Академијата имаше сè што е потребно за да ја започнам својата кариера

Запознајте го Роберт Соколов – алумни студент на Академијата за Full-Stack програмирање кој веднаш по завршувањето на програмата, се вработи во компанијата Scandiweb како Web Developer.
Си поразговаравме со Роберт за неговото искуство на Академијата и за тоа како си поминува на новото работно место
Здраво Роберт! Пред сѐ, честитки за новото работно место! Ние на Академијата те познаваме, но што би споделил за останатите?
Здраво, јас сум Роберт Соколов, живеам во Виница и имам 24 години. Моментално работам од дома како Web Developer во Scandiweb. Во слободно време гледам филмови и серии, играм видео игри, вежбам или возам велосипед.
Зошто баш Full-Stack програмирање? На што се должеше твојата одлука да ја одбереш оваа професија?
Најпрво мислев дека има повеќе програмирање кај Full-Stack отколку Front-end, па така се одлучив за Full-Stack, но, исто така и поради тоа што сакам да бидам дел од логиката која се случува во позадина.
Сподели ни нешто повеќе за твоето искуство како студент на Академијата за Full-Stack програмирање. Дали ги исполни твоите очекувања и ти помогна да ја направиш посакуваната кариерна трансформација?
Академијата имаше сè што ми треба за да ја започнам својата кариера. Разликата во знаење пред и по оваа година-дена студирање е огромна. На Aкадемијата, исто така запознав доста интересни дечки и ми беше мило што соработувавме заедно. Инструкторите, исто така, беа доста посветени и секое предавање се трудеа да ни го пренесат 100-процентно, така што, не остануваше ништо неразјаснето.
Кој модул ти беше најинтересен и зошто? Исто така, кој беше најголемиот предизвик со којшто се имаше соочено и како успеа да го надминеш?
Интересни ми беа сите модули, бидејќи и покрај тоа што имав предзнаење за програмирање, сепак web програмирањето беше нешто ново за мене. Од сите модули би ги издвоил SQL и Laravel. SQL беше нешто сосема ново до моментот кога почнавме да го изучуваме, бидејќи немав претходно искуство со него, а е доста потребна и моќна технологија. Laravel од друга страна пак, е склоп на сите модули од Aкадемијата кој има сè што е потребно за развој на едно веб-решение.
Најголем предизвик дефинитивно беше хакатонот на кој учествував, во кој за 48 часа требаше тимски да изработиме проект за вистински клиент – нешто што бараше добра тимска координација и снаоѓање во стресни ситуации.
Твојата кариера како Web Developer ја започна во компанијата Scandiweb. Каков беше процесот за да стигнеш до овде?
Најпрво, уште пред да ја завршам Aкадемијата, составив CV со алатките што ги имав научено дотогаш на Aкадемијата, додавајќи и претходни искуства, и аплицирав, по што веднаш добив тест. Тестот беше задача – да направам апликација користејќи plain PHP. По тестот следеше интервју, кое вклучуваше и технички прашања и решавање на задача во живо. Откако го поминав интервјуто, добив понуда за работа.
Раскажи ни повеќе за твоето ново работно место, која е областа на работа на оваа компанија?
Scandiweb е компанија со седиште во Летонија, и е специјализирана за Magento платформата, па така и моето работно место е поврзано со оваа e-commerce платформа. Scandiweb, истовремено работи на повеќе проекти, па така и јас сум дел од еден од нив.
Како изгледа еден твој работен ден? Можеш ли да ни откриеш на што работиш и кои технологии ги користиш?
Во Scandiweb се работи според агилната методологија, така што работиме во тимови и секој ден имаме состанок на кој се дискутира веќе завршената работа ,и се планира кои се следните цели, како и дискусии околу предизвиците со кои се соочуваме.
Проектот на кој моментално работам е single-page application и користи сопствен front-end (ScandiPWA) базиран на Magento 2, што е доста предизвикувачки да се совлада со оглед на тоа дека е многу поразлично од тоа што го научив на Aкадемијата.
Кој е твојот совет за сите оние коишто сакаат да ја направат својата кариерна трансформација во оваа професија?
Мој совет е дека првенствено треба да се пронаоѓаат во оваа професија и да бидат сигурни дека тоа е тоа што сакаат да го работат, бидејќи дефинитивно ќе има многу моменти кога тоа ќе ги одржува на патот до успехот.
И за крај, кои се твоите планови за во иднина?
Па, за во блиска иднина, цел ми е да станам сертифициран Magento Developer – нешто што ќе ми отвори повеќе можности, а додека на краткорочен план, сакам да го проширам своето знаење и да имам искуство со што повеќе технологии, и нормално, целта на секој Junior е да стане Senior.
Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!