Реалните проекти се одличен пример за сѐ што можеме да постигнеме

Запознајте го Кирил Михајловски, студент на нашата Академија за Software Testing, а воедно и дел од Dream Team-от за месец август.

Тој покажува одлични перформанси за време на предавањата, а неговата посветеност резултираше со ново работно место во италијанската компанија Deltatre на практикантска позиција како Test Analyst.

 

Си поразговаравме со Кирил за тоа како си поминува на Академијата и за неговото работно место

 

Здраво, здраво, ние од Академијата за Software Testing те познаваме, но што би споделил/а за останатите? 

Јас сум Кирил Михајловски од Велес, моментално студент на Академијата за Software Testing, а од неодамна и практикант во Deltatre канцеларијата во Скопје.

 

Пред сѐ, честитки за новото работно место. Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Дефинитивно. Академијата интензивно нѐ тера нас, студентите, да учиме и вежбаме сѐ она што би ни требало за да ја започнеме нашата кариера во QA. Секој модул има теоретски и практичен дел, и е важна основа за надградување на понатамошната едукација.

 

Дел си од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е преку работа на реални проекти. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?

Реалните проекти се одличен пример за тоа што секој од нас може да се сретне понатаму во оваа професија. Самото работење на нив и практиката што ја добиваме е клучно за да се развие работната навика и начинот на QA размислување.

 

Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијата Deltatre. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.

Deltatre е италијанска компанија којашто се занимава со сервиси во медија секторот, како спорт, забава и филм. Нудат услуги од типот на OOT (Over The Top), broadcasting, VODs, како и целосни пакети на дигитални дизајни. Меѓу клиентите се вбројуваат NFL, BBC, UEFA, Channel 4 и многу други.

 

Која е твојата работна позиција и како изгледа еден твој работен ден?

Јас сум Intern Test Analyst и како таков имам различни задачи кои се менуваат секој ден. Проектите тука бараат тестирање на голем број различни уреди, така што еден работен ден може да го започнам со тестови за таблети, а да го завршам со истите тие тестови за на одреден тип на телевизори.

 

Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?

Моите задолженија воглавно се состојат од тестирање, ретестирање, пронаоѓање и пријавување на багови. Од алатки користиме Jira, TestRail, Postman и некои други, а сите оние техники што сум ги научил на Академијата за Software Testing досега ги имам применето во мојата работа.

 

И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувал сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат софтверско тестирање?

Сите оние што размислуваат за почеток во софтверско тестирање или општо во IT секторот би ги советувал да не губат повеќе време и да започнат со учење најбрзо што можат, а Brainster академиите се одличен почеток за промена на кариерата.

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Trending Stories That Might Interest You