Brainster годинава го слави својот 7-ми роденден. Студентите се причината поради која постоиме, затоа и сето наше внимание е насочено кон нив. Опсесивно се грижиме за нив и радосни сме кога ќе слушнеме дека сме успеале оваа нивна авантура да им ја направиме најдобро искуство.

Секоја наша успешна приказна што сме ја објавиле за нашите сегашни студенти или за некој од алумни заедницата содржи неколку клучни зборови: желба, учење, труд, инвестиција, храброст, промени, посветеност…

Ова не е случајност, бидејќи да се биде студент на Brainster академиите, потребно е да се има многу волја за учење, за промени, желба за напредок и да се биде максимално посветен кон кариерниот напредок и стекнувањето вештини што ќе ви отворат многу врати.

Прочитајте ги дел од изјавите на нашите задоволни студенти на кои сме успеале да им го направиме учењето предизвик, а кариерниот развој незаборавно патување.

 

  • Brainster го менува секојдневието


Карла Биков
дипломирала на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.  Желбата за учење на нови вештини и задавање на сосема различен интелектуaлен предизвик ја донесе до Brainster и комплетно и го променил секојдневието.

„Академијата за full-stack програмирање бара сериозна посветеност и одговорност, било да е со намера за целосно променување на професија или желба за проширување на знаењето и стекнување на нова вештина.  Дефинитивно ја препорачувам на секој што би сакал да инвестира во своето образование и да изгради нова кариера или пак да се унапреди во својата, доколку веќе се занимава со истото. Посебно би ја препорачала академијата на помладите што сѐ уште учат средно или пак се студенти бидејќи неформалното образование има пристап и концепт којшто дефинитивно би им делувал позитивно и охрабрувачки“ ни сподели Карла.


Академијата за Data Science ме врати назад во годините кога бев студент“, вели нашата студентка Александра Тодоровска. Таа ни раскажа дека самата помисла дека повторно е студент е предизивкувачка. 

„Имено, сега морам внимателно да го организирам денот, покрај сите обврски со работа и со самите предавања. За подобро снаоѓање и решавање на некои проблеми кои ги имам со тековните материјали кои ги имаме се самите снимени предавања, дополнителните материјали, самата помош од инструктурите. Сето тоа некако позитивно влијае на крајот од денот“, вели Александра.

 

  • Можности за вработувања кај нашите партнери


Валериа Атанасовска
е алумни студент на Академијата за графички дизајн, која покажа одлични резултати за време на предавањата и не ја пропушти можноста да учествува на реалните проекти и хакатоните. По завршувањето на Академијата, Валериа започна на пракса во јапонската компанија Writerity, а моментало работи како Motion Designer во интернационалната дигитална агенција – DEPT.

„Желбата да се пронајдам себеси и да го работам она што ќе ме исполнува имаше најголемо влијание на одлуката да се запишам на Академијата за графички дизајн. Уште од првиот час знаев дека не погрешив. Предавањата на Brainster можам да ви ги опишам како одлично виртуелно дружење и учење на многу забавни начини. Една година по завршувањето на Академијата, работам за светски брендови, како што се: Amazon, Spotify, Ralph Lauren“, ни се пофали Валериа.


Илинка Стојкова
е студентка на нашата Академија за човечки ресурси. Таа има дипломирано психологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Сега живее и работи во Минхен, Германија, а ноето досегашно професионално искуство е во областа на детска и младинска психологија, но желбата кон човечки ресурси се родила уште за време на студентските денови.

„Одличен спој најдов во хибридното учење во програмата на Brainster, која ми даде голема флексибилност и дефинитивно ми овозможи да учам и комплетно да ги следам часовите и покрај далечината и другите работни и приватни обврски. Сето тоа беше добра основа за да можам да започнам и да работам во областа и паралелно да ја совладувам теоријата и во пракса“, ни откри Илинка.



Задоволен од образовните програми е и Владимир Костовски кој по професија е биолог, а учи на  Академијата за проектен и продукт менаџмент. Еве што ни сподели и тој за неговата авантура во Brainster:

„Академијата за проектен и продукт менаџмент дава богата теорија, но она што е уште поважно е дека преку неа се стекнува исклучителна пракса, пред сé, поради работата на големиот број на задачи и case studies. Проектите се насекаде околу нас, а ја препорачувам на секој што сака да навлезе во тајните како успешно треба се управува со проектите и така да ги прошири своите знаења во оваа област“, вели Владимир.

 

  • Уписите се во тек, не е доцна за промени


Борче Гајдов е алумни студент од Академијата за Software Testing кој беше дел од победничкиот тим на Хакатонот кој се работеше за проектот Brainsterpreneurs.
Тој покажа одлични перформанси за време на предавањата, а неговата посветеност резултираше со ново работно место во латвиската софтверска компанија TestDevLab како Junior Software Tester.

„Работата на реалните проекти е најдобриот дел од целата Академија за Software Testing. Академијата одлично ги доловува тие моменти на тимска работа во реалните проекти кои ги сретнуваш и на работното место. Дефинитивно ги исполни и ги надмина моите очекувања. Менторите и сите вклучени во Академијата си ја сработија работата до најситен детаљ, беа целосно посветени да ни го пренесат знаењето што го имаат, за да бидеме спремни за предизвиците што нѐ чекаат“, вели Борче.

 


Симона Ѓошева
е алумни студент на Академијата за UX/UI дизајн која реши да ги надгради своите вештини во полето на UX/UI дизајн и започна да работи во компанијата Rething како UX/UI дизајнер.

„Работењето во ИТ индустријата подразбира постојано учење на нови алатки, трендови и технологии. Важно е да се започне, а надградувањето станува природен дел од работните обврски. Би ја препорачала Академијата на Brainster за UX/UI Design, поради добрата структура на програмата која веќе ја напоменав, одличните ментори и тимот за student success кој е тука за сите чекори поврзани со вработувањето и по завршувањето на академијата“, ни изјави Симона.

 

Доколку размислуваш да го направиш првиот чекор кон лансирање на нова кариера или сакаш да ги надградиш своите дигитални вештини, нема подобро време од сега!

Затоа, искористи ја можноста да учиш под менторство на врвни професионалци, на интензивна програма и со работа на реални проекти што ќе влезат во твоето портфолио!

Уписите на Академиите се во тек! Интересот е преголем, а бројот на слободни места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме.

*Поддржано од Фондот за иновации и технолошки развој на Р.С. Македонија

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.