Годинава Brainster го слави 7-миот роденден. Од организација со само неколку вработени во 2015, Brainster денес е компанија со 50+ full time вработени и 150+ соработници, обединети од интелектуална љубопитност и пасија за креирање на квалитетни образовни продукти.

Главната мисија поради која пред 7 години e основан Brainster, најуспешната EdTech организација во земјава и денеска е заедничка цел на сите вработени. Со сето наше знаење и многу труд, ние на поединците им овозможуваме подготовка на кариерен развој, преку совладување на дигитални и други вештини релевантни во новиот работен свет.

Наша визија е да ја поддржиме дигиталната трансформација на глобално ниво, преку создавање на подобра иднина за многу луѓе во текот на целиот процес.

Приказната за нашите почетоци е поврзана со визијата на еден претприемач и неговиот, тогаш мал тим – да го променат начинот на учење и стекнување на знаења и нови вештини во една од најпредизвикувачките области – ИТ секторот.

После 7 години, горди сме што сите членови на нашиот тим се обединети околу еднинствен збир на вредности и цели, односно:

  • Постојано учиме и се прилагодуваме;
  • Опсесивно сме фокусирани на нашите студенти;
  • Континуирано ги подобруваме нашите процеси;
  • Иновираме и експериментираме;
  • Сигурни сме и скромни;
  • Работиме тимски, работиме исклучителна работа;
  • Секогаш ја кажуваме вистината и го правиме светот подобар.

Интересно е да се спомене дека поголем дел од нашите вработени се алумни од сите Академии, што покажува колку и самите веруваме во своите образовни програми и вештините што ги стекнуваат студентите.

 

 

Како е да се работи во Brainster?

Покрај многуте бенефиции за своите вработени, се истакнуваме и во тоа што овозможуваме работна средина во која професионалците постојано ги развиваат своите вештини.

Татјана Јанева, менаџер за човечки ресурси во Brainster вели дека компанијата може да се опише како организација која има холистички пристап кон своите вработени, нудејќи поддршка во сите сфери, професионално и приватно, односно организација која во целост се грижи за своите вработени.

„Некои од бенефитите што ги нуди Brainster за своите вработени се уникатни и единствени на пазарот. Неограничениот број на денови од одмор, флексибилноста и хибридното работење даваат голема вредност на нашите вработени при менаџирањето на нивниот work-life баланс. Миленичињата кои се присутни во канцелариите „крадат“ насмевки и се еден вид позитивна терапија за сите нас“, објаснува Јанева.

Таа додава дека позитивната компаниска култура, која се состои од континуирано учење и професионално надградување на сите вработени, постојаната поддршка од лидерите на тимовите, менторството и давањето насоки во текот на работењето, а особено тимскиот дух кој е клучен фактор за успешно работење, придонесуваат за градење на успешна Brainster приказна.

 

 

Што вели ТИМОТ?

Ние работиме напорно, работиме паметно. „There is no I in TEAM“.
Ова е нешто на што особено обрнуваме внимание, бидејќи само така може да градиме позитивна работна средина.

Токму таа позитивна работна средина, можностите за учење и за постојано надградување на вештините, како и флексибилното работно време и работата од каде било се едни од најважните придобивки што ги посочуваат дел од вработените во Brainster.

 

 

Симона Паризова – Team Lead во секторот за финансии и администрација на Brainster, како мајка на мало детенце вели дека големо олеснување и е тоа што работи во компанија со светски стандарди која има политика на работа „Work from anywhere, forever” & „Flexible working hours”.

„Работниот ден ми почнува во домашна, комфорна зона. Пијам утринско кафе, читајќи меилови и креирам план со приоритети кои треба да ги завршам во текот на денот. Секако, следуваат состаноците со моите колеги и синхронизација со мојот тим. Во текот на работниот ден, често правам кратки паузи за да го видам Миха, кој ми ја дава потребната енергија за да продолжам со работните обврски. Oмилено работно време за deep work ми се ноќните часови, кога не сум на смена во улога на мама“, ни раскажа Симона.

 

 

Бојан Даниловски е Senior Digital Marketing Specialist во маркетинг тимот на Brainster. Тој вели дека слободата која ја чувствува секој вработен во Brainster, остава простор за носење на креативни одлуки. Компаниската слобода поткрепена со лична одговорност на секој член од тимот дава чувство на припадност. Тимскиот дух кој владее помага секој од нас да ги истакне јаките страни, но и да научи како да ги подобри слабите. 

„Големо задоволство ми е да бидам дел од компанија која ги негува овие вредности. Флексибилноста ми помага во балансирање на приватниот и професионалниот живот. Оптимизирање на кампањи, менаџирање со буџети, водење на прецизна дата бара огромна концентрација и фокус, а работата од кое било место (проследена со одличен house сет) е нешто без кое не би си го замислил работниот ден. Миксот на хоби со квалитетна музика ми помага да направам баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот“, вели Бојан.

 


Флексибилноста што ја нуди организацијата е од голема помош и за Ема Кастратовиќ – Marketing Coordinator на Brainster Next College и Senior Product Marketer во маркетинг тимот на Brainster.

„Флексибилноста што ја нуди Brainster, како и разбирањето кое го има за потребите на своите вработени го прави ефектот на „прегорување“ невозможен. 

Можноста да се работи во кое било време, од кое било место, ми ја дава слободата да го организирам мојот ден како што ми одговара. Да оставам доволно простор за завршување на приватните обврски, како и време за моите најблиски без притоа да „пати“ мојата работа. А бидејќи воедно сум и голем љубител на патувањата, одличен е фактот дека мојата „канцеларија“ често знае да биде во друг град, на планина или на плажа“, вели Ема.

И во следните години тимот на Brainster ќе се зголемува со професионалци што ја делат истата страст за поттикнување промени во општеството. Поради зголемен обем на работа и рекордно запишаниот број на студенти на сите академии на Brainster, како и на Brainster Next College, бараме нови колеги во  тимот

Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.

Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.