За организациски успех е потребна позитивна работна средина

Главната мисија на Brainster е да ги подготви индивидуалците за кариера од 21 век преку совладување на дигитални и други вештини на иднината, со цел тие да останат релевантни во новиот технолошки свет.

Секој вработен во Brainster e целосно посветен на оваа мисија и прави сѐ за на студентите да им помогне да дојдат до просперитетна кариера преку едукација.

Во оваа блог објава од серијалот We are Brainster, ќе ја запознаете Татјана Јанева – менаџер на секторот за човечки ресурси во Brainster.

Како долгогодишен професионалец во областа на човечките ресури, ужива во работата со луѓе и можноста да помогне на секој вработен да го оствари својот потенцијал. Вели дека некои од бенефитите да се работи во овој сектор е познавањето на скоро секој вработен, можноста да се изгради пријателска врска, интеракцијата со новите луѓе, но и да се влијае на постојаните промени за подобрување на сите аспекти во текот на работењето, како и можноста да се креира позитивна работна средина за сите вработени.

 

Дознајте што таа имаше да ни сподели околу тоа како ѝ поминува работниот ден, што ја прави исполнета и што ја мотивира, но и како Brainster ѝ помага да се оствари на сите полиња.

 

 

Здраво Татјана, можеш ли да ни споделиш повеќе детали за твојата работна позиција, по што е истата специфична?

Мојата одговорност е насочена кон сите аспекти на човечките ресурси. Почнувајќи од целиот циклус за регрутација на нови вработени, градење на ефективни тренинг планови, имплементација на иницијативи и најдобри практики во областа на човечките ресурси, подобрување на мотивацијата на вработените, како и подобрување на организацискиот бренд преку разни иницијативи и со блиска соработка со другите тимови во организацијата.

Ние, професионалците, за човечки ресурси имаме уникатна перспектива во бизнисот во кој работиме поради природата на нашата работа. Не само што имаме добри познавања за приоритетите и предизвиците на организацијата, туку имаме и можност да влијаеме на иднината со одлуките кои ги носиме за целиот работен период на вработените. Успехот на вработените го прават успехот на организацијата.

 

Како изгледа еден типичен ден во животот на менаџер за човечки ресурси?

Секој ден носи ново изненадување во светот на човечките ресурси. Еден ден не е ист со претходниот. Мојата мотивација за работа е токму неизвесноста што ја носи денот, како и предизвиците со кои би се сретнала за тој ден.

Во моментов, поради зголемениот обем на работа и проширување на тимот, сум повеќе посветена на селекција и интервјуа за нови членови на фамилијата Brainster. Сето тоа повлекува многу разни активности во текот на денот, како што се: креирање на огласи за вработување, процес на регрутација, секојдневна комуникација со нови кандидати итн. 

Секојдневно сум во комуникација со вработените, разните тимови со кои соработувам со цел споделување на идеи и иницијативи за подобрување на процесите, како и решавање на проблеми кои се јавуваат во текот на работењето. Накратко кажано, мојата улога е креирање на одлична работна средина каде вработените имаат место за професионален раст и развој, во исто време нудејќи можност за кариерен напредок.

 

 

Сподели ни некој интересен факт за тебе!

По природа сум креативец. Сакам рачна изработка во која се вложува труд, посебно многу љубов, како и учење на нови техники на изработка. Сакам дружење, запознавање на нови луѓе, а воедно сум и голем љубител на патувања. Сум стапнала во многу земји, скоро во сите континенти, но најголем фан сум на азиските земји каде со многу радост ја планирам секоја нова посета.

 

Од твоја перспектива, колку придобивките кои ги нуди Brainster ти помагаат во балансирање на приватниот и професионалниот живот?

Многу. Флексибилноста како и хибридното работење придонесуваат без стрес да можам да завршам и други обврски во текот на неделата, како и да посветам квалитетно време на фамилијата и пријателите.

 
За крај, што би ни кажала за Brainster како компанија и начинот на кој ти дава поддршка?

Brainster е компанија која нуди неограничени можности за професионален развој, позитивна работна средина, тимски дух, колеги кои се полни со енергија и кои несебично делат знаења и искуства. Ми значи несебичната поддршка во сите сфери, било тоа професионално или приватно, како и колегијалноста, разговорите и идеите кои ги споделуваме меѓусебно. 

 

Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.

Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.




Trending Stories That Might Interest You