Годинава Brainster го слави својот 7-ми роденден. Покрај многуте причини за славење, во оваа блог објава ги издвојуваме и нашите инструктори со кои ги обучуваме професионалците како да „фатат“ чекор со вештините на 21 век.


Професионалци цврсто решени несебично да го споделат своето знаење и практичното искуство од индустријата, посветени подучувачи чии студенти се секогаш во центарот на вниманието, ментори обединети со една цел – да им помогнат на студентите да се стекнат со потребните вештини за да може да ги исполнат своите соништа… Ова се принципите врз кои се темели работата на Brainster инструкторите, мрежа од над 100 професионалци која се создава веќе седум години.

Тие ни помагаат да ја обликуваме новата генерација лидери во повеќе области, но и да ги обучиме професионалците како да „фатат“ чекор со вештините на 21 век. Заедно со нив ја исполнуваме нашата главна мисија – да го подобриме образованието и начинот на кој луѓето ги учат новите вештини потребни за дигиталните индустрии.

Свесни сме дека подобрувањето на образованието е процес кој никогаш не завршува, затоа се стремиме секој ден да бидеме подобри за 1%.

 


 

Мрежа од професионалци


Во своите почетоци, инструкторите во Brainster беа малубројни, исто како и тимот, но после 2017 година, нашата цел почна да станува реалност. Почнавме да растеме, да инвестиравме во други производи и го проширивме нашето портфолио со планови да се справиме со овие прашања на меѓународно ниво.

Сега сме ТИМ од 50+ вработени и 150+ инструктори и соработници обединети од интелектуална љубопитност и страст за создавање уникатни едукативни производи.

Нашата мисија е да им овозможиме на поединците подготовка на кариерен развој во 21 век со совладување на дигитални и други вештини релевантни во новиот работен свет, а сето ова би било невозможно без посветени професионалци како нашите инструктори.

 

Што всушност ги прави посебни Brainster инструкторите:

  • „Го подобруваме учењето, за да можете да го подобрите светот!“ ー ова е самиот камен-темелник на нашата програма, наставата, и методологиите за учење, врз основа на кои создаваме беспрекорни искуства за учење, дизајнирани примарно да им служат на нашите студенти, а после и на општеството, заедницата и индустријата.
  • Создаваме средина за учење во која студентот е во центарот на вниманието и каде секоја интеракција е важна: помеѓу студентите, студентите со содржината на програмата, студентите со инструкторите и обратно, од студент до инструктор и обратно.
  • Нашите инструктори се фасилитатори, ментори и делегатори. Наместо само уште една авторитетна улога во процесот на учење, преку овие улоги се креира едно поинакво, поквалитетно и поперсонализирано искуство во учењето.
  • Со нашиот начин на предавање, студентите добиваат повеќе сопствеништво на она што го учат и на начинот на кој учат.
  • Нашите инструктори и програма овозможуваат учење што ги обликува студентите преку искуства, наместо меморизирање на материјата напамет.
  • Инструкторите ги водат студентите и низ сржта на нашата програма – реалните проекти зададени од партнерските компании за коиновација.

 

Што велат нашите инструктори за искуството во Brainster и студентите?

 


 

Маја Митровиќ, инструкторка на Академијата за UX/UI Дизајн

Маја е дипломиран машински инженер по наставна дејност Индустриски дизајн. По завршување на факултетот, се определува за изучување на UX/UI дизајн и ја започнува својата кариера во 2016 година. Инженерските знаења ѝ помагаат и ја водат низ целиот процес на дизајнирање. Сака точни мерки, правила и функционални системи кои ја усмеруваат, а не ограничуваат нејзината креативност во пронаоѓање на најдобро дизајнерско решение на дигиталните продукти, во коешто корисниците ќе уживаат и ќе го користат со леснотија. Она што најмногу ја мотивира да чекори кон успехот е секојдневно надградување и учење на нови вештини и софтвери.

Според Маја не секој од студентите има подеднакво знаење, па затоа некому му треба малку повеќе информации и подетално објаснување. Така, вели дека сетира поволна атмосфера за сите да се чувствуваат убаво за нивното знаење и прогрес.  Еве како таа се подготвува за час:

„Пред секој час ја поминувам презентацијата уште еднаш, заедно со сите белешки и дополнителни примери од секојдневата работа, кои сум ги спремила предходно – за да го потврдам текот на самото предавање и да се чувствувам поспремна.”


Таа секогаш се труди на студентите да им ја објасни материјата на наједноставниот и пристапен начин.

„Ме мотивира и делење на знаењето за заеднички бенефит. Колку што јас ќе ги научам студентите, толку многу ќе научам и јас од нив. Дали било за дизајн, trick and tips, soft skills, нови погледи и перспективи кон кариерата и животот” вели Маја.

 


 

Огнен Трипуноски, инструктор на Академијата за Project & Product Management

Огнен е дипломиран машински инженер со 10 годишно работно искуство во делот на индустриски инженеринг и проект менаџмент. За областа Project & Product Management, вели дека ја одбрал бидејќи е предизвик, овозможува реализација на  која било идеја или визија, се состои од многу тимска работа, од многу посветеност и е доста забавен.

Ако го прашаме Огнен, ќе нѝ каже дека најдобро се учи од грешките, уште подобро од грешките на другите. Практикува да фасилитира групно учење на предавањата каде сите ќе може да учат едни од други, а групното знаење го смета за далеку помоќно од индивидуалното.

„Кога заедно грешиме, учиме повеќе едни од други од различни искуства и пристапи кон работите“, вели Огнен.

Тој своите часови секогаш ги почнува со хумор, активно ги слуша студентите и се труди секогаш да ги разбере добро што го прашуваат.

„Студентите ги водам до одговорот преку поставување на прашања. Сметам дека доколку објаснувањето е нешто што ќе треба да произлезе исклучиво од мене, секогаш наоѓам едноставен пример и преку тоа ја прикажувам поентата“, вели Огнен.

Brainster е во постојана потрага по професионалци со кои ќе ги дели идеалите поврзани со подобрување на образованието. И во следните години продолжуваме да ги бараме и нудиме најврвните професионалци за наши инструктори.


Поради зголемен обем на работа, како и рекордно запишан број на студенти, Brainster е во потрага по инструктори за сите Академии. Пријави се и стани дел од најголемата мрежа на професионалци!



Како до 1.000.000€? 🤫