Главната мисија на Brainster е да ги подготви индивидуалците за кариера од 21 век преку совладување на дигитални и други вештини на иднината, со цел тие да останат релевантни во новиот технолошки свет.

Секој вработен во Brainster e целосно посветен на оваа мисија и прави сѐ за на студентите да им помогне да дојдат до просперитетна кариера преку едукација.

Во оваа блог објава од серијалот We are Brainster, ќе го запознаете Стефан Цеков, Full-Stack developer во tech тимот на Brainster.

Стефан има 30 години, живее во Скопје. Сака да патува и да истражува нови места и култури. Можеби тоа е и една од работите што оваа работа му ги нуди, да може да работи од било каде во светот. Свири гитара, сака добра музика и уметност. Ретко излегува, но секогаш на избрани места и со избрани луѓе. Сака природа, пешачење и спорт. 

 

Дознајте што тој имаше да ни сподели околу тоа како му поминува работниот ден, што го прави исполнет и што го мотивира, но и како Brainster му помага да се оствари на сите полиња.

 

 

Здраво Стефан, можеш ли да ни споделиш повеќе детали за твојата работна позиција, по што е истата специфична?

Како Full-Stack developer, открив карактеристики во мене кои претходно не ги знаев, како на пример дека сакам логички задачи и математика, за која мислев дека не ми е баш јака страна. Програмирањето, особено backend, бара максимална посветеност, отворен ум и размислување од сите перспективи. Бара многу истражување и константно учење. Не постои момент кога си научил сѐ и можеш да работиш по шаблон. Тоа е она што ме мотивира и инспирира – учењето нови работи секојдневно.

 

Како изгледа еден типичен ден во животот на Full-Stack developer?

Оваа позиција, бара постојана присутност и фокус во работата. Еден типичен работен ден ми започнува со состанок со тимот, каде дискутираме до каде сме со проектот што го работиме, што треба да се сработи дополнително, како да го оптимизираме работењето и сл. Потоа, следува делот со анализа и размислување за проблемот, барање решение за новите таскови, постојана координација и консултирање со тимот, но и заедничко барање решенија. Работното време не е фиксно, но секој од нас останува да работи сѐ додека не биде сработен зададениот таск. Сите сме посветени максимално и тоа е она што нѐ инспирира како тим. 

 

 

Што правиш во слободно време, дали имаш некое хоби и кои се твоите интереси? 

Она на што моментално највеќе сум посветен е моето мало синче. Сакам максимално да се посветам и да уживам во родителската улога. Слично како и со програмирањето, родителството бара постојано учење и максимална посветеност, па моментално моите интереси, вредности и слободно време се свртени кон моето синче. Иако морам да споменам дека гитарата ми е пасија, и дури и накратко знам да ја земам и да отсвирам нешто. Сакам рок музика. Сакам да вежбам и шетам во природа. Се трудам да вежбам пет пати неделно. Читам книги за личен раст и развој. Сакам да патувам и едвај чекам да можеме да шетаме со малото. 

 

Од твоја перспектива, колку придобивките кои ги нуди Brainster ти помагаат во балансирање на приватниот и професионалниот живот?

Ќе кажам дека ми помага многу. Самата флексибилност која ни ја нуди работната култура, ми дава чувство дека сум слободен и ме ослободува од било каков притисок. А, кога човек нема притисок за нешто, тогаш е најефективен. Навистина, имам доволно време за семејството, што најмногу ми значи, наоѓам и време за моите пасии. Мислам дека тој баланс е клучен за здраво функционирање на секоја единка, а баш тоа ми го овозможува работната култура во Brainster.

 

 

За крај, што би ни кажал за Brainster како компанија и начинот на кој ти дава поддршка?

Веќе од погоре пишаното, мислам дека може да се заклучи дека Бреинстер е компанија „со отворен ум“ и константно се стреми кон напредок, учење и подобрување. Функционираме како тим и се цени мислењето на вработените. Заедно носиме одлуки, секогаш сме во тек со развојот и сите веруваме во истата цел на компанијата – а тоа е: we improve learning so you can improve the world. Освен поддршката во развојот како Full stack developer, Brainster ми помага и во развојот на моите soft skills, преку поттикнување за вклучување во менторски задачи, водење на тим, преземање одговорности и сл. 

 

Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.

Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.