Во првиот блог од серијалот Академијата за Project & Product менаџмент одблизу“ можеше да дознаеш повеќе за можноста за флексибилно учење која ја нуди оваа програма.

Во оваа блог објава, ќе се запознаеш подобро со програмата и модулите на Академијата за Project & Product менаџмент.

Структурата на Академијата е направена со модули кои се изучуваат во определен број на недели. Од таа причина, Академијата има конкретни датуми на почеток и крај, за концентрацијата и мотивираноста на студентите да остане на високо ниво.

 

Во продолжение, прочитај повеќе што се изучува на Академијата за Project & Product менаџмент 

 

  • Модул: Основи на управување со проекти

Во овој модул, ќе ја запознаеш терминологијата која се користи во проектниот менаџмент, како и основите на менаџирање со проекти и ќе добиеш подлабоко разбирање за улогата и одговорностите на проект менаџерот при учеството и водењето на еден проект.

 

  • Модул: Циклус и фази на проектот и проектни методологии

Ќе ги дознаеш фазите на циклусот на еден проект, какви активности вклучува секоја фаза и зошто е важно да се комплетира секој пред да се премине на следната. Исто така, ќе видиш повеќе различни методологии и пристапи за менаџирање на проекти со фокус на агилен проектен менаџмент и посебно Scrum рамката.

 

  • Модул: Иницирање и планирање на проекти

Во овој модул, ќе ги дознаеш клучните улоги и одговорности на проектниот менаџер и проектниот тим. Исто така, ќе научиш како да одговориш на некои клучни прашања однапред кои ќе ти помогнат да ги исполниш целите на проектот, како што се: Што ќе постигне овој проект? Која е неговата цел? Зошто е важен овој проект? Кој ќе има корист од истиот?

 

  • Модул: Буџетирање на проекти и закажување на активности во текот на проектите

Добриот распоред и закажување на активностите во текот на проектот им помага на сите членови на проектниот тим да работат на синхронизиран начин со цел исполнување на целите на проектот. Реалистичното буџетирање на проектот со точна проценка на планираните трошоци е исто основен предуслов за успешен проект. Во овој модул, ќе научиш да планираш и да се држиш до предвидените временски ограничувања и ограничување на трошоците, со цел успешно реализирање на проектот.

 

  • Модул: Менаџирање со ризиците и промени во проектите

Овој модул ќе ти помогне ефикасно да менаџираш со ризиците на проектот преку идентификување, анализа и комуницирање на неизбежните промени во обемот и целите на проектот. Ќе научиш како да ги имплементираш неопходните елементи за успешно мерење и репортирање на текот на проектот, со посебен акцент на алокација на трошоците. Ќе се запознаеш и со најпознатите алатки за менаџирање со промените на проектите со чие имплементирање се доаѓа до најмало можно наручување на текот на проектите.

 

  • Модул: Имплементирање и затворање на проекти

Во овој модул, ќе научиш дека имплементирањето на проектите има многу предизвици и дека добар проектен менаџер мора да знае како да се прилагоди на промените што неизбежно ќе се случуваат за истите да не го загрозат твојот проектен план при агилниот начин на проектен менаџмент. Исто така, овој модул ќе ја опфати последната фаза на проектите, која се фокусира на успешно затворање на проектот во согласност со агилната методологија, користејќи конзистентни процеси што може да се реплицираат, како и документирање на научените лекции.

 

  • Модул: Вовед во продукт менаџмент

Во овој модул, ќе ги научиш основите на продукт менаџментот, како и зошто продукт менаџментот е различен од проектниот менаџмент. Ќе ти помогне да ги разбереш и клучните елементи за успешна навигација низ улогите и одговорностите на еден продукт менаџер, со цел успешно менаџирање на промените во соработка со внатрешните и надворешните соработници. Исто така, ќе ги опфати фазите на животниот циклус на продукт менаџментот.

 

  • Модул: Постигнување на Product-Market Fit

Овој модул, ќе ти помогне да научиш како вистински да го запознаеш твојот таргет клиент, неговите потреби и преференци, својот value proposition, сетот на карактеристики на сопствениот производ, како и корисничкото искуство на твоите клиенти, и потоа да го инкорпорираш ова знаење за да го усогласиш својот производ со потребите на пазарот за негово успешно позиционирање на истиот тој пазар.

 

  • Модул: Agile & Design Thinking методологии

Agile & Design Thinking нудат ефективен пристап за развој на производи, и тоа таков пристап што нуди соодветни решенија за значајни проблеми. Во овој модул, ќе научиш како да одредиш што е значајно за корисникот уште на почетокот на процесот, притоа фокусирајќи го твојот тим на креирање наративи во однос на корисникот кои можат да се тестираат, како и создавање силна заедничка перспектива.

 

  • Модул: Развој базиран на хипотези

За да постигнеш агилни резултати, треба да направиш повеќе имплементирање на агилни процеси – мора да се фокусираш на она што е важно за твојот корисник, притоа постојано тестирајќи ги вашите идеи и претпоставки околу тоа што мислиш дека е важно за корисникот. Во овој модул, ќе научиш и како да ги идентификуваш вистинските прашања во вистинско време и истите да ги споиш со правилната методологија со цел да се имплементира онолку тестирање колку ќе биде доволно за да бидеш сигурен дека ќе го минимизира отпадот при процесот на развој на производот, а максимизира резултатите за твојот корисник.

 

  • Модул: Лансирање и мерење на производот

Во овој модул, ќе научиш како да го лансираш твојот производ, што е важно во текот на оваа завршна фаза од продукт менаџментот, како и како да воспоставиш соодветна аналитика и метрики за да можеш да го процениш успехот на твојот производ.

 

  • Модул: Кариерна подготовка со HR професионалци

Овој последен модул, ќе ти помогне да ја започнеш својата кариера како Project & Product професионалец со последниот чекор во сложувалката, односно градење на портфолио и подготвување за интервју за работа.

 

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!