Главната мисија на Brainster е да ги подготви индивидуалците за кариера од 21 век преку совладување на дигитални и други вештини на иднината, со цел тие да останат релевантни во новиот технолошки свет.
Секој вработен во Brainster e целосно посветен на оваа мисија и прави сѐ за на студентите да им помогне да дојдат до просперитетна кариера преку едукација.
Во оваа блог објава од серијалот We are Brainster, ќе го запознаете Стефан Палитов – Video Production Manager во Brainster.
Како личност која целиот свој живот создава во интердисциплинарни води, дел од својата кариера ја поминува низ Европа и Азија. Функционирајќи во пресекот помеѓу филмските продукции, Extended Reality технологиите, академското истражување и културните проекти, секогаш е привлекуван од интересни и иновативни проекти. Смета дека Brainster е место каде може да аплицира добар дел од своите знаења во мотивирана атмосфера и опкружен со забавни луѓе кои добро си ја знаат работата.
Дознајте што тој имаше да ни сподели околу тоа како му поминува работниот ден, што го прави исполнет и што го мотивира, но и како Brainster му помага да се оствари на сите полиња.
Здраво Стефан, можеш ли да ни споделиш повеќе детали за твојата работна позиција, по што е истата специфична?
Аудиовизуелните медиуми исполнуваат многу важна улога во современото образование. Воедно, секоја успешна компанија мора да биде во постојан контакт со својата публика преку квалитетни видео содржини. Тука се разликуваат лидерите на пазарот од конкуренцијата – in-house видео продукција.
Мојата улога како Video Production Manager е да ја воспоставам и водам видео продукцијата на Brainster. Нашето Brainster Studio и тимот кој го градиме постојано работи на повеќе интерни проекти. Генерално, менаџирањето со секоја видео продукција е комплексна и динамична работа бидејќи има многу варијабли – наративни, естетски, техничи и пред сѐ, човечки. Најважно е да се разбира големата слика, што е она кое навистина креира вредност за нашите студенти и како да се постигне квалитетот според кој сме препознатливи.
Нешто специфично за Brainster Studio е дека покрај потребите во маркетинг тимот, голем дел од нашата работа е креирање на образовни видео содржини. Тоа подразбира дека треба да го познавам и образовниот и продукцискиот процес бидејќи овие содржини мора да бидат внимателно сработени, па затоа бараат една поспецифична подготовка и следење. Ова ми овозможува да аплицирам широк спектар на вештини и како човек кој својот живот го поминува во интердисциплинарни полиња и проекти тоа многу ми се допаѓа.
Како изгледа еден типичен ден во животот на Video Production Manager?
Ова е професија која нема еден ист ден. Зависно од фазата во која се наоѓа конкретниот проект, задачите кои си ги поставувам драстично варираат. Можеби денес ќе биде ден за развој на copy или режисерска експликација. Можеби ќе се работи на организација, делигирање задачи. Можеби се снима, можеби се монтира. Некогаш се работи на архивирање, техничко одржување, развивање нови решенија. Најчесто, повеќе елементи се присутни на дневна основа.
Редовно има потреба да направам zoom-in и zoom-out на она што го правиме. Имаме од проекти кои се завршуваат во неколку дена, до таков кој трае постојано. Затоа и на дневна основа морам да ги водам овие процеси на начин каде што го одржуваме темпото на маратонот, но планираме кога ќе треба да имаме спринтови. Сето ова е предизвик, но добриот студио тим и талентите кои ги имаме во другите оддели прават да работиме ефикасно.
Пет години по ред менуваше држави и места на живеење во просек на неколку месеци. После сите тие искуства, како се адаптираше на Brainster?
Поминав еден неверојатен и непроценлив личен и професионален развој низ светот. Кога ќе се навикнеш на толку динамичен начин на работење и живеење низ светски институции и на интернационални проекти, филозофијата на работната средина ти станува многу важна. Изборот ти станува поголем, но истовремено одлуката за тоа каде сакаш да го посветиш своето време и експертиза ти станува поважна. Моите очекувања се условите на работа да бидат професионални, флексибилни, компетитивни, а сепак ведри и непосредни; да се носат информирани одлуки и да се верува во експертизата на секој член од тимот. Сето ова е и филозофија на работењето на Brainster, па адаптирањето се случи многу брзо и природно.
Од твоја перспектива, колку придобивките кои ги нуди Brainster ти помагаат во балансирање на приватниот и професионалниот живот?
Видео продукција на моменти е доста интензивна работа и бара добра визија за тоа „зошто“ и „како“ се одвиваат процесите кои ги водиме. Затоа е многу важно да се работи по сопствено темпо. Тука, компанијата навистина има доверба во луѓето кои ги поставуваат проектите, ги делигираат задачите, и воопшто во секој член на тимот.
Таа доверба – дека знаеме како да ја структурираме нашата работа, е критична за долгорочен успех на агилна и динамична in-house видео продукција. Дополнително, нашата политика на „работи од каде сакаш“, создава многу зрела работна атмосфера. Се договораме за нашите KPIs, а останува на нашата професионалност и искуство да го изведеме тоа на најдобар начин. Тоа нѐ прави ефикасни во работата, а со тоа имаме и поголема флексибилност надвор од неа.
За крај, што би ни кажал за Brainster како компанија и начинот на кој ти дава поддршка?
Brainster е добар пример за една модерна компанија. Тоа се гледа во начинот на кој се носат информирани одлуки, начинот на кој се гради работната средина и односот кон луѓето кои се дел од тимот.
Brainster е компанија со љубопитни луѓе. Сите ние сакаме да се надградуваме и структурата на компанијата ни го овозможува тоа. Дури се бара од нас да создадеме простор во работната недела кој ќе го посветиме на учење. Без разлика дали станува збор за интерни обуки, нови алатки и подобрување на процесите, или пак простор да се развиваме во нашите интереси и да работиме на страничните проекти од каде што и црпиме дополнителна креативност.
Успешноста на компанијата во еден дел лежи и токму во тоа, што избира и развива луѓе кои знаат дека учењето е процес кој никогаш не завршува. Најголемата поддршка е создавањето на услови за сето тоа и развивање на тим од луѓе со кои е задоволство да комуницираш секој ден.
Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.
Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.