Full-Stack програмирањето нуди многу кариерни можности

Запознајте го Никола Домазетовиќ – алумни студент на Академијата за Full-Stack програмирање, а воедно и личност која сака предизвици и ужива во пронаоѓањето на решенија.
По завршување на Академијата, Никола се вработи во компанијата Bridge Technology на позиција Software Developer.
Си поразговаравме со Никола за неговото кариерно патување
Здраво Никола! Пред сѐ, честитки за новото работно место! Ние на Академијата те познаваме, но што би споделил за останатите? Кој е Никола?
Јас сум Никола Домазетовиќ, студент на Академијата за Full-Stack програмирање и студент на компјутерски науки, со претходно двегодишно искуство во областа на компјутерското инженерство во Русија. За себе, би кажал дека сум личност која сака предизвици и ужива во пронаоѓањето на добри решенија.
Зошто баш Full-Stack програмирање? На што се должеше твојата одлука да ја одбереш оваа професија?
Full-Stack програмирањето ни нуди огромни можности, пред сѐ, во изнаоѓање на добри и правилни решенија, како и добра можност да изградиме сопствен продукт или апликација.
Сподели ни нешто повеќе за твоето искуство како студент на Академијата за Full-Stack програмирање. Дали ги исполни твоите очекувања и ти помогна да ја направиш посакуваната кариерна трансформација?
Академијата во целост ги исполни моите очекувања и ми даде мотив и поттик да продолжам да се развивам. Најмногу од сѐ ми помогнаа: работата на реалните проекти, хакатоните, како и решавањето на дадените предизвици.
Кој модул ти беше најинтересен и зошто? Исто така, кој беше најголемиот предизвик со којшто се имаше соочено и како успеа да го надминеш?
Омилени модули на Академијата ми беа PHP и Laravel. Преку модулот PHP успеав да ги надградам моите вештини, пред сѐ во областа на објектно-ориентираното програмирање. Најголемиот предизвик, но и најинтересниот дел ми беа дизајн патерните, кои се еден од клучните фактори за оптимизација на код.
Твојата кариера како Software Developer ја започна во компанијата Bridge Technology. Каков беше процесот за да стигнеш до овде?
Процесот започна со интервју, во коешто ми беше презентиран начинот на работа на самата компанија, а воедно и разгледување на моите проекти. Потоа, преку процес на internship, кој траеше еден месец, каде што имав можност да работам веќе на постоечки проект. После неколку недели бев известен дека сум примен на работа.
Раскажи ни повеќе за твоето ново работно место, која е областа на работа на оваа компанија?
Областа на работа на компанијата е во делот на outsourcing, но и во креирање на сопствени продукти. Еден од поголемите проекти на кои се работи е за компанијата Safer Mobility.
Како изгледа еден твој работен ден? Можеш ли да ни откриеш на што работиш и кои технологии ги користиш?
Еден мој работен ден, започнува со проверување на тасковите, договарање „што“ и „како“ треба да се изработи. Технологиите кои ги користам се: PHP, Laravel и PostgreSQL.
Кој е твојот совет за сите оние коишто сакаат да ја направат својата кариерна трансформација во оваа професија?
Да не се двоумат доколку сакаат да направат промена во својата кариера. Процесот можеби е долг, но постојаното вежбање, размислувањето за решавање на проблемите – секогаш помагаат. Програмирањето е предизвикувачко, но вложениот труд и напор на крајот се исплати.
И за крај, кои се твоите планови за во иднина?
Надградување на моите знаења во областа на WEB технологиите и изучување на нови технологии. И секако надградување од Junior во Senior Developer.
Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission тим за повеќе насоки и детали за програмата!