Запознајте ја Саша Панов – алумни студент на Академијата за Software Testing, која се вработи во компанијата RLDatix – Allocate software, како Release Coordinator.

 

Си поразговаравме со Саша за тоа како си помина на Академијата и за нејзиното работно место

 

Здраво Саша, ние од Академијата за Software Testing те познаваме, но што би споделила за останатите? 

Најпрво добар ден. Јас сум една упорна и истрајна личност која случајно се најде во IT светот пред малку повеќе од 4 години. Почнав да работам како техничка поддршка за ERP систем, имав долга обука, многу ми се допадна фактот што постојано учев нови работи, па така решив да го продлабочам своето знаење на Академијата во Бреинстер.

 

Пред сѐ, честитки за новото работно место. Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Ви благодарам. Јас сум многу задоволна од Академијата, ми се допадна особено фактот што програмата и модулите опфаќаат реални проблематики со кои би се сретнал секој еден вработен на своето работно место, со голем опсег на избор за работни позиции во IT бизнисот.

 

Дел си од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е преку работа на реални проекти. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?

Според моето скромно досегашно искуство, би сакала да истакнам дека најважниот момент на IT компаниите при регрутација на кадар е нивното претходно искуство и работата на реални проекти, односно умешноста на вработниот да се снајде во реални ситуции. Фактот што бевме дел од реални пректи ми помогна многу на самото интервју за работа.

 

Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијата RLDatix – Allocate software. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.

RLDatix е огромна компанија која работи на скоро сите континенти. Развива и одржува апликации во здравствениот и банкарски систем во многу земји во светот. Постои на пазарот повеќе од 30 години и соработува со околу 6000 болници и здравствени организации.

 

Која е твојата работна позиција и како изгледа еден твој работен ден?

Јас сум вработена како Release Coordinator, позицијата подразбира директна соработка со development тимот, секојдневно правење Queries и Dashboards, известување за секоја наредна верзија на производот, односно следење на целокупниот животен циклус на еден производ.

 

Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?

Го користам буквално целокупното знаење што го усвоив на Академијата, дополнително учам нови работи секој ден. За среќа имам прекрасен тим со кој соработувам, работиме по SCRUM, успешноста на нашата работа се заснова во тимската соработка.

 

И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувала сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат софтверско тестирање?

Ви благодарам. Би ги посоветувала да не се сомневаат во изборот или во своите способности, да ја искористат можноста Академијата да им биде отскочна даска за влез во ИТ индустријата и сериозно да се посветат колку што е можно повеќе, односно да не се засноваат исклучиво на самите часови и предавања од Академијата, а да си посветат дополнително време во истражување кое ке им помогне  за успешна реализација на своите соништа.

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!