Некои од поранешните студенти од академиите на Brainster, кој годинава го слави својот 7-ми роденден, се охрабрија и отворија сопствени компании или вештините со кои се здобија ги употребуваат за уште поголем развој на своите фирми и организации. 

Алумни заедницата на Бреинстер (Brainster), една од најуспешните EdТech организации во Македонија може да се пофали со одлични резултати во секое поле. Нови работни места и кариерни предизвици, вработувања во домашни и странски компании, но и отворање на свои бизниси… Некои од нив се охрабрија и отворија сопствени компании или вештините со кои се здобија ги употребуваат за уште поголем развој на своите фирми и организации.


Ова се петте алумни успешни приказни со кои Бреинстер се гордее!

 

 

1. Стефан Радивојевиќ,  основач и генерален менаџер на Emanu

Стефан Радивојевиќ е алумни од Академијата за дигитален маркетинг, како и основач и генерален менаџер на агенцијата Emanu. Тој ни раскажа дека првиот чекор кон дигиталниот свет му бил случаен, кога посакал да се унапреди и сам да ги изработува дизајните на визит-картите, менијата и флаерите. Но, иако знаел доволно за графички дизајн, сепак немал доволно познавања од дигиталниот маркетинг. После мало истражување за организациите што нудат ваков вид образование, најмногу го привлекла Академијата за дигитален маркетинг на Бреинстер. 

„Од оваа перспектива, запишувањето на оваа академија би ја ставил во топ 3 најважни чекори што сум ги направил и вродиле со многу плод, па ги охрабрувам сите оние што сѐ уште размислуваат, да се охрабрат и да го направат“, вели тој.

Стефан додава дека најинтересното е што ја запишал академијата за да се унапреди во претходната професија, меѓутоа пасијата и љубовта на професорите кон она што го работат го натерале да го засака дигиталниот маркетинг и целосно да ја смени професијата и да навлезе во дигиталниот свет.

Логичен чекор после наученото според него, бил да отвори своја компанија. Emanu е дигитална агенција со локација во САД која се занимава со креирање на висококвалитетни веб-страници за мали и средни претпријатија во САД и Канада, и нудење на маркетинг услуги кој би им помогнале на компаниите во нивниот раст.

„Emanu за мене претставува една преубава авантура која со задоволство ја живеам. Идејата се роди сосема случајно додека сѐ уште работев како маркетинг истражувач во една компанија во Скопје. Тука би му се заблагодарил најмногу на мојот тетин, партнер, пријател и инвеститор кој веруваше во мојата идеја и ми помогна во остварување на истата, бидејќи без него сето ова ќе останеше само една неостварена идеја“, вели Стефан.

И името на компанијата има особено значење за него.

„Во сосема случаен разговор со еден од монасите во Бигорскиот Манастир и по благослов на мојот духовник, владиката Партениј, името одлучив да биде Emanu кое потекнува од зборот Емануил што значи „Со нас е Бог“, како една мала благодарност кон Бога за работите во мојот живот“.

Мисијата и визијата на Emanu е многу повеќе од само нудење на веб-дизајн и маркетинг услуги. Стефан објаснува дека на клиентите им нудат целосна дигитализација на нивната компанија. 

„Се грижиме буквално за секој детаљ: од длабинско истражување на нивната таргет група, нивната конкуренција, потенцијалот на пазарот, креирање на нивните онлајн основи, брендинг на компанијата… Додека внатре во компанијата владее култура во која гледаме егото да го тргнеме настрана и секој да ужива во својот дел, да го работи она што го сака најдобро што може, и на сите да ни дозволи да го постигнеме својот потенцијал“, вели тој. 

Emanu денес, по 8 месеци е стартап компанија, која брои 10-ина вработени, а следен голем предизвик им е влегувањето во сосема нова област-внатрешен дизајн.

 

 

2. Ирена Јовановска креативноста ја покажува во Амстердам

И Ирена Јовановска е успешна алумни на Академијата за дигитален маркетинг. Таа во моментиов живее во Амстердам, каде што ја отворила компанијата „Ирена Мила“, посветена на дигитален маркетинг и фотографија.

Ирена вели дека досега работела во неколку области од F&B: тим лидер во „nhow Amsterdam“, фотограф и менаџер на социјални медиуми, но решила да се фокусира на дигиталниот маркетинг, што било причината да се запише на академија во Бреинстер. 

