Запознајте ја Ана Арсовска – алумни студент на Академијата за Software Testing која започна да ја гради својата кариера како Manual Software Tester во компанијата Sorsix веднаш по нејзиното комплетирање на програмата.
Си поразговаравме со Ана за нејзиното искуство на Академијата за Software Testing и работната позиција
Здраво Ана, ние од Академијата за Software Testing те познаваме, но што би споделила за останатите?
Здраво, јас сум Ана Арсовска од Скопје и имам 29 години. Работам како Software Tester во компанијата Sorsix и последните 9 месеци сум целосно сконцентрирана кон мојата нова работна позиција. Слободното време го поминувам со моето семејство и секако читањето книга ми е неизбежен момент.
Пред сѐ, честитки за новото работно место. Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?
Ви благодарам. Секако без вас немаше да бидам на работата каде што сум денес. Уште пред неколку години, добив идеја да се запишам на Академија за Software Testing и кога за жал, почна пандемијата и нѐ затворија дома, си реков дека сега е шансата да ја почнам мојата кариера како Software Tester. Brainster има прекрасни ментори кои навистина се трудат да објаснат детално сѐ што учиме и секако целата програма што ни се пренесе за тие 6 месеци, ни даде супер основа за да продолжиме во вистински правец. Тоа што има толку многу запишани студенти самото по себе си кажува дека имате многу задоволни ученици.
Беше дел од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е преку работа на реални проекти. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?
Теоретскиот дел што го учевме беше многу добра основа за да можеме на крај да тестираме реален проект. Искрено тоа беше најдобриот и најинтересниот дел! Реалниот проект ми помогна многу за да имам целосна самодоверба да аплицирам на работата каде што сум моментално. Кога веќе сме виделе што значи да тестираме реален проект, понатаму е полесно.
Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијатa Sorsix. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.
Работам во компанијата Sorsix којашто развива свој продукт за здравство. Соработуваме со Австралија, Нов Зеланд, Америка, Република Македонија и сѐ уште се шириме на пазарот низ целиот цвет. Имаме одлична соработка со вработените, се нудат многу можности за напредок, и секако услови што сметам дека треба да ги има секоја компанија во државава.
Која е твојата работна позиција и како изгледа еден твој работен ден?
Во моментов работам како Manuel Tester. Тестираме во текот на целиот ден и секако ние тестерите постоиме за да ги нервираме „по малце” девелоперите. Според мене, ние, тестерите сме еден вид мост меѓу девелоперите и клиентите, и затоа имаме многу важна улога за секој еден продукт. Работам со супер тим и освен работа имаме и забавни моменти каде за момент си дозволуваме да се опуштиме.
Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?
Мојата обврска е да истестирам сѐ што е поврзано со одредена задача и ако е сѐ добро, да го процесираме понатаму. Тасковите ни се даваат во AzzureDevOps, каде има доста работи што може да ги користиме. Таму ги пишуваме и Test Cases, како и Test Plans. Користиме SQL база на податоци од каде црпиме податоци за апликацијата.
И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувал сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат софтверско тестирање?
Ви благодарам. Дефинитивно во последно време сѐ повеќе луѓе одлучуваат да ја сменат својата кариера и да влезат во ИТ светот. И тоа е добро, затоа што гледаме дека светот сѐ повеќе се движи кон дигитализација и ќе бидат потребни многу луѓе инволвирани во таа промена. Исто така, да бидеш тестер значи дека можеш да работиш од било каде, а тоа е голема придобивка во денешно време.
И дечки за крај, не размислувајте дали ќе успеете. Размислувајте како да бидете подобри во тоа што го работите. Со среќа на сите кои завршиле со Академијата, моментално ја посетуваат или размислуваат да почнат во скоро време!
Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!