На Академијата за Project & Product менаџмент студентите учат по комбиниран/хибриден модел, со цел да се добијат најдобрите резултати. Концептот на хибридно учење претставува флексибилен едукативен модел во кој студентите поминуваат дел од материјалот преку самостојно учење, а останатиот дел на live сесија со инструкторот и групата.
Структурата на Академијата е направена со модули кои се изучуваат во определен број на недели. Од таа причина, Академијата има конкретни датуми на почеток и крај, за концентрацијата и мотивираноста на студентите да остане на високо ниво.
Досега ваквиот концепт покажал одлични резултати. Често како фидбек од искуството на нашите студенти и инструктори, дознаваме дека ваквиот модел носи со себе многу придобивки. Покрај флексибилноста, тука во голема мера следи и слободата, но и организирацијата. Односно, студентите во текот на неделата можат да си ги завршуваат работните и приватните обврски, но и паралелно да присуствуваат на предавањата на Академијата.
„Академијата дава богата теорија, но она што е уште поважно е дека преку неа се стекнува исклучителна пракса, пред сé, поради работата на големиот број на задачи и case studies. Проектите се насекаде околу нас, а ја препорачувам на секој што сака да навлезе во тајните како успешно треба се управува со проектите и така да ги прошири своите знаења во оваа област.“ – Владимир Костовски, студент на нашата Академија за Project & Product менаџмент
Самиот модел на флексибилно учење се состои од видео лекции и текстуални лекции кои студентите ги добиваат на почетокот на неделата и сами си го организираат времето за нивното учење. Односно, ги прегледуваат видео лекциите и текстуалните лекции во време кога нив најдобро им одговара.
На крајот од неделата, материјалот се заклучува со live online сесија со инструкторот и целата група, каде фокусот останува на работа директно со самите студенти на порелевантни задачи, вежби и во големи мери длабоки дискусии за одредена целина.
Искуството на студентите на ваков вид учење на Академијата посебно се збогатува со постојаната соработка што ја имаат меѓусебно во групите. Самиот концепт налага во текот на неделата да има истражување, а некогаш и работа на групни задачи, па и чести peer2peer сесии.
Сесиите се прилика студентите да добијат соодветен фидбек, да разберат кои се нивните силни страни, но и да добијат насоки каде и како би требало да се подобруваат. Тука на одредена тема целата група би го повторувала материјалот, би решавала задачи, со цел да дојдат супер подготвени на live сесијата во петок. Покрај тоа што студентите сами учат, делот на соработка и интеракција со инструкторот и колегите од групата воопшто не е изоставен, напротив е составен дел од хибридното искуство.
Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!