„Морам да признаам дека е најдобрата одлука што сум си ја донела за себе во последно време. Привилегија е да можеш да работиш со мотивирани едукатори како Дарјан, Марко, Давид, Ива, Дарко, кои ќе ти го натераат мозочето и креативноста да се разбудат, а воедно да навлезеш во целиот систем и стратегија, каде ќе се изненадиш и самата себе дека си способна да направиш маркетинг план или да станеш супер истражувач на теми, кои не си знаела дека постојат. Она што Брeинстер го нуди, освен несебичното знаење на менторите, се и навиките кои ги градиш. Знаеш дека три дена во неделата треба да си пред твојот компјутер и започнуваш со учење. Исто така, работата на реалните проекти и хакатони е одличен начин да ја доживееш вистинската страна на дигиталниот маркетинг“, вели таа.

Додека живееше во Скопје, Ирена имаше бизнис заедно со Елена Фиданска, исто така алумни на Бреинстер. Компанијата WillYou, претежно била фокусирана на фотографирање свадби и настани. По преселбата во Амстердам, се решила да отвори компанија, посветена на дигитален маркетинг и фотографија. Во фаза на изработка е професиналната веб-страница, но работните задачи одат со забрзано темпо.

„Понекогаш треба да си свој во креативниот свет за да те забележат. Јас успеав да бидам забележана со тоа што успеав да ја раскажам приказната на различни луѓе преку емоции и едноставност. Без разлика кои се тие. Затоа некако успеав да се вклопам и во Queer светот кој морам да кажам е многу интересен, во бизнис светот но и во граѓанскиот сектор. И тоа ми е целта преку storytelling, емоции и едноставност да се допре до многу теми, без разлика дали е маркетинг стратегија или фотосесија“.

 

 

3. Андреј Рудовски, основач на SkyBlueMedia

Андреј Рудовски е уште една успешна Бреинстер приказна и алумни на Академијата за дигитален маркетинг. Тој е ко-основач на компанијата SkyBlueMedia и SEO специјалист.

И за него, одлуката да се запише на академија во Бреинстер вели дека била една од најдобрите што можел да ја донесе.

„Бреинстер е заслужен за голем дел од мојот досегашен успех. Програмата, искуството стекнато низ сите проекти, познанствата стекнати таму, придонесоа за успехот, а воедно беа и причините поради кои се запишав. Важно да се напомене е дека академиите на Браинстер имаат одлична програма и супер професори, на студентите останува само да бидат мудри и да посветат голем дел од своето слободно време, и да го искористат сето тоа за да стекнат што повеќе знаење и да научат од искуството на предавачите“, вели Андреј.

Првичната идеја за неговата компанија му се родила во 2009 година кога започнал со градење на сопствени блогови и оптимизирање на истите. Тогаш сфатил дека ниту еден бизнис не може да успее без добар маркетинг. 

„Во 2014 година основав друг бизнис поврзан со виртуелна реалност каде што целта беше да се поврзе виртуелната реалност со нови и иновативни маркетинг кампањи, но сфатив дека беше премногу рано за нашиот пазар. Секој почеток е многу тежок, посебно после една неуспешна приказна, но тоа не треба да нѐ обесхрабрува да престанеме да пробуваме“, вели Андреј.

Во 2018 година се запишал на Бреинстер и истовремено започнал со осмислување и поставување на основните цели на SkyBlueMedia, агенција за дигитален маркетинг и веб- дизајн. 

„Во денешната дигитална ера, ние им помагаме на бизнисите да го достигнат својот максимален потенцијал и пробуваме да го едуцираме нашиот пазар што е SEO и колку многу може да помогне во пронаоѓање на потенцијални клиенти. Денес работиме со компании што се лидери во својата сфера. Бизнисот е сѐ уште во рана фаза затоа што сме допреле само до еден мал дел од целиот пазар. Имаме милион идеи коишто сакаме да ги реализираме, фокусот моментално ни е на градење платформа за која што сѐ уште не можам да зборувам и набрзо ќе биде лансирана, пронаоѓање на клиенти од странство и тестирање на Artificial Intelligence во маркетинг-секторот“, вели Андреј. 

 

 

4. Стефан Цеков: Full-stack програмер во тимот на Бреинстер и сопственик на OurMind

Стефан Цеков е full-stack програмер во тимот на Бреинстер и алумни на Академијата за Full-Stack програмирање, но исто така и посветен на својата платформа OurMind.

Уписот на Академијата за Full-Stack програмирање е дефинитивно една од најдобрите одлуки во неговиот живот. Стефан се решил да учи програмирање од повеќе фактори, а еден од нив бил дека со неговата претходна професија како преведувач, немал доволно простор за напредок. A и барал нешто што повеќе ќе го исполнува, каде ќе може да се надградува, а и да заработува подобро.

„Бреинстер ми е едно супер искуство од сите аспекти, и како академија, која секогаш беше професионална во пренесување на знаењето, и како дружење со останатите колеги, бидејќи тогаш сѐ уште не беше пандемијава, и како отскочна точка која кај мене побуди неколку клучни промени во животот. Веќе 2 години работам во Бреинстер, нешто кратко по моето завршување на академијата, вели Стефан“.

Сето знаење што го стекнал на академијата го употребил за да се роди Our Mind.

„Ова се случи, неколку месеци пред да почнам да работам во Бреинстер. Идејата започна со почетокот на пандемијата, кога неизбежна беше потребата скоро сите работи да се одвиваат онлајн. Идејата беше заедничка со сопругата и на почетокот сакавме да направиме платформа која ќе опфаќа повеќе здравствени гранки. Но, потоа сфативме дека тоа е премногу голем проект за да го тераме сами и во консултација со неколку луѓе, меѓу кои и Петар Ниновски, решивме најпрвин да започнеме со психологија, бидејќи во тој период кај сите се забележуваше нарушување во менталното здравје поради карантинот, стравот што ќе се случи со најблиските, стравот кога ќе заврши целата ситуација итн. Секако дека имаше препреки и уште има. Најтешката препрека, која сѐ уште трае, е борбата со стигмата која владее кај нас околу посетата на психолог“, раскажува Стефан.

Мисијата на Our Mind е да ја зголеми свесноста кај луѓето за потребата да се работи на себе и својот личен раст, свесноста дека сѐ зависи од нас, свесноста дека постои попозитивна перспектива на животот, односно свесноста дека сѐ започнува од нашиот ум.

„Визијата е да создадеме бренд кој ќе биде симбол за раст и кој ќе поттикнува позитивни промени и на индивидуално и на колективно ниво во работните средини, а со тоа да се поттикне позитивна промена во општеството. И сето ова звучи утописки, но нашиот тим верува дека и малата промена е значајна“, вели Стефан.

Заедно со тимот, сега се во фаза кога создаваат конекции со компании кои сакаат да работат на својот тимски раст, на подобрување на комуникациските вештини, менаџирање на време, справување со стрес, развој на лидерски вештини итн. 

„За таа цел организираме и нудиме обуки со сертифицирани психолози тренери. Оваа година го организираме и Самитот за лидерство, чија цел е да ги поттикне компаниите да работат на лидерските вештини на сите нивоа во компанијата, со што би се подобрила ефективноста, менаџментот на времето, делегирање на одговорностите и сл, а од друга страна ќе им покаже на присутните дека лидерството не е титула, позиција или моќ, туку емпатиска вештина која е потребна на секој од нас, без разлика на која позиција работи“, завршува Стефан.

 

 

5. Нема кој не ја знае Маги од Tasty Box

Марга Настевска Димоска е алумни од Академијата за дигитален маркетинг која собра храброст и мотивација за време на академијата да започне свој бизнис. Нејзините прекрасно спакувани подароци, не може никого да го остават рамнодушен. Ова е приказната за Tasty Box и како Маги успеа да направи целосна кариерна трансформација.

За мојата одлука да се запишам на дигитален маркетинг би кажала дека го направив вистинскиот чекор, во вистинско време. Во текот на студиите постојано бев мотивирана да започнам нешто и некаде при крајот, се осмелив на тој чекор и се препуштив на креативноста. Решив да се запишам бидејќи покрај креативност, сметам дека ми требаше знаење за дигиталниот маркетинг, кој е неппходен во оваа ера. Идејата за Tasty box, ја имав веќе некое време низ мислите уште пред да ги започнам студиите, но како што и споменав претходно, сакав да започнам нешто, но ми недостигаше нешто на што може да сметам дека ќе бидам посигурна во реализирањето“, вели Марга.

Секако дека низ процесот се јавувале потешкотии и препреки, но среќните лица на нејзините клиенти направиле сѐ да се заборави.

„Да, имав потешкотии и препреки, особено затоа што не сум го работела ова претходно, бев без искуство во оваа сфера, само мојата волја и креативност, но подоцна дојде и знаењето од Бреинстер, што беше доволно за да се создаде Tasty box.

Во целиот овој процес имам партнер кој постојано ме поддржува и помага, па тоа е причина плус да останам истрајна“, вели таа. 

Она што алумни заедницата на Бреинстер го порачува до сите што не се задоволни со работните места или професијата што ја работат, да ја зграбат шансата за напредок и да учат нешто ново, да стекнат нови вештни што ќе ги однесат кон професиите на 21 век.

Доколку размислуваш да го направиш првиот чекор кон лансирање на нова кариера или сакаш да ги надградиш своите дигитални вештини, нема подобро време од сега!

Затоа, искористи ја можноста да учиш под менторство на врвни професионалци, на интензивна програма и со работа на реални проекти што ќе влезат во твоето портфолио!

Уписите на Академиите се во тек! Интересот е преголем, а бројот на слободни места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме.

*Поддржано од Фондот за иновации и технолошки развој на Р.С. Македонија

 

Како до 1.000.000€? 🤫