Главната мисија на Brainster е да ги подготви индивидуалците за кариера од 21 век преку совладување на дигитални и други вештини на иднината, со цел тие да останат релевантни во новиот технолошки свет.

Секој вработен во Brainster e целосно посветен на оваа мисија и прави сѐ за на студентите да им помогне да дојдат до просперитетна кариера преку едукација.

Во оваа блог објава од серијалот We are Brainster, ќе го запознаете Влатко Тучев – Data Analyst во тимот на Brainster.

Неговата авантура во Brainster започна пред 2 години како студент на Академијата за Data Science. Тој е упорна, амбициозна и внимателна личност. Ни сподели дека постојано сака да учи нови работи бидејќи тоа го исполнува како личност, како и фактот дека флексибилноста е многу поголема кога имаш повеќе знаење и ти останува само креативноста за да дојдеш до нова иновација. 

 

Дознајте што тој имаше да ни сподели околу тоа како му поминува работниот ден, што го прави исполнет и што го мотивира, но и како Brainster му помага да се оствари на сите полиња.

 

 

Здраво Влатко можеш ли да ни споделиш повеќе детали за твојата работна позиција, по што е истата специфична?

Моето Brainster патување започна како студент на Академијата за Data Science, потоа како технички асистент, па координатор на Академијата за Data Science. Сега веќе работам како Data Analyst и во делот за Continuous Improvement каде што главно се занимавам со автоматизирање и подобрување на процесите и изградба на Power BI репорти, за да може тимот полесно да донесува одлуки базирани на податоците кои ги собираме од различни извори. Секојдневно се соочувам со предизвици за кои е потребно константно учење и истражување за да се дојде до решение. На крај од денот, си легнувам среќен кога знам дека директно сум помогнал во олеснувањето и подобрувањето на ефективноста и ефикасноста на тимот

 

Како изгледа еден типичен ден во животот на Data Analyst ?

Па, денот го почнувам прво со кафе и предизвик. Утринските часови ми се секогаш со најголем фокус и обично гледам најтешките таскови да ги завршам тогаш. Најголемиот дел од времето ми поминува, моментално, во пишување на Python кодови за автоматизација и правење на Power BI репорти за анализа. Освен програмирањето, имам и секојдневна комуникација со студенти и инструктори со цел да им помогнам во нивното работење и учење, но и со мојот тим на прекрасни колеги со цел заедно да ги надминеме предизвиците и да останеме лидери на пазарот. 

 

 

Што правиш во слободно време, дали имаш некое хоби и кои се твоите интереси? 

Вообичаено слободното време го исполнувам со читање на новости од IT сферата, изучување на нови вештини и алатки за Machine Learning и Python, читање на стручни книги, вежбање, свирење на гитара, играње шах и нормално, време со своите најблиски. Гледам што почесто да патувам и да посетувам нови места бидејќи со тоа се збогатува и нашето искуство.

 

Од твоја перспектива, колку придобивките кои ги нуди Brainster ти помагаат во балансирање на приватниот и професионалниот живот?

И кога сум слободен, работам. 🙂 Се шегувам, иако сум workaholic, гледам да си направам баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот. Најмногу што ми се допаѓа во Brainster е флексибилноста. Можноста да работам од дома си има свои бенефити и недостатоци, но, ми се допаѓа тоа што можам да работам од Гевгелија каде што моментално и живеам, и да нема никакви пречки во работата. Исто така, имаме можност за неограничени слободни денови и одлично е тоа што можам да си земам колку сакам кога ќе ми притребаат за патување, нормално со навремено завршување или делигирање на обврските за непречен тек на работата.

 

 

За крај, што би ни кажал за Brainster како компанија и начинот на кој ти дава поддршка?

Brainster ми понуди секаква можност за надградба на личен и професионален план, но и околина во која се чувствувам добредојден, секогаш позитивен, мотивирен и со поддршка од сите колеги. Многу ретко да се дојде до ваков тим на луѓе кои константно се грижат за успехот на студентите, за своите колеги и кои несебично го споделуваат своето знаење и пасија. 

 

Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.

Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.



НОВО | Академија за DATA ANALYTICS и Академија за SALES 👉 👉