Brainster го слави 7-миот роденден. Во текот на годините напорно работевме на зголемување на бројот на партнерските компании. Тие на нашите студенти им овозможуваат работа на реални проекти, пракса и вработувања.
Дали знаете дека студентите на Brainster академиите, добиваат огромна поддршка од компаниите од индустријата во текот на нивното учење, но и откако ќе ги завршат академиите? Ова е овозможено преку нашата уникатна и иновативна програма за Co-innovation & Hiring.
Со повеќе од 100 партнери за коиновации и вработување, и единствена ваква програма во земјава, Brainster несомнено ја потврдува позицијата на лидер на пазарот во неформалното образование.
Истото позитивно искуство со партнерите од индустријата ќе го пренесеме и на првиот ИТ практичен факултет Brainster Next College кој од октомври ќе ги отвори вратите за првата генерација студенти.
Но, што е всушност програмата за коиновации и вработување (Co-innovation & Hiring)?
Преку програмата за коиновација, на студентите им овозможуваме работа на реални проекти во текот на учењето на сите академии на Brainster. Покрај реалните проекти, организираме и хакатони и многу предизвици кои им овозможуваат на студентите практична примена на она што го научиле на академиите. Реалните проекти им нудат многу вредно искуство на студентите бидејќи учат како да комуницираат со клиентите, како да ги пренесат нивните барања во проект и да го покажат сето знаење што го стекнале на практичен начин. Притоа, постојано се водени од нивните ментори.
„Секоја година многубројни домашни и интернационални компании и организации соработуваат со нас и нашите студенти на реалните проекти. Тие можат да траат од 2 недели до 4 месеци, а на крајот на соработката компаниите добиваат практично и иновативно решение кое им помага во развојот на бизнисот“, вели Јана Тодоровска Team Lead на Co-innovation & Hiring во Brainster.
Таа додава дека во првата половина од оваа година соработувале со 24 домашни и интернационални партнери за коиновации.
„Студентите изготвија повеќе од 66 успешни реални проекти и учествуваа на 16 хакатони“, вели Јана.
Hiring партнерството, е исто така двостран процес преку кој компаниите добиваат талентирани студенти, внимателно одбрани и во согласност со нивната култура и потреби, а студентите веднаш по завршување или во текот на академијата добиваат шанса за практикантство или пак вработување.
Бројката на вработени студенти постојано расте, а само лани нашите партнерски компании вработија 374 студенти. Оваа година очекуваме таа бројка да се зголеми.
Во овој процес особено е од помош Платформата за коиновации и вработување, продукт на Brainster, комплетно креиран од студентите и наменет за олеснување на процесот на вработување и иновирање помеѓу компаниите и студентите. Оваа платформа содржи богата дата база на студенти вклучително, нивните портофолија, интереси и искуства – отворена за користење од страна на сите заинтересирани компании кои имаат потреба од талентиран студент спремен за вработување.
„Hiring партнертвото со Brainster на компаниите не само што им овозможува дата база од квалитетни студенти, туку им нуди персонализиран пристап кој ги зема во предвид културата и потребите на компаниите“, објаснува Јана.
Според нивните барања, компаниите добиваат талент маркет на студенти чии вештини и интереси се соодветни на отворената позиција, култура и вредности кои одговараат на тие негувани во самата компанија и мотивација и иновација која ќе придонесе кон развивање на самата компанија.
Што велат компаниите за успешните соработки?
Brainster годинава го слави својот 7-ми роденден. Нашата листа на партнерски компании се зголемува постојано, а сега може да се пофалиме со 100+.
Интернационалната компанија DEPT, е само една од нашите hiring партнери со која со задоволство соработуваме.
„Ние сме интернационална дигитална агенција за креативност, технологија и data, која претставува one-stop-shop во полето на дигиталните услуги. Нашиот тим го сочинуваат повеќе од 2.000 колеги, распространети во над 15 држави во Европа и Америка. Нашата цел е да им помогнеме на многубројните клиенти во градењето на нивниот дигитален бизнис преку создавање на квалитетни дигитални решенија, услуги и кампањи. Нашата желба е да станеме најдобрата дигитална агенција во светот, но во согласност со мисијата: „Позитивно да влијаеме не само на нашите вработени и клиенти, туку и на општеството во целина’’, велат од DEPT.
Brainster co-innovation партнер е и – The Locals, најголемата BTL маркетинг агенција во Бугарија која работи со локални и интернационални брендови како што се: Coca Cola, Costa Cafe, Jägermeister и др.
Студентите од Академијата за програмирање и Академијата за Data Science неодамна работеа за клиент кој ни е добро познат на сите, а тоа е Jägermeister.
Јоцо Тодоровски, партнер во The Locals ни раскажа дека бил пријатно изненаден од неколку работи:
„Многу сериозно и одговорно беше примен проектот од сите што беа вклучени. Не очекував дека толкав број на луѓе ќе се вклучат, не очекував дека на финалната презентација ќе се презентираат 4-5 решенија наместо едно. Она што направиле менторите е да ги поделат луѓето и секој да работи на одделно решение. И не очекував дека дечките од Data Science, за да креираат решение што „држи вода“, ќе отидат и надвор од курикулумот што го имаат и да истражат, тестираат и употребат напредни техники. Како човек што живее во дигиталниот свет секој ден, немам трпение да видам што следно можеме да направиме заедно“, ни раскажа Јоцо.
Сите овие компании кои соработуваат со Brainster и веќе имаат искуство со вработување на студенти од академиите, природно својата доверба ја даваат и на идните студенти на Brainster Next College, првиот практичен акредитиран ИТ факултет кај нас, основан од Brainster.
Доколку сакате да станете Brainster партнер за вработување или коиновации пријавате се на платфрмата!