модулот, бидејќи кога почнав со пишување на код користејќи OOP се примети голема разлика и подобрување.

 

Твојата кариера како Backend PHP/Laravel Developer ја започна во компанијата ATIS. Каков беше процесот за да стигнеш до овде?

Мојата кариера ја започнав како Backend PHP/Laravel Developer во ATIS Software Factory. Процесот за вработување се состоеше од повеќе чекори, односно, прво интервју како вовед/интро, потоа имав 6 мини задачи кои требаше да ги решам во одреден рок. По решавањето на тие задачи имав техничко интервју, и за крај кога завршија тие процеси контактирав со HR каде што добив понуда. 

 

Како изгледа еден твој работен ден? Можеш ли да ни откриеш на што работиш и кои технологии ги користиш?

Во фирмата каде што работам и бидејќи сум од друг град, имам хибридни работни денови. Поголемиот дел од времето се трудам да го поминам од канцеларија, каде што имам свој сетап овозможен од компанијата за да можам да работам. Атмосферата е супер, и најважното – имам позитивни колеги. Кога работам од дома е исто супер, работам константно од 9 до 5. Кога сме кај технологиите со кои работам тоа е Laravel.

 

Кој е твојот совет за сите оние коишто сакаат да ја направат својата кариерна трансформација во оваа професија?

Овде би додал: желба, посветеност, истрајност, дисцилина, не оставајте само на мотивацијата, бидејќи секој ден не може да се биде мотивиран. И да, одберете Brainster академија, не се двоумете.

 

И за крај, кои се твоите планови за во иднина?

Моите планови се да продолжам со изучување на нови технологии, и да се стекнам со повеќе искуство за во иднина да напредувам како Senior Software Developer.

 

Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

Trending Stories That Might Interest